ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ ЗА ПРИХОДИ И РАСХОДИ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ

Се известуваат општинските изборни комисии дека:

1. Според упатството за примена на член 111 став 1, 2 и 3 од ИЗ во точка 1 е наведено точно што се подразбира под болно и немоќно лице – неподвижно, потполно слепо, заболено од дистрофија или сродни мускулни или нервно мускулни заболувања, церебрална парализа или детска парализа или параплегија. За ова според точка 4 од Упатството ОИК може да консултира доктор специјалист за читање на дијагнозите по доставените барања.

2. Во точка 2 од Упатството е наведено дека со барањето се доставува во оригинал или копие и медицински доказ или решение за користење туѓа нега од трето лице, што значи ако е доставено решение за туѓа нега барањето треба да биде одобрено, бидејќи Комисијата која го донела решението веќе ја разгледала медицинската документација и за вас како ОИК е доволно да има решение за туѓа нега кое е во важност. Напомнувам дека Решението за туѓа нега треба да биде важечко.

3. Општинската изборна комисија може да ангажира доктор специјалист, при што е потребно комисијата да изготви соодветна документација за неговото ангажирање. Ангажираното лице треба исто така да биде потпишано на документацијата.

4. На ангажираниот доктор специјалист, му следи надоместок согласно позитивните законски прописи…(повеќе)

На сите Општински изборни комисии кои на своето подрачје имаат казнено-поправна установа во која ќе се спроведува гласање на 10.12.2016 година им се укажува дека оние лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, а за кои Управата на казнено поправната установа нема нивна важечка лична карта или пасош можат да гласаат со домска/затворска легитимација.

Се задолжуваат ОИК во соработка со Управите на казнено поправните установи да го спроведат ова укажување… (повеќе)

Им се укажува на сите Општински изборни комисии, во соработка со Подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија. да ги лоцираат избирачките места каде има промена на локацијата (адресата) на гласачкото место од последните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, одржани во 2014 година.

За новата локација (адреса) на гласачките места да бидат изготвени соопштенија, кои ќе бидат истакнати на старите гласачки места…(повеќе)

Врз основа на член 31 став 2 точка 2 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија,, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14 и 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 28.11.2016 година, донесе

ЗАКЛУЧОК

Правилникот за начинот на постапување на полицијата за време на спроведување на изборите со број 07-210/4 од 19.02.2014 година останува во сила и ќе се применува за предвремените Парламентари избори кои ќе се одржат на 11 Декември 2016 година…(повеќе)

 

Превземи (Правилник за начинот на постапување на полицијата за време на спроведување на изборите со вклучен Образец во врска со потребата од повикување на полиција од Избирачкиот одбор и постапувањето на полицијата на гласачкото место)

Врз основа на член 31 став 2 точка 2 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија,, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14 и 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 28.11.2016 година, донесе

ЗАКЛУЧОК

Упатството за примена на член 113 став 3 од Изборниот законик за лица кои се наоѓаат на издржување на мерка куќен притвор со број 07-493/3 од 21.02.2014 година останува во сила и ќе се применува за предвремените Парламентари избори кои ќе се одржат на 11 Декември 2016 година… (повеќе)

 

Превземи (Упатство за примена на член 113 став 3 од Изборниот законик – за лица кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор)

Врз основа на член 31 став 2 точка 2 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија,, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14 и 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 28.11.2016 година, донесе

ЗАКЛУЧОК

Упатството за примена на член 113-6 од Изборниот законик за гласање на избирачите кои се членови на избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето во дипломатско-конзуларните преставништва односно конзуларните канцеларии на Република Македонија, со број 07-972/1 од 14.03.2014 година останува во сила и ќе се применува за предвремените Парламентари избори кои ќе се одржат на 11 Декември 2016 година…(повеќе)

 

Превземи (Упатство за примена на член 113-б од Изборниот законик за гласање на избирачите кои се членови на избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето во дипломатско-конзуларните претставништва односно конзуларните канцеларии)

Согласно член 52 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонијѕ бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), член 34 од привремениот Деловник на Државната изборна комиси,а и известувањето добиено од страна на Државниот завод за статистика бр. 17-2657/9 од 27.11.2016 година, Државната изборна комисија на седницата одржана на 28,11.2016 година донесе

ОДЛУКА
за заклучување на Избирачкиот список

1.По спроведените промени кои произлегоа од јавниот увид и спроведените промени кои произлегоа по одлучувањето по барањата на политичките партии, согласно член 49-а од Изборниог законик. согласно дописот од Државниот завод за статистика бр. 17-2657/9 од 27.11.2016 година. Државната изборна комисија го заклучува Избирачкиот список со следнава состојба:

– Вкупен број на гласачи запишани во Избирачлиот список – 1.784.416

Од нив:

– Во изводите од Избирачкиот список за гласање во Република Македонија се запишани 1.531.368 гласачи,

– Во посебниот извод од Избирачкиот список за лицата кои согласно евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство, а не поднеле при;ава за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва или Конзуларни канцеларии, вклучувајќи ги и граѓаните за кои согласно член 196-а се смета дека се на привремена работа или престој во странство, а кои не поднеле пријава за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва или Конзуларни канцеларии, се запишани 230.122 гласачи,

– Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор се запишани 2.015 гласачи.

– Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои согласно евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика се водат како внатрешно раселени лица се запишани 13 гласачи,

– Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои поднеле пријава за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва или Конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство се запишани 20.573 гласачи и

– Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица членови и заменици членови на избирачки одбори кои ќе го спроведуваат гласањето во Дипломатско-конзуларните претставништва или Конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство се запишани 325 гласачи…(повеќе)

Врз основа на член 31 став (2) точка 1 а во врска со членовите 18 став (3), 33 сгав (1), 34 став (1) и (4) и 35 став (1) и (2) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16,136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 27.11.2016 година, донесе

 

ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ
ИЗБОРНИ КОМИСИИ

I.  Во одлуките за формирање на општинските изборни комисии, број 08-1304/1 од 28.04.2016 година, објавени во „Службен весник на Република Македонија , број 84 од 30 април 2016 година, број 08-1304/3, 06.05.2016 година, објавена во Службен весник на Република Македонија број 89 од 09.05.2016 година, број 08-1304/5 од 10.05.2016 година, број 08-2788/1 од 28.10.2016 година, број 08-2788/3 од 03.11.2016 година, број 08-2788/5 од 09.11.2016 година, број 08-2788/7 од 14.11.2016 година и број 08-2788/9 22.11.2016 година, Државната изборна комисија решавајќи по поднесените барања за неприфаќање за извршување на должноста претседател, заменик претседател, член или заменик член во општинските изборни комисии поради здравствени или семејни причини, ги изврши следните измени и дополнувања:

1. Во составот на Општинската изборна комисија НОВО СЕЛО, заменик членот АЦО КРЛЕВ вработен во Општина Ново Село СЕ РАЗРЕШУВА.

За нов заменик член се избира БЛАГОЈ ТАСЕВ вработен во Општина Ново Село.

2. Во составот на Општинската изборна комисија ДЕМИР КАПИЈА, заменик членот РИСТЕ ТАШЕВ вработен во Општина Неготино СЕ РАЗРЕШУВА.

За нов заменик член се избира ТРАЈЧЕ КАМЧЕВ вработен во Агенција за катастар на недвижности.

3. Во составот на Општинската изборна комисија КИСЕЛА ВОДА, заменик членот РУЖИЦА ЈОВАНОВИЌ – МАЛИНОВСКА вработена во Институт за стандардизација на Република Македонија СЕ РАЗРЕШУВА.

За нов заменик член се избира ВИКТОРИЈА МАТЕВСКА – ЗДРАВКОВСКА вработена во Општина Аеродром…(повеќе)

Адреси и контакти на Oпштинските изборни комисии, за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, закажани на 11 Декември 2016 година

Врз основа на член 31 став 2 точка 2 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија,, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14,196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 23.11.2016 година, донесе

УПАТСТВО
за примена на член 111 ставови 4,5,6 и 7 од Изборниот законик
– гласање на немоќни или болни лица –

Член 111, ставови 4,5,6 и 7 од Изборен законик

(4) Избирачкиот одбор на лицето од став (1) на овој член ќе му овозможи да гласа во неговиот дом еден ден пред одржувањето на изборите на начин со кој се обезбедува тајноста на гласањето.
(5) Избирачкиот одбор за гласањето од став (3) на овој член обезбедува посебна кутија за гласање кој се носи празна во домот каде што се наоѓа избирачот.
(6) Гласањето од став (3) на овој член избирачкиот одбор го внесува во записникот.
(7) За денот и часот на гласањето од став (3) на овој член претседателот на општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје писмено ги известува претставниците на подносители на листите.

1. Немоќните и болните лица гласањето го вршат во својот дом според местото на живеење.
– Избирачот кој е немоќно и болно лице може да гласа и во домот на блиско лице на адреса различна од адресата на живеење во документот за лична идентификација, под услов таа адреса да се наоѓа во територијата на општината каде избирачот гласа. Во тој случај, во известувањето доставено до ОИК треба да се наведе и адресата каде се наоѓа лицето.

2. Општинската изборна комисија врши електронска проверка во Избирачкиот список на сите уредно пријавени немоќни и болните лица.
По прифаќање на известувањето за гласање на немоќни и болни лица согласно Упатството за примена на член 111 ставови 1,2,3, од Изборниот законик, општинска изборна комисија составува список на сите прифатени известувања и истите ги распоредува до соодветните избирачки одбори кои треба да го спроведат гласањето на овие лица.

3. Општинската изборна комисија е должна да ги извести овластените претставници на подносителите на листите на кандидати за времето и местото на гласањето на немоќното и болно лице и да им овозможи да го набљудуваат гласањето на овие лица…(повеќе)

Превземи (Табела на акредитирани набљудувачи – Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија закажани на 11 декември 2016 година)

Врз основа иа члеи 31 став 2 точка 2 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија бр. 40/06, 136/08,148/08, 155/08,163/08, 44/11, 51/11,54/11, 142/12. 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16,136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 22.11.2016 година го донесе следното

УПАТСТВО
за примена на член 111 став 1, 2 и 3 од Изборниот законик
– за болни и немоќни лица –


член 111 став 1,2 и 3 од Изборниот законик

(1) Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице според упатството на Државната изборна когиисија), а сака да гласа, за тоа ќе ја извести општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје најдоцна седум дена пред денот определен за гласање.
(2) Даденото известување од ставот (1) на овој член се однесува и на првиот и на вториот круг на гласање.
(3) Известувањето од ставот (1) на овој член може да се даде и преку полномошник.

1. Под немоќно или болно лице се подразбира лицето кое не е во можност да ги врши основните животни потреби (не е во можност да се движи во станот ниту со користење на соодветни помагала, да одржува основна лична хигиена, да се облекува, да зема храиа, ниту да врши други дејства за задоволување на основните животни потреби), односно лицето е неподвижно, потлолно слепо, заболено од дистрофија или сродни мускулни или иервно мускуларни заболувања, церебрална или детска парализа или параплегија.

2. Известувањето дека лицето е немоќно или болно и сака да гласа, се доставува до општинската изборна комисија во местото каде лицето има постојано живеалиште, Покрај известувањето до општинската изборна комисија треба да се достави во оригинал или копие и медицински доказ за болеста или решение за користење на туѓа нега од трето лице за болестите наведени во точка 1 од ова Упатство…(повеќе)

Државната изборна комисија постапувајки по примените барања за изземање од должноста претседател, заменик претседател, член или заменик член во општинските изборни комисии врз основа на член 31 став (2) точка 1 а во врска со членовите 18 став (3), 33 став (1), 34 став (1) и (4) и 35 став (1) и (2) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14,196/15, 35/16, 97/16, 136/16 и 142/16), дава

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

1. Барањето, број 08-3194/1 од 16.11.2016 година, за изземање од должноста заменик член во Општинската изборна комисија ГРАДСКО, поднесено од ТОНИ ТАСКОВ, вработен во Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството – Велес именуван со одлука за формирање на општинска изборна комисија Градско, број 08-1304/1 од 28.04.2016 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија”, број 84 од 30 април 2016 година, HE Е ПРИФАТЕНО.

2. Ова известување ќе се објави на интернет страницата на Државната изборна комисија…(повеќе)

Врз основа на член 31 став (2) точка 1 а во врска со членовите 18 став (3), 33 став (1), 34 став (1) и (4) и 35 став (1) и (2) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16,136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 21.11.2016 година, донесе

 

ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ
ИЗБОРНИ КОМИСИИ

I.  Во одпуките за формирање на општинските изборни комисии, број 08-1304/1 од 28.04.2016 година, објавени во „Службен весник на Република Македонија”, број 84 од 30 април 2016 година, број 08-1304/3, 06.05.2016 година, објавена во Службен весник на Република Македонија број 89 од 09.05.2016 година, број 08-1304/5 од 10.05.2016 година, број 08-2788/1 од 28.10.2016 година, број 08-2788/3 од 03.11.2016 година, број 08-2788/5 од 09.11.2016 година и број 08-2788/7 од 14.11.2016 година, Државната изборна комисија решавајќи по поднесените барања за неприфаќање за извршување на должноста претседател, заменик претседател, член или заменик член во општинските изборни комисии поради здравствени или семејни причини, ги изврши следните измени и дополнувања:

  1.  Во составот на Општинската изборна комисија КУМАНОВО, членот ЕЉТОН ЗЕЌИРИ вработен во Секретаријат за спроведување на рамковниот договор СЕ РАЗРЕШУВА.
    За нов член се избира УРИМ КАДРИЈИ вработен во Собрание на Република Македонија.
  2. Во составот на Општинската изборна комисија МАВРОВО И РОСТУША членот ЕЛВИРА ЕЈУПИ вработена во Општина Маврово и Ростуша СЕ РАЗРЕШУВА.
    За нов член се избира МЕРВЕ ЌОРБАЈРАМИ вработена во Секретаријат за спроведување на рамковниот договор.
  3. Во составот на Општинската изборна комисија ЧЕШИНОВО – ОБЛЕШЕВО претседателот ТИНА ПЕТРОВА вработена во Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството СЕ РАЗРЕШУВА.
    За нов претседател се избира ВЕСНА ЃОРЕВА МАЛИНОВА вработена во Општина Чешиново-Облешево… (повеќе)

Врз основа на член 31 став 2, точка 2 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија,, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14 и 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), а во врска со член 78-а став 7, Државната изборна комисија на седницата одржана на 21.11.2016 година, го дава следното

 

ПОЈАСНУВАЊЕ
за примена на член 78-а, став 7 од Изборниот законик
Рекламни паноа и билборди

Доколку некоја политичка партија или коалиција не го искористила вкупниот процент на рекламни паноа и билборди доделени по пат на ждрепка од страна на Државната изборна комисија на 16.11.2016 година, останатите политички партии и коалиции имаат право на закуп на истите.

Правните лица чии што локации на рекламни паноа и билборди останаа неискористени од страна на политичките партии и коалиции на кои им беа доделени се должни да ги понудатсами на останатите политички партии и коалиции.

Државната изборна комисија ќе ги достави до правните лица локациите кои што не беа искористени од страна на политичките партии и коалиции во предвидениот рок, а за кои истите ја известија Државната изборна комисија.

Правните лица се должни да ја известат Државната изборна комисија за дополнително доделените локации на рекламни паноа и билборди…(повеќе)

Државната изборна комисија ги известува граѓаните кои во законски определениот рок се пријавија за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија во:

1. Токио,
2. Њу Делхи,
3. Атина,
4. Астана,
5. Каиро,
6. Киев,
7. Талин и
8. Тел Авив

дека на овие избирачки места бројот на пријавени граѓани е помал од 10. Согласно Изборниот законик во овие дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии нема да се спроведе гласање на предвремените избори за пратеници во Собранието иа Република Македонија закажани за 11.12.2016 година.

Граѓаните кои се пријавиле за гласање во овие дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии, своето право на глас ќе можат да го реализираат на нивните избирачки места според адресните податоци во Република Македонија.

[ux_banner height=”250px” bg=”10900″ link=”https://drive.google.com/open?id=0B8ZpCwro9h-zTGdoMmZIZjV4UkE” text_color=”dark” text_width=”90%” text_align=”center” text_pos=”full-width far-bottom” text_bg=”#FFF” padding=”1px” parallax=”0″ parallax_text=”0″]

КОДЕКС ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ

[/ux_banner]

 

Согласно одредбите на Изборниот законик, политичките партии учесници во изборите потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Потпишувањето на овој Кодекс оваа година за прв пат беше во организација на Државната изборна комисија (ДИК). Имајќи го предвид значењето на потпишувањето на овој Кодекс за позитивното отпочнување на изборната кампања, ДИК организираше свечен настан на кој се реализираше потпишувањето.

Настанот се одржа денеска, на 20 ноември, со почеток во 14 часот, во големата сала во седиштето на Државната изборна комисија.

Сите лидери на коалициите и политичките партии учесници на изборите присуствуваа на свечениот настан и го потпишаа Кодексот, со што ја реафирмираа заложбата на своите партии и коалиции за фер и демократски избори.

Поканети гости на настанот беа сите потписници на Кодексот за фер и демократски избори – претседателите на политичките партии учесници во изборите, како и дипломатскиот кор во Република Македонија.

 

Skip to content