https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-08-24 18:05:452022-08-24 18:05:46Заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето за избор за членови на Совет на Општина Тетово за остатокот од изборниот период, 20 август 2022 година
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-08-24 17:59:522022-08-24 17:59:53Заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето за избор на Градоначалник на Општина Маврово Ростуше и Градоначалник на Општина Центар Жупа, 20 август 2022 година
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-08-24 17:33:032022-08-24 17:33:05Заклучок за важење и применување на Правилникот за критериумите за определување на надоместок на членовите на изборните органи и изборната администрација за спроведување на Локалните избори 2021
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-08-18 16:18:442022-08-18 16:18:45Упатство за начин на гласање на избирачки места со помалку од 10 избирачи
Државната изборна комисија ги известува избирачите кои не се во можност да гласаат на гласачкото место (немоќно или болно лице според Упатство за пријавување и гласање на немоќно и болно лице на Државната изборна комисија), а сака да гласа за тоа ќе ја извести општинската изборна комисија најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање, односно 12 август, до 24 часот (член 111 став 1 од Изборниот законик).
Покрај известувањето до општинската изборна комисија лицето треба да достави во оригинал или копија и медицински доказ за болеста, важечко решение за користење на туѓа нега од трета лица за болестите (наведени во член 1 од Упатството). Известувањето може да се даде и преку полномошник. Електронското поднесување може да се направи од една емаил адреса најмногу за две лица.
Немоќните или болни лица гласаат во нивните домови еден ден пред денот определен за одржување на изборите, на 19 август 2022 година (петок).
Избирачите кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД-19 и избирачите на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат, а сакаат да гласаат за тоа ќе ја известат општинската изборна комисија најдоцна 5 дена пред денот определен за гласање, односно 14 август, до 24 часот (член 111-б став 1).
Општинската изборна комисија по службена должност прибира податоци од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за лица кои се пријавени за гласање согласно со член 111-б став (1) од Изборниот законик. Државниот санитарен и здравствен инспекторат е должен во рок од 24 часа од добиеното барање да ги достави до општинската изборна комисија податоците за лицата пријавени за гласање согласно член 111-б став (1). (член 111-б став (3).
Лицата кои се во позитивни на Ковид-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација гласаат во нивните домови еден ден пред денот определен за одржување на изборите, на 19 август 2022 година (петок).
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-08-11 16:21:562022-08-11 16:56:59Известување за пријавување на болни и немоќни лица, лица позитивни на Ковид-19 или лица на кои им е одредена мерка на самоизолација
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-08-10 15:29:532022-08-10 15:29:55Одлука за изменување и дополнување на одлука за формирање на ОИК Тетово – 10.08.2022
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2022-08-04 14:45:532022-08-04 14:45:54Одлука за заклучување на Избирачкиот список
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2022-08-04 14:43:412022-08-04 14:43:42Описи на избирачките места во Република Северна Македонија – Локални избори 20.08.2022
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2022-08-04 14:41:382022-08-04 14:42:36Одлука за објавување на описи на избирачки места
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2022-08-04 14:03:012022-08-04 14:03:02Одлука за изменување и дополнување на одлука за формирање на ОИК Тетово – 28.07.2022
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2022-08-04 14:00:222022-08-04 14:00:23Одлука за изменување и дополнување на одлука за формирање на ОИК Маврово и Ростуше – 28.07.2022
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2022-08-04 13:58:262022-08-04 13:58:27Известување за неприфаќање на барањата за изземање од должноста во ОИК – 28.07.2022
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2022-07-26 14:50:432022-07-27 11:59:55Записник за влечење ждрепка на редослед на листите на кандидати кои ќе учествуваат на Локалните избори 2022 година за избор на градоначалник во општина Маврово и Ростуше и Центар Жупа
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2022-07-26 14:47:282022-07-27 12:00:07Записник за влечење ждрепка на редослед на листите на кандидати кои ќе учествуваат на Локалните избори 2022 година за избор на Совет на општина за општина Тетово
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2022-07-26 14:23:042022-07-27 12:00:22Записници од извршена ждрепка за распределба на рекламни паноа и билборди за О. Тетово
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2022-07-26 14:20:052022-07-27 12:00:34Записници од извршена ждрепка за распределба на рекламни паноа и билборди за О. Маврово и Ростуише и О. Центар Жупа
Од 11 до 15 јули 2022 година Државната изборна комисија престојуваше на студиска посета во Република Грузија.
Централната изборна комисија на Грузија (ЦИК) беше домаќин на претставници на Државната изборна комисија (ДИК), каде се одржаа средби помеѓу двете изборни комисии. Претседателот на ЦИК, Ѓорѓи Каландаришвили, на делегацијата од ДИК им ги претстави иновациите од изборна технологија имплементирани во 2021-2022 година. Домаќините беа заинтересирани да дознаат повеќе и за употребата на изборната технологија од страна на ДИК.
„Споделувањето на искуството помеѓу изборните комисии е од клучно значење. Денеска имаме можност да споделиме информации со делегацијата на ДИК за реформите и иновациите што ги спроведува грузиската изборна администрација, како и да се запознаеме со нивното искуство во однос на технолошките иновации“, рече Ѓорѓи Каландаришвили.
Во фокусот на интересот на делегацијата на ДИК беше работата на Центарот за развој на изборни системи, реформи и обука (Центар за обука) на ЦИК, начинот на негово формирање, структурата, финансирањето на активностите, стратешкиот план, како и начинот на негова реализација.
„Главната цел на нашата посета е да го проучиме функционирањето и активностите на Центарот за обуки на ЦИК и да споделиме искуство. Имавме успешни средби со претседателот на Централната изборна комисија, како и со директорката на Центарот за обуки, на кои разговаравме за важни прашања. Сметам дека споменатите средби се значајна за двете земји и ќе придонесат за продлабочување на нашата идна соработка“, истакна претседателот на ДИК, проф. д-р Александар Даштевски за центарот за медиуми на грузиската ЦИК.
Натија Заалишвили, директорка на Центарот за обука на ЦИК одржа презентација со детали за активностите на центарот пред членовите на делегацијата. Во рамките на посетата, претставниците на ДИК се запознаа со работата на Центарот за обука, а присуствуваа и на тековните обуки за членовите на окружните изборни комисии на тема односи со јавноста, кои ги спроведуваа вработени во Секторот за стратешки комуникации на ЦИК.
Дополнително, се реализираше средба на делегацијата и со окружната изборна комисија Боржоми.
Студиската посета на Државната изборна комисија во Грузија беше реализирана со поддршка на Меѓународната фондација за изборни системи (IFES).
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2022/07/CEC-5.jpg6671000katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-07-25 10:38:062022-07-25 10:38:09Студиска посета во централната изборна комисија на Грузија
Во рамките на студиската посета на Централната изборна комисија на Грузија (ЦИК), која се реализираше од 11 до 15 јули 2022 година, претставниците на Државната изборна комисија се запознаа со активностите на Советот за родова еднаквост на ЦИК.
На средбата, претседателката на Советот за родови прашања, Маја Зариџе и секретарката на истиот совет, Кристина Толордава, разговараа за политиката на Советот за родова еднаквост и активностите што администрацијата ги спроведува во оваа насока. На средбата се разговараше и за идните планови на Советот за родови прашања, предизвиците во оваа насока и проектите изработени во соработка со меѓународните партнери.
Во рамки на средбата, претставниците на Државната изборна комисија ги презентираа активностите кои ДИК ги презема во насока на унапредување на родовата сензитивност во изборите.
Студиската посета на Државната изборна комисија во Грузија беше реализирана со поддршка на Меѓународната фондација за изборни системи (IFES).
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2022/07/GC-1.jpg14672200katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-07-25 10:15:002022-07-25 11:01:15Средба со советот за родова еднаквост на ЦИК Грузија
Државната изборна комисија ги известува овластените претставници на политичките партии кои ќе учествуваат на Изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа и Изборите за членови на Советот на Општина Тетово за остатокот од изборниот период, кои ќе се одржат на 20 август 2022 година, дека ждрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати ќе се одржи на 25.07.2022 година со почеток во 12 часот, во седиштето на Државната изборна комисија, голема сала, 4 кат.
Воедно ги покануваме овластените претставници на политичките партии кои ќе учествуваат на Изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа и Изборите за членови на Советот на Општина Тетово за остатокот од изборниот период, кои ќе се одржат на 20 август 2022 година, да земат учество во ждребувањето, односно утврдувањето на редните броеви во единствената листа на кандидати.
Овластените претставници на политичките партии треба да понесат овластување од подносителот на листата.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-07-22 10:43:332022-07-22 10:45:41Соопштение за одржување на ждрепка за утврдување на единствена листа на кандидати
Согласно член 78-а став 5 и 6 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“, број 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17,125/17,35/18, 99/18,140/18, 208/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“, број 98/19, 42/20, 74/21 и 215/21), Државната изборна комисија спроведува ждрепка со која ќе ги распореди локациите на рекламните паноа и билборди кои се нудат за политичко рекламирање од страна на правните лица кои стопанисуваат со истите, а во врска со Изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа и Изборите за членови на Советот на Општина Тетово за остатокот од изборниот период, кои ќе се одржат на 20 август 2022 година.
Се повикуваат претставниците на правните лица да достават понуди за рекламни паноа и билборди со локации и ценовници до Државната изборна комисија за Изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа и Изборите за членови на Советот на Општина Тетово за остатокот од изборниот период, кои ќе се одржат на 20 август 2022 година, согласно Упатството за распределба на рекламни паноа и билборди по пат на ждрепка со број 10-691/1 од 03.03.2020 година, објавено на веб страната на Државната изборна комисија, најдоцна до понеделник, 25.07.2022 година, до 10:00 часот.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-07-22 10:32:192022-07-22 10:45:24Соопштение од ДИК за спроведување ждрепка за рекламни паноа и билборди
Заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето за избор за членови на Совет на Општина Тетово за остатокот од изборниот период, 20 август 2022 година
Заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето за избор за членови на Совет на Општина Тетово за остатокот од изборниот период, кои се одржаа на 20 август 2022 година
Заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето за избор на Градоначалник на Општина Маврово Ростуше и Градоначалник на Општина Центар Жупа, 20 август 2022 година
Заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето за избор на Градоначалник на Општина Маврово Ростуше и Градоначалник на Општина Центар Жупа, кои се одржаа на 20 август 2022 година
Заклучок за важење и применување на Правилникот за критериумите за определување на надоместок на членовите на изборните органи и изборната администрација за спроведување на Локалните избори 2021
Заклучок за важење и применување на Правилникот за критериумите за определување на надоместок на членовите на изборните органи и изборната администрација за спроведување на Локалните избори 2021, број 08-3173/1 од 26.10.2021 година и негова Измена и дополнување со број 08-3173/2 од 30.11.2021 година
Упатство за начин на гласање на избирачки места со помалку од 10 избирачи

Известување за пријавување на болни и немоќни лица, лица позитивни на Ковид-19 или лица на кои им е одредена мерка на самоизолација
Државната изборна комисија ги известува избирачите кои не се во можност да гласаат на гласачкото место (немоќно или болно лице според Упатство за пријавување и гласање на немоќно и болно лице на Државната изборна комисија), а сака да гласа за тоа ќе ја извести општинската изборна комисија најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање, односно 12 август, до 24 часот (член 111 став 1 од Изборниот законик).
Известувањето се доставува до општинската изборна комисија или преку Апликацијата за пријавување на немоќни и болни лица и лица кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД-19 и на кои им е одредена мерка самоизолација.
Покрај известувањето до општинската изборна комисија лицето треба да достави во оригинал или копија и медицински доказ за болеста, важечко решение за користење на туѓа нега од трета лица за болестите (наведени во член 1 од Упатството). Известувањето може да се даде и преку полномошник. Електронското поднесување може да се направи од една емаил адреса најмногу за две лица.
Немоќните или болни лица гласаат во нивните домови еден ден пред денот определен за одржување на изборите, на 19 август 2022 година (петок).
Избирачите кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД-19 и избирачите на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат, а сакаат да гласаат за тоа ќе ја известат општинската изборна комисија најдоцна 5 дена пред денот определен за гласање, односно 14 август, до 24 часот (член 111-б став 1).
Известувањето се доставува до општинската изборна комисија или преку Апликацијата за пријавување на немоќни и болни лица и лица кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД-19 и на кои им е одредена мерка самоизолација, согласно Упатството за пријавување и гласање на лица кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД-19 и избирачите на кои им е одредена мерка самоизолација.Едно исто лице може да биде полномошник на најмногу две лица. Од иста е-маил адреса може да се достават најмногу две известувања.
Општинската изборна комисија по службена должност прибира податоци од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за лица кои се пријавени за гласање согласно со член 111-б став (1) од Изборниот законик. Државниот санитарен и здравствен инспекторат е должен во рок од 24 часа од добиеното барање да ги достави до општинската изборна комисија податоците за лицата пријавени за гласање согласно член 111-б став (1). (член 111-б став (3).
Лицата кои се во позитивни на Ковид-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација гласаат во нивните домови еден ден пред денот определен за одржување на изборите, на 19 август 2022 година (петок).
Е-маил адреси на ОИК:
ОИК Маврово и Ростуше – [email protected]
ОИК Тетово – [email protected]
ОИК Центар Жупа – [email protected]
Терк за известување за гласање на избирач кој е во домашен карантин заради позитивен тест на ковид-19 и избирач на кој му е одредена мерка самоизолација
Терк за известување за гласање на немоќно или болно лице
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Одлука за изменување и дополнување на одлука за формирање на ОИК Тетово – 10.08.2022

Одлука за заклучување на Избирачкиот список
Одлука за заклучување на Избирачкиот список 11-1777-1
Описи на избирачките места во Република Северна Македонија – Локални избори 20.08.2022

Одлука за објавување на описи на избирачки места

Одлука за изменување и дополнување на одлука за формирање на ОИК Тетово – 28.07.2022

Одлука за изменување и дополнување на одлука за формирање на ОИК Маврово и Ростуше – 28.07.2022

Известување за неприфаќање на барањата за изземање од должноста во ОИК – 28.07.2022

Записник за влечење ждрепка на редослед на листите на кандидати кои ќе учествуваат на Локалните избори 2022 година за избор на градоначалник во општина Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Записник за влечење ждрепка на редослед на листите на кандидати кои ќе учествуваат на Локалните избори 2022 година за избор на Совет на општина за општина Тетово

Записници од извршена ждрепка за распределба на рекламни паноа и билборди за О. Тетово

Записници од извршена ждрепка за распределба на рекламни паноа и билборди за О. Маврово и Ростуише и О. Центар Жупа

Студиска посета во централната изборна комисија на Грузија
Од 11 до 15 јули 2022 година Државната изборна комисија престојуваше на студиска посета во Република Грузија.
Централната изборна комисија на Грузија (ЦИК) беше домаќин на претставници на Државната изборна комисија (ДИК), каде се одржаа средби помеѓу двете изборни комисии. Претседателот на ЦИК, Ѓорѓи Каландаришвили, на делегацијата од ДИК им ги претстави иновациите од изборна технологија имплементирани во 2021-2022 година. Домаќините беа заинтересирани да дознаат повеќе и за употребата на изборната технологија од страна на ДИК.
„Споделувањето на искуството помеѓу изборните комисии е од клучно значење. Денеска имаме можност да споделиме информации со делегацијата на ДИК за реформите и иновациите што ги спроведува грузиската изборна администрација, како и да се запознаеме со нивното искуство во однос на технолошките иновации“, рече Ѓорѓи Каландаришвили.
Во фокусот на интересот на делегацијата на ДИК беше работата на Центарот за развој на изборни системи, реформи и обука (Центар за обука) на ЦИК, начинот на негово формирање, структурата, финансирањето на активностите, стратешкиот план, како и начинот на негова реализација.
„Главната цел на нашата посета е да го проучиме функционирањето и активностите на Центарот за обуки на ЦИК и да споделиме искуство. Имавме успешни средби со претседателот на Централната изборна комисија, како и со директорката на Центарот за обуки, на кои разговаравме за важни прашања. Сметам дека споменатите средби се значајна за двете земји и ќе придонесат за продлабочување на нашата идна соработка“, истакна претседателот на ДИК, проф. д-р Александар Даштевски за центарот за медиуми на грузиската ЦИК.
Натија Заалишвили, директорка на Центарот за обука на ЦИК одржа презентација со детали за активностите на центарот пред членовите на делегацијата. Во рамките на посетата, претставниците на ДИК се запознаа со работата на Центарот за обука, а присуствуваа и на тековните обуки за членовите на окружните изборни комисии на тема односи со јавноста, кои ги спроведуваа вработени во Секторот за стратешки комуникации на ЦИК.
Дополнително, се реализираше средба на делегацијата и со окружната изборна комисија Боржоми.
Студиската посета на Државната изборна комисија во Грузија беше реализирана со поддршка на Меѓународната фондација за изборни системи (IFES).
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Средба со советот за родова еднаквост на ЦИК Грузија
Во рамките на студиската посета на Централната изборна комисија на Грузија (ЦИК), која се реализираше од 11 до 15 јули 2022 година, претставниците на Државната изборна комисија се запознаа со активностите на Советот за родова еднаквост на ЦИК.
На средбата, претседателката на Советот за родови прашања, Маја Зариџе и секретарката на истиот совет, Кристина Толордава, разговараа за политиката на Советот за родова еднаквост и активностите што администрацијата ги спроведува во оваа насока. На средбата се разговараше и за идните планови на Советот за родови прашања, предизвиците во оваа насока и проектите изработени во соработка со меѓународните партнери.
Во рамки на средбата, претставниците на Државната изборна комисија ги презентираа активностите кои ДИК ги презема во насока на унапредување на родовата сензитивност во изборите.
Студиската посета на Државната изборна комисија во Грузија беше реализирана со поддршка на Меѓународната фондација за изборни системи (IFES).
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Соопштение за одржување на ждрепка за утврдување на единствена листа на кандидати
Државната изборна комисија ги известува овластените претставници на политичките партии кои ќе учествуваат на Изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа и Изборите за членови на Советот на Општина Тетово за остатокот од изборниот период, кои ќе се одржат на 20 август 2022 година, дека ждрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати ќе се одржи на 25.07.2022 година со почеток во 12 часот, во седиштето на Државната изборна комисија, голема сала, 4 кат.
Воедно ги покануваме овластените претставници на политичките партии кои ќе учествуваат на Изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа и Изборите за членови на Советот на Општина Тетово за остатокот од изборниот период, кои ќе се одржат на 20 август 2022 година, да земат учество во ждребувањето, односно утврдувањето на редните броеви во единствената листа на кандидати.
Овластените претставници на политичките партии треба да понесат овластување од подносителот на листата.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Соопштение од ДИК за спроведување ждрепка за рекламни паноа и билборди
Согласно член 78-а став 5 и 6 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“, број 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17,125/17,35/18, 99/18,140/18, 208/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“, број 98/19, 42/20, 74/21 и 215/21), Државната изборна комисија спроведува ждрепка со која ќе ги распореди локациите на рекламните паноа и билборди кои се нудат за политичко рекламирање од страна на правните лица кои стопанисуваат со истите, а во врска со Изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа и Изборите за членови на Советот на Општина Тетово за остатокот од изборниот период, кои ќе се одржат на 20 август 2022 година.
Се повикуваат претставниците на правните лица да достават понуди за рекламни паноа и билборди со локации и ценовници до Државната изборна комисија за Изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа и Изборите за членови на Советот на Општина Тетово за остатокот од изборниот период, кои ќе се одржат на 20 август 2022 година, согласно Упатството за распределба на рекламни паноа и билборди по пат на ждрепка со број 10-691/1 од 03.03.2020 година, објавено на веб страната на Државната изборна комисија, најдоцна до понеделник, 25.07.2022 година, до 10:00 часот.ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА