Почитувани претставници на медиумите,

Државната изборна комисија на ден 6 април 2016 година, со почеток во 10:00 часот, ќе одржи јавна седница во која ќе се расправа по следниот дневен ред :

1. Разгледување на Извештајот за прогресот од вкрстените, теренските и административните проверки заради ажурирање на Избирачкиот список врз основа на Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список (заклучно со 05.04.2016); и

2. Разно.​

Ве покануваме да присуствувате во истата.

Државната изборна комисија информира дека теренските проверки на Избирачкиот список се спроведуваат во согласност со определената динамика. Над 550 анкетари во сите 80 општини на територијата на Република Македонија, почнувајќи од 28 март непрекинато работат во периодот од 8:30 до 19:00 часот. Теренските проверки во сите подрачни одделенија на Државната изборна комисија се во завршна фаза.

Државната изборна комисија во моментов е фокусирана на внес и обработка на податоците од анкетните прашалници во единствената електронска апликација. Се прават напори сите податоци да бидат на време внесени и соодветно обработени.

Државната изборна комисија истакнува дека информациите кои се појавија во определени медиуми, а кои се однесуваат на наводно намерно кочење на процесот на теренски проверки, се невистинити. Сите членови на Државната изборна комисија и нејзината Стручна служба се целосно посветени теренските проверки навремено да бидат завршени.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Кодекс за набљудување на теренските проверки на избирачкиот список 2016 година

Државната изборна комисија известува дека засилено се одвиваат подготовките за отпочнување на теренските проверки. Завршено е печатењето на материјалите неопходни за спроведување на проверките, а во тек е процесот на нивно дистрибуирање до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.

Во исто време се одвива и едукацијата на ангажираните анкетари, која ја спроведуваат контролорите, односно вработените во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

Веднаш по завршувањето на овие два процеса кои паралелно се одвиваат, ќе стартуваат и теренските проверки.

Во однос на информациите кои се појавија во дел од медиумите, а се однесуваат на ЦД-а со податоци од вкрстените проверки, Државната изборна комисија известува дека на барање на членови на Комисијата, а единствено во рамките на правото за добивање на тие податоци и вршењето на нивните надлежности како членови на ДИК, истите им се издадени.

Државната изборна комисија на првата наредна седница ќе расправа за можноста сите неконзистентни записи да се објават на интернет страницата на ДИК, заради транспарентност на процесот.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Анекс на Извештајот од проверките и статистичките анализи, вкрстените проверки на различни бази на податоци и евиденции заради ажурирање на Избирачкиот список врз основа на Правилникот за методологија за водење и ажурирање на избирачкиот список.

Извештај од проверките и статистичките анализи, вкрстените проверки на различни бази на податоци и евиденции заради ажурирање на Избирачкиот список врз основа на Правилникот за методологија за водење и ажурирање на избирачкиот список

Државната изборна комисија известува дека од 13 март 2016 година – недела во 24:00 часот, опцијата за пријавување на неконзистентни записи во Избирачкиот список на веб страницата на Државната изборна комисија ќе биде затворена. Ова од причина што за пристигнатите пријави е потребно време Државната изборна комисија соодветно да ги обработи, да ги спореди со податоците од вкрстените проверки и да утврди кои од пријавените случаи треба да бидат предмет на теренска проверка. Read more

http://www.sec.mk/files/javen-povik-za-izbor-na-IT-kompanii.pdf

Државната изборна комисија денес оствари средба со амбасадорот на САД во Република Македонија Џеф Бејли и шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија Аиво Орав.

Амбасадорите Бејли и Орав ја нагласија поддршката кон работата на Државната изборна комисија во нејзините заложби за организирање и спроведување на фер и демократски избори.

Во текот на двочасовната средба двајцата амбасадори се интересираа за повеќе прашања кои се од доменот на надлежностите на ДИК. Меѓу нив, клучно место заземаа кадровската екипираност, финансирањето на активностите на ДИК, оперативните планови за спроведувањето на активности пред и по распишување на изборите, напредокот во процесот на имплементација на двата Правилника за методологии за водење и ажурирање, како и вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список.

sredba-orav-bejli

Државната изборна комисија истакна дека, што се однесува до овој процес, сите 10 бази на податоци добиени од соодветните институции се веќе вчитани во серверот на ДИК. Во моментов, во тек е процесот на стандардизирање, нормализирање и валидизација на податоците од базите. Овој процес го вршат консултанти за ИТ, ангажирани од ДИК, а предложени од четирите најголеми политички партии. Нивната работа ја координира меѓународен експерт за ИТ ангажиран од ИФЕС.
По комплетирањето на споменатиот процес, ќе следува изготвувањето и усвојувањето на тестови за вршење на вкрстените проверки, по што ќе отпочнат и вкрстените проверки.

Државната изборна комисија истакна дека, од нејзиното формирање па до денес, посветено и одговорно работи на остварување на своите надлежности. Сите битни одлуки и акти во досегашното работење ДИК ги донесе со консензус, а на ист начин работи и одлучува и тимот на консултанти за ИТ. Во фокусот на ДИК секогаш е избирачкото право како уставно загарантирано човеково право и во ДИК постои согласност дека целиот процес мора да се заврши квалитетно, со цел зајакнување на довербата во изборите кај сите актери во процесот.

Сите останати информации поврзани со работата на ДИК кои се појавуваат во јавноста се во доменот на шпекулации.

Државната изборна комисија, во состав на Алаксандар Чичаковски, претседател, Реџеп Прекопуца, потпретседател и членовите Атанас Урумов, Силвана Бонева, Сашо Срцев, Субхи Јакупи, БИолета Дума, Игор Милев и Бедредин Ибраими…

Odluka_07022016

Државната изборна комисија на седницата одржана на 21.01.2016 година ги усвои Извештајот на ДИК за преземените работи согласно член 153-а од Изборниот законик и Одлуката за усвојување на годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2016 година на ДИК – буџетска програма 20.

Членовите на Државната изборна комисија едногласно ја усвоија и процедурата за користење и обработка на лични податоци при вршење на вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденција како и Меморандумот за соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Денес, 12.01.2016 година, во 11.15 часот членовите на Државната изборна комисија ќе имаат средба со тројцата членови на Европскиот Парламент: Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан.

Ги покануваме снимателите и фоторепортерите да присуствуваат на почетокот од средбата која ќе се одржи во просториите на ДИК, во салата на четврти кат.

Skip to content