Врз основа на член 31 став (2) точка 1 а во врска со членовите 18 став (3), 33 став (1), 34 став (1) и (4) и 35 став (1) и (2) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16,136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 07.11.2016 година, донесе

 

ОДЛУКA
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ ИЗБОРНИ КОМИСИИ

I. Во одлуките за формирање на општинските изборни комисии, број 08-1304/1 од 28.04.2016 година, објавени во „Службен весник на Република Македонија”, број 84 од 30 април 2016 година, број 08-1304/3, 06.05.2016 година, објавена во Службен весник на Република Македонија број 89 од 09.05.2016 година, број 08-1304/5 од 10.05.2016 година, број 08-2788/1 од 28.10.2016 година и број 08-2788/3 од 03.11.2016 година, Државната изборна комисија решавајќи по поднесените барања за неприфаќање за извршување на должноста претседател, заменик претседател, член или заменик член во општинските изборни комисии поради здравствени или семејни причини, ги изврши следните измени и дополнувања:

1. Во составот на Општинската изборна комисија БРВЕНИЦА, членот ПЕТРЕ ПЕТРЕСКИ вработен во Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството Битола, СЕ РАЗРЕШУВА.
За нов член се избира ПЕТРЕ АТАНАСОВСКИ, вработен во Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството Битола.
Заменик членот ЛУМНИЈЕ ЗИБЕРИ вработена во Секретаријат за спроведување на рамковниот договор, СЕ РАЗРЕШУВА.
За нов заменик член се избира АРЛИНДА ЗЕЌИРИ, вработена во Општина Тетово… (повеќе)

Во врска со Решението за распишување на, и Решението за распишување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија бр. број 09-4469/1, донесено од претседателот на Собранието на Република Македонија од 18.10.2016 година и одобрените средства во разделот на Државната изборна комисија:

 

УПАТСТВО
ЗА НАЧИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА СРЕДСТВА ОПРЕДЕЛЕНИ ОД ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИЗБОРИ ОД СТРАНА НА ОПШТИНСКИ ИЗБОРНИ КОМИСИИ

1.Со ова Упатство се пропишува начниот на реализација на трошоци од средствата обезбедени од буџетот на Република Македонија, преку Државната изборна комисија за спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, со кои располагаат општинските изборни комисии.
2. Општинските изборни комисии, со средствата обезбедени од разделот на ДИК ќе располагаат рационално, ефикасно и ефективно. При располагање со средствата, општинските изборни комисии, водат сметка за економично трошење во согласност со законските прописи, подзаконските акти и упатства… (повеќе)

ПОЈАСНУВАЊЕ

За запишување во посебниот извод од избирачкиот список на лицата од членот 196-6 од
Изборниот законик.

Граѓаните кои согласно член 196-6 од Изборниот законик во број од 29858 кои поднеле пријава за запишување во избирачкиот список ло електронски пат преку апликацијата [email protected] или во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и чии што пријави се прифатени од страна на Државната изборна комисија, доколку сакаат да гласаат во странство, треба да поднесат Пријава/Барање за запишување во посебниот извод од избирачкиот список за гласање во ДКП на Република Македонија.

Државјаните на Република Македонија чии што пријави се прифатени и кои претходно го имаат пријавено пред надлежен орган на РМ својот привремен престој во странство или привремена работа во странство, односно државјаните за кои Министерството за внатрешни работи има евиденција дека се на привремена работа или престој во странство, поднесуваат само пријава Образец бр. 30

Државјаните на Република Македонија чии што пријави се прифатени и кои претходно не го пријавиле пред надлежен орган на Р.М. својот привремен лрестој или привремена работа во странство, односно државјаните за кои Министерството за внатрешни работи нема евиденција дека се на привремена работа или престој во странство, поднесуваат пријава/барање Образец бр. 29. Во прилог на образецот задолжително доставуваат скенирана копија од документи како доказ за престој во странство… (повеќе)

Превземи (Адреси на Oпштински изборни комисии за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, закажани на 11 Декември 2016 година)

Понеделник 07.11.2016 година е последен ден за политичките партии на власт, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови и за политичките партии во опозиција, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, до Општинските изборни комисии да достават предлози за членови на избирачки одбори и нивните заменици во Република Македонија.

Поради тоа, Општинските изборни комисии се должни да организираат дежурства за прием на предлози за членови на избирачки одбори и нивните заменици од политичките партии на власт, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови и за политичките партии во опозиција, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, а по приемот на листите електронски да ја известат Државната изборна комисија.

Се известуваат Политичките партии дека Табелата „Предлози од политичка партија за членови и нивни заменици во избирачки одбори во Република Македонија“, објавена на веб страната на Државната изборна комисија, на 30.10.2016 година (недела) имаше технички грешки, поради што истата беше повлечена од веб страната.

На 04.10.2016 година повторно беше објавена корегираната табела.

Политичките партии предлозите за членови и нивни заменици во избирачки одбори во Република Македонија да ги достават во корегираната табела и во истата не мора да бидат пополнети рубриките: e-mail адреса и образование за предлог членовите и нивни заменици во избирачките одбори во Република Македонија.

Рекламни паноа и билборди

Член 1

Општините во Република Македонија, градот Скопје и правните лица кои стопанисуваат со рекламните паноа и билборди се должни во рок од пет дена од денот на распишување на изборите јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди.

Член 2

Локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди се доставуваат и до Државната изборна комисија со цел спроведување на ждрепката,

Член 3

Максималниот број на рекламни паноа и билборди кои може да се користат за политичко рекламирање изнесува 50% од вкупниот број на територијата на определена општина, градот Скопје, односно на територијата на кое определено правно лице стопанисува со истите.

Член 4

Политичките партии имаат право на закуп за политичко рекламирање на рекламните паноа и билборди на транспарентен и недискриминаторски начин согласно со следните критериуми:

– 40% од вкупниот број се достапни на партиите на власта;

– 40% од вкупниот број се достапни на партиите во опозицијата во Собранието на Република Македонија;

– 10% од вкупниот број се достапни на парламентарните партии кои немаат пратенички групи во Собранието на Република Македонија и

– 10% од вкупниот број се достапни на вонпарламентарните партии во Република Македонија… (повеќе)

Врз основа на член 31 став 2, точка 37 од Изборниот законик на Република Македонија, („Службен весник на Република Македонија,, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14 и 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), а во врска со примената на член 31 став 2 точки 28а, 28г, 30, и 35, став 4, став 7, член 37 став 2 точка 17, член 69-а став 3, член 147, член 148, член 149, член 149-а, член 150 и член 151 од Изборниот ззконик на Република Македонија, Државната изборна комисија на седницата одржана на ден 03.11.2016 година донесе

 

ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој Правилник се пропишува начинот и постапката по приговор за наводното прекршување на правилата за изборната кампања од член 69-а, за заштита на избирачкото право на подносителите на листите од член 148 и на избирачите од член 149 и 149-а, во врска со член 147 и за поништување и повторување на гласањето од член 151 од Изборниот Законик.

Член 2

Целта на Правилникот е да се:

– обезбеди независно, непристрасно и правично разгледување и одлучување во предметите поврзани со избори;

– уреди формата и содржината на приговорот и да се појасни начинот на поднесување на приговор до Државната изборна комисија;

– уреди постапката за регистрирање на приговорите, начинот на проверка на доказите, увидот во избирачкиот материјал, известувањето на засегнатите страни и на јавноста, процедурите за анализа и одлучување по приговорите, поништување и повторување на гласањето;

– уреди постапката за оперативно следење на приговорите и пристапот до дата базата на податоци;… (повеќе)

Врз основа на член 31 став (2) точка 1 а во врска со членовите 18 став (3), 33 став (1), 34 став (1) и (4) и 35 став (1) и (2) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06,136/08,148/08,155/08,163/08, 44/11, 51/11, 54/11,142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16,136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 02.11.2016 година, донесе

 

ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ
ИЗБОРНИ КОМИСИИ

I. Во одлуките за формирање на општинските изборни комисии, број 08-1304/1 од 28.04.2016 година, објавени во „Службен весник на Република Македонија”, број 84 од 30 април 2016 година, број 08-1304/3, 06.05.2016 година, објавена во Службен весник на Република Македонија број 89 од 09.05.2016 година, број 08-1304/5 од 10.05.2016 година и број 08-2788/1 од 28.10.2016 година, Државната изборна комисија решавајќи по лоднесените барања за неприфаќање за извршување на должноста претседател, заменик претседател, член или заменик член во општинските изборни комисии поради здравствени или семејни причини, ги изврши следните измени и дополнувања:

1. Во составот на Општинската изборна комисија КАРПОШ, членот РЕНАТА МАТЕСКА вработена во Влада на Република Македонија СЕ РАЗРЕШУВА. За нов член се избира ЕЛЕНА ГОТОВСКА, вработена во Влада на Република Македонија.

2. Во составот на Општинската изборна комисија ЦЕНТАР ЖУПА, заменик претседателот ДИАЗ ТАИРОВСКИ, вработен во Агенција за храна и ветеринарство СЕ РАЗРЕШУВА. За нов заменик претседател се избира ВАСИЛ ЏИКОВСКИ вработен во Министерство за труд и социјална политика… (повеќе)

Државната изборна комисија на 2 ноември 2016 година ја одржа првата средба со највисока делегација на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, закажани за 11 декември 2016 година.

Двете организации се согласија на конструктивна соработка во насока на придонесување кон демократски и фер избори.

ЗА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ СЕ ДОСТАВУВА:

• Потврда од надлежен суд за регистрација на политичката партија во оригинал или копија заверена на нотар;

• Образец број 4 -Листа на кандидати, во оригинал;

• Образец број 1-изјава за прифаќање на кандидатура за секој кандидат од листата на кандидати, во оригинал;

• Образец број 27-Изјава за припадност на одредена заедница за секој кандидат од листата на кандидати, во оригинал;

• Копија од важечка лична карта или патна исправа за секој кандидат од листата на кандидати;

• Доказ дека не е осуден со правосилна судска одлука на безулсовна казна затвор над шест месеци, чие издржување се уште не е започнато за секој кандидат од листата накандидати, во оригинал;

• Симбол, доколку го има, во електронска форма во .jpg или .tif формат – на ЦД РОМ, УСБ или друг погоден медиум и

• Образец за обезбедување на ЕДБ, заверен на нотар – Доказ за обезбеден ЕДБ со назнака „за изборна кампања“ и отворена трансакциона сметка со назнака „за изборна кампања”-во оригинал или копија заверена на нотар… (повеќе)

Врз основа на член 15 став (3) од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија”, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), согласно член 34 од Привремениот деловник на Државната изборна комисија, број. 01-1089/1 од 04.07.2006 година, Државната изборна комисија на седницата одржана на 30.10.2016 година го донесе следниот

ОДЛУКА
за изменување на Одлуката за изменување на Роковникот бр.10-2615/2 од 29.10.2016 година, за извршување на изборните дејствија за спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, 18 октомври – 11 декември 2016 година

I. Во Одлуката за изменување на Роковникот бр.10-2615/2 од 29.10.2016 година, за извршување на изборните дејствија за спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, 18 октомври – 11 декември 2016 година, точката II. ставот 5 се БРИШЕ.

II. Останатите одредби од Одлуката за изменување на Роковникот бр. 10-2615/2 од 29.10.2016 година остануваат во сила.

III. Оваа одлука влегува во сила со денот на неговото донесување… (повеќе)

Државната изборна комисија постапувајќи по примените барања за изземање од должноста претседател, заменик претседател, член или заменик член во општинските изборни комисии врз основа на член 31 став (2) точка 1 а во врска со членовите 18 став (3), 33 став (1), 34 став (1) и (4) и 35 став (1) и {2} од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13,14/14, 30/14,196/15, 35/16, 97/16,136/16 и 142/16), дава

ИЗВЕСТУВАЊЕ

1. Барањето, број 10-1306/75 од 10.05.2016 година, за изземање од должноста заменик член во Општинската изборна комисија Аеродром, поднесено од ДРАГИ МИТКОВСКИ, вработен во Град Скопје, именуван со одлука за формирање на општинска изборна комисија Аеродром, број 08-1304/1 од 28.04.2016 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија”, број 84 од 30 април 2016 година, HE Е ПРИФАТЕНО.

2. Барањето број 10-1306/89 од 16.05.2016 година, за изземање од должноста член во Општинската изборна комисија Маврово и Ростуше, поднесено од ЕЛВИРА ЕЈУПИ, вработена во Општина Маврово и Ростуше, именувана со одлука за формирање на општинска изборна комисија Маврово и Ростуше, број 08-1304/1 од 28.04.2016 година, објавена во ‘Службен весник на Република Македонија’, број 84 од 30 април 2016 година, HE Е ПРИФАТЕНО… (повеќе)

Врз основа на членовите 48, 49 став(З) и 196-6 став (10) во врска со член 31 став 2 точка 44 од Изборниот законик („Службен Весник на Република Македонија”, број 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11,142/12, 31/13, 34/13,14/14, 30/14,196/15, 35/16, 97/16, 99/16,136/16 и 142/16), член 34 од Привремениот деловник на Државната изборна комисија, број. 01-1089/1 од 04.07.2006 година и Заклучокот на Државната изборна комисија од седницата одржана на 28.10.2016 година, Државната изборна комисија на седницата одржана на 29.10.2016 година, донесе

ОДЛУКА
за отворање на дополнителни канцеларии во седиштата на единиците на локалната самоуправа каде Државната изборна комисија нема свои подрачни одделенија или канцеларии за вршење на јавен увид во избирачкиот список и за пријавување на граѓаните чии записи во Избирачкиот список се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список, за спроведување на предвремени избори за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, 11 декември 2016 година

1. Се утврдува потребата од отворање на дополнителни канцеларии во седиштата на единиците на локалната самоуправа каде Државната изборна комисија нема свои подрачни одделенија или канцеларии, за вршење на јавен увид во избирачкиот список и за пријавување на граѓаните чии записи во Избирачкиот список се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список за спроведување на предвремени избори за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, 11 декември 2016 година… (повеќе)

Врз основа на член 31 став (2) точка 2) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14,196/15 и 36/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 30.10. 2016 година го донесе следното

УПАТСТВО
за спроведување на јавен увид во Избирачкиот список за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија на 11 Декември 2016 година

Член 1

Јавниот увид во Избирачкиот список започнува на 28.10.2016 година и трае до 11.11.2016 година.

Член2

Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведува во подрачните одцеленија и канцеларии на Државната изборна комисија во време од 08,30 до 19,00 часот, вклучувајќи ги и деновите од викенд и празници, додека последните два дена (10 -ти и 11-ти Ноември 2016 година) увидот ќе трае до 24:00 часот… (повеќе)

Врз основа на член 31 став (2) точка 2) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14,196/15 и 36/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 30.10. 2016 година го донесе следното

УПАТСТВО
за спроведување на јавен увид во Избирачкиот список за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија на 11 Декември 2016 година

 

Член 1

Јавниот увид во Избирачкиот список започнува на 28.10.2016 година и трае до 11.11.2016 година.

Член2

Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведува во подрачните одцеленија и канцеларии на Државната изборна комисија во време од 08,30 до 19,00 часот, вклучувајќи ги и деновите од викенд и празници, додека последните два дена (10 -ти и 11-ти Ноември 2016 година) увидот ќе трае до 24:00 часот… (повеќе)

Превземи (Известување за состојбата на избирачкиот список по добиеното цд со обработени податоци од државниот завод за статистика)

 

Ce известуваат граѓаните на Република Македонија дека од 28 октомври до 11 ноември 2016 година ќе се врши јавен увид во Избирачкиот список за претстојните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија.

Јавниот увид ќе се врши во просторииите на подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, низ целата територија на Република Македонија, во просториите во општините каде Државната изборна комисија нема свои подрачни одделенија, како и по електронски увид на официјалната интернет страница на ДИК.

Увидот ќе може да се изврши сеиој ден, во време од 8.30 до 19 часот.

При вршењето на јавниот увид, граѓаните се идентификуваат пред овластено лице на Државната изборна комисија со покажување на важечка лична карта или пасош, издадени од надлежен орган на Република Македонија.

Сите граѓани кои не се во Избирачкиот список поради немање важечка лична карта или важечки пасош, треба веднаш да аплицираат за добивање нов документ за идентификација… (повеќе)

Врз основа на член 196-6 став 10 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06,136/08,148/08,155/08,163/08,44/11,51/11,54/11,142/12, 31/13, 34/13,14/14, 30/14,196/15, 35/16, 97/16, 99/16,136/16 и 142/16), Државната изборна комисија, на седницата одржана на ден 28.11.2016 година, усвои:

ЈАВЕН ПОВИК

Се повикуваат сите 29 858 граѓани на Република Македонија, чии што записи во Избирачкиот список no извршените вкрстени и теренски проверки се утврдени како спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список и кои не се пријавија во периодот од 26 јули до 19 август 2016 година, дека може да се пријават во Државната изборна комисија во периодот додека трае јавниот увид во Избирачкиот список од 28 октомври до 11 ноември 2016 година за да може да се запишат во Избирачкиот список… (повеќе)

Врз основа на член 31 став 2 точка 2 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија„ бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14 и 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 28.10. 2016 година, го донесе следниот

ЗАКЛУЧОК

1. Согласно член 49 од Изборниот законик, Државната изборна комисија на Р.М на ден 28.10.2016 година го става на јавен увид избирачкиот список. Јавниот увид ќе трае до 11.11.2016 година до 24:00 часот.

2. Избирачкиот список да се објави на веб страната на Државната изборна комисија и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

3. Преку министерстрвото за надворешни работи на Р.М, да се достават посебните изводи од избирачкиот список до дипломатско конзуларните преставништва и канцеларии на Р.М за лицата на привремена работа или престој во странство, врз основа на евиденцијата од надлежниот орган, за ставање на јавен увид… (повеќе)

Skip to content