На 5 и 6 април оваа година, претставници на Државната изборна комисија учествуваа на дводневна Конференција за интегритет на изборите во новата информатичка средина.

Настанот беше во организација на Меѓународната фондација за изборни системи (IFES), во партнерство со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во рамките на проектот „Северна Македонија – активност за поддршка на изборите“ поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID).

Конференцијата имаше за цел да се презентираат и анализираат меѓународни практики во областа на политичкото рекламирање, онлајн медиумите, социјалните и традиционалните медиуми, дезинформациите и улогата на регулаторните тела. Во текот на првиот ден од конференцијата се одржа и презентација на наодите од истражувањето и анализата на медиумите и изборите. Говорници на панел дискусиите беа реномирани меѓународни и домашни експерти. Во текот на вториот ден тема на дискусија беше начинот на финансирање на изборните кампањи на политичките партии и нивна контрола.

Конференцијата овозможи размена на мислење и искуства со членови на високи тела и стручни организации, како Европскиот парламент, Европската платформа на регулаторни тела (EPRA), Европската регулаторна група за аудиовизуелни медиумски услуги (ERGA), Комитетот на експерти на Советот на Европа за медиумска средина и реформи, AGCOM – Италијанско регулаторно тело за комуникации, Авторитетот на аудиовизуелни медиуми на Албанија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државна комисија за спречување на корупција, политички партии и други.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Делегација од Државната изборна комисија (ДИК), предводена од претседателот Александар Даштевски, составена од членовите Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Оливер Ристовски, на покана на Републичката изборна комисија на Република Србија (РИК) беше во службена посета на Белград за набљудување на претседателските, парламентарните и локалните избори, кои се одржаа на 3 април.

Делегацијата на ДИК оствари средба со претседателот на РИК, Владимир Димитријевиќ, со цел размена на искуства за изборното законодавство, изборниот процес и работата на изборните органи и други институции при спроведувањето на изборите.

ДИК беше непосредно присутна и на повеќе избирачки места во Белград за време на гласањето и оствари контакти со претставниците на избирачките одбори.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Државната изборна комисија ги известува овластените претставници на политичките партии кои ќе учествуваат на Изборите за градоначалник на Општина Центар Жупа кои ќе се одржат на 17 април 2022 година, дека ждрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати ќе се одржи на 24.03.2022 година со почеток во 12 часот, во седиштето на Државната изборна комисија, голема сала, 4 кат.

Воедно ги покануваме овластените претставници на политичките партии кои ќе учествуваат на Изборите за градоначалник на Општина Центар Жупа, 2022 година да земат учество во ждребувањето, односно утврдувањето на редните броеви во единствената листа на кандидати.

Овластените претставници на политичките партии треба да понесат овластување од подносителот на листата.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Согласно член 78-а став 5 и 6 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“, број 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17,125/17,35/18, 99/18,140/18, 208/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“, број 98/19, 42/20, 74/21 и 215/21), Државната изборна комисија спроведува ждрепка со која ќе ги распореди локациите на рекламните паноа и билборди кои се нудат за политичко рекламирање од страна на правните лица кои стопанисуваат со истите, а во врска со Изборите за градоначалник на Општина Центар Жупа, 2022 година.

Се повикуваат претставниците на правните лица да достават понуди за рекламни паноа и билборди со локации и ценовници до Државната изборна комисија за Изборите за градоначалник на Општина Центар Жупа, 2022 година, согласно Упатството за распределба на рекламни паноа и билборди по пат на ждрепка со број 10-691/1 од 03.03.2020 година, објавено на веб страната на Државната изборна комисија, најдоцна до четврток, 24.03.2022 година, до 10:00 часот

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Како дел од програмата на УСАИД за поддршка на изборите во земјата, од страна на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) беше одржана Работилница за меѓуагенциска соработка за сајбер-безбедност во Северна Македонија.

Работилницата има за цел да придонесе зајакнување на меѓуинституционалната соработка во областа на сајбер безбедноста во Северна Македонија, како и информирање и дискутирање за глобалните трендови и искуства.

На одржаната работилница учествуваа претставници на Државната изборна комисија.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

На 10 март 2022 година, претставници на Државната изборна комисија во просториите на Владата на Република Северна Македонија остварија средба со Министерот за правда Никола Тупанчески, на која беше потпишан договор за размена на податоци со државните органи и институции.

Државната изборна комисија го поддржува поврзувањето на државните институции преку ИКТ алатки за олеснување на процесот и зголемување на ефикасноста и ефективноста и пристап до информациите. За таа цел договорните страни се договорија да учествуваат во потпишувањето на договорот за меѓусебно поврзување и размена на податоци помеѓу правосудните институции, државните органи и институции преку Националната платформа за интероперабилност.

Остварената соработка меѓу институциите ќе придонесе кон олеснување на изборниот процес со побрзо добивање на податоци од страна на Министерството за внатрешни работи за гласачите, а со цел ажурирање на Избирачкиот список, како и добивање податоци од страна на судовите во однос на деловната способност на граѓаните.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Јавен повик за проверка на податоците во Избирачкиот список за избор на Градоначалник на општина Маврово и Ростуше и општина Центар Жупа, 17 април 2022 година

Државната изборна комисија ги известува радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали), кои ќе обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања за Избори за градоначалник на општина Маврово и Ростуше и градоначалник на општина Центар Жупа во 2022 година, дека се должни да се регистрираат во Државната изборна комисија, во рок од 3 дена од денот на распишување на изборите.

Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) доставуваат „Барање за упис во регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали)“ до Државната изборна комисија, задолжително со прилог тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија, не постара од 30 дена.

Барањата за упис со прилог тековна состојба се поднесуваат електронски на следната електронска адреса: [email protected] или во архивата на ДИК на бул.„Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје (најдоцна до 24:00 часот на 07 февруари 2022 година).

Врз основа на поднесените барања за упис, Државната изборна комисија ќе изготви „Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали)“ кои ќе даваат услуги на платено политичко рекламирање за време на Изборите за градоначалник на општина Маврово и Ростуше и градоначалник на општина Центар Жупа во 2022 година. Регистарот со уредно поднесени и прифатени барања за упис во регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) ќе биде јавно објавен на интернет страната на Комисијата.

Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) се должни во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес (најдоцна на 9 февруари, 24:00 часот).

Радиодифузерите и печатените медиуми согласно усвоеното Упатство за начинот и постапката за потврдување на просечно постигнатата цена за платено политичко рекламирање бр.11-281/1 од 04.02.2022 година од страна на Државната изборна комисија се должни ценовниците за секој медиум одделно за платено политичко рекламирање да ги применуваат и за време на изборната кампања и притоа просечната цена (аритметичка средина) по секунда за едно деноноќие добиена според различните ценовно-рекламни временски периоди и тоа: Период 1 – од 00:00 до 08:00 часот, Период 2 – од 08:00 до 16:00 часот и Период 3 – од 16:00 до 24:00 часот кај радиодифузерите за платено политичко рекламирање, како и цената за закуп на рекламен простор во печатениот медиум да не ја надминува вкупната просечна цена на рекламирање на секој радиодифузер одделно пресметана во последните пет изминати изборни циклуси одржани на ниво на цела територија на државата, а за електронските медиуми (интернет порталите) цената за закуп на рекламен простор на интернет порталот за платено политичко рекламирање да не ја надминува просечната цена за рекламирање пресметана, за последните пет изминати изборни циклуси.

За Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) кои не учествувале на сите изминати 5 изборни циклуси цената за платено политичко рекламирање не може да ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклуси.

Државната изборна комисија е должна да ги потврди и објави на нејзината веб страна доставените ценовници со просечно пресметаните цени утврдено од радиодифузерите и печатените медиуми, како и да ги објави ценовниците со цените утврдени од електронските медиуми (интернет порталите), согласно член 75-ѓ став (3) и (9) од ИЗ, во рок од 10 дена од истекот на рокот за доставување на ценовниците утврдени во ставот (3) на овој член.

Доколку Државната изборна комисија утврди неправилности во ценовниците од радиодифузерите и печатените медиуми го известува соодветниот медиум да изврши корекција на ценовникот во рок од 72 часа од приемот на известувањето.

Архивата на Државната изборна комисија ќе работи на прием на барања за упис во регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) на ден 06.02.2022 година (недела), од 10:00 до 18:00 часот.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Известување за регистрација и доставување на ценовници на медиумите за платено политичко рекламирање

Skip to content