Врз основа на член 196-6 став 10 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06,136/08,148/08,155/08,163/08,44/11,51/11,54/11,142/12, 31/13, 34/13,14/14, 30/14,196/15, 35/16, 97/16, 99/16,136/16 и 142/16), Државната изборна комисија, на седницата одржана на ден 28.11.2016 година, усвои:

ЈАВЕН ПОВИК

Се повикуваат сите 29 858 граѓани на Република Македонија, чии што записи во Избирачкиот список no извршените вкрстени и теренски проверки се утврдени како спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список и кои не се пријавија во периодот од 26 јули до 19 август 2016 година, дека може да се пријават во Државната изборна комисија во периодот додека трае јавниот увид во Избирачкиот список од 28 октомври до 11 ноември 2016 година за да може да се запишат во Избирачкиот список… (повеќе)

Врз основа на член 31 став 2 точка 2 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија„ бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14 и 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 28.10. 2016 година, го донесе следниот

ЗАКЛУЧОК

1. Согласно член 49 од Изборниот законик, Државната изборна комисија на Р.М на ден 28.10.2016 година го става на јавен увид избирачкиот список. Јавниот увид ќе трае до 11.11.2016 година до 24:00 часот.

2. Избирачкиот список да се објави на веб страната на Државната изборна комисија и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

3. Преку министерстрвото за надворешни работи на Р.М, да се достават посебните изводи од избирачкиот список до дипломатско конзуларните преставништва и канцеларии на Р.М за лицата на привремена работа или престој во странство, врз основа на евиденцијата од надлежниот орган, за ставање на јавен увид… (повеќе)

Врз основа на член 31 став 2 точка 2 во врска со член 196-6 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16) , Државната изборна комисија на седницата одржана на 28.11.2016 година, го донесе следниот:

ЗАКЛУЧОК

1. Се пушта во употреба апликацијата за електронско пријавување на 29 858 граѓани на Република Македонија, чии записи во избирачкиот список по спроведените теренски и админситративни проверки се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците на граѓаните предмет на проверки во избирачкиот список, а кои не се пријавија во периодот од 26 јули до 19 август 2016 година.

2. Апликацијата ќе биде ставена во употреба за време на јавниот увид односно од 28.10.2016 до 11.11.2016 година… (повеќе)

Врз основа на член 31 став (2) точка 1 а во врска со членовите 18 став (3), 33 став (1), 34 став (1) и (4) и 35 став (1) и (2) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16,136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 26.10.2016 година, во состав: Александар Чичаковски, Претседател, Реџеп Прекопуца, Потпретседател и членовите Атанас Урумов, Сашо Срцев, Силвана Бонева, д-р Субхи Јакупи и Бедредин Ибраими, донесе

О Д Л У К А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ ИЗБОРНИ КОМИСИИ

I. Во одлуките за формирање на општинските изборни комисии, број 08–1304/1 од 28.04.2016 година, објавени во „Службен весник на Република Македонија“, број 84 од 30 април 2016 година, број 08-1304/3 од 06.05.2016 година, објавена во Службен весник на Република Македонија број 89 од 09.05.2016 година и број 08-1304/5 од 10.05.2016 година Државната изборна комисија решавајќи по поднесените барања за неприфаќање за извршување на должноста претседател, заменик претседател, член или заменик член во општинските изборни комисии поради здравствени или семејни причини, ги изврши следните измени и дополнувања… (повеќе)

Врз основа на член 34 од Привремениот деловник на Државната изборна комисија, број. 01-1089/1 од 04.07.2006 година, членот 31 став (2) точка 10 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11,142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 19.10.2016 година, донесе

 

ЗАКЛУЧОК
за важење и применување на обрасци за спроведување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, 11-ти декември 2016 година

1) Со овој Заклучок се утврдува дека обрасците за спроведување на избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, донесени од Државната изборна комисија и објавени во Службен весник на Република Македонија број 88 од 6 мај 2016 година и на ВЕБ страницата на Државната изборна комисија, се во ВАЖНОСТ и ќе се ПРИМЕНУВААТ и за спроведување на „Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, 11 -ти декември 2016 година”.

2) Овој заклучок влегува во сила со денот на усвојувањето… (повеќе)

Врз основа на член 34 од Привремениот деловник иа Државната изборна комисија, број. 01-1089/1 од 04.07.2006 година, членот 31 став (2) точка 16 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 19.10.2016 година, донесе

 

ЗАКЛУЧОК
за важење и применување на Кодексот за набљудување на изборите и изборната постапка при спроведување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, 11 -ти декември 2016 година

1) Со овој Заклучок се утврдува дека Кодексот за набљудување на изборите и изборната постапка, број 08-1282/1 од 27.04.2016 година донесени од Државната изборна комисија и објавен на ВЕБ страницата на Државната изборна комисија, е во ВАЖНОСТ и ќе се ПРИМЕНУВА и за спроведување на „Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, 11-ти декември 2016 година”.

2) Овој заклучок влегува во сила со денот на усвојувањето…(повеќе)

Врз основа на член 31 став 2 точка 2 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија,, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14 и 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 19.10.2016 година, донесе

УПАТСТВО
за важечки и неважечки гласачки ливчиња

1) Гласачкото ливче е важечко ако е во согласност со член 110 од Изборниот законик.
2) За важечко гласачко ливче се смета и она гласачко ливче од кое на сигурен и недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидати избирачот гласал.
3) Гласачкото ливче е неважечко ако не е пополнето или има заокружено повеќе листи на кандидати или кандидат

1. При утврдувањето на тоа што претставува „сигурен и недвосмислен начин,, треба да се појде од тоа на кој начин е пополнето гласачкото ливче, односно дека избирачот со заокружување јасно ја изразил волјата дека гласал само за една листа на кандидати или кандидат.
2. Сигурен и недвосмислен начин на изразување на волјата на избирачите би претставувало гласачко ливче на кое избирачот, наместо редниот број пред подносителот на листата, го заокружил името и презимето на носителот на листата или симболот на подносителот на листата.
3. Гласачкото ливче е неважечко доколку не е пополнето на начин предвиден со Изборниот законик, ако е прецртано делумно или целосно, ако се заокружени повеќе листи на кандидати, ако бројот на гласачкото ливче не е соодветен на бројот на гласачкото место каде се гласа, или ако гласачкото ливче нема печат на предната страна… (повеќе)

ИЗВЕСТУВАЊЕ
во врска со член 78 – a
рекламни паноа и билборди

Општините во Република Македонија, градот Скопје и правните лица кои стопанисуваат со рекламните паноа и билборди, се должни во рок од 5 дена од денот на распишувањето на изборите (најдоцна до 23 октомври 2016 година) јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди (задолжително на сопствените веб страници или гласила или во медиумите -печатени или електронски).

Максималниот број на рекламни паноа и билборди кои може да се користат за политичко рекламирање изнесува 50% од вкупниот број на територијата на определена општина, градот Скопје, односно на територијата на кое определено правно лице стопанисува со истите.

Заради распоредување на локациите за политичко рекламирање по пат на ждрепка која ја спроведува Државната изборна комисија, општините, градот Скопје и правните лица се должни локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди да ги достават до Државната изборна комисија… (повеќе)

ПРЕДМЕТ : Барање

Почитувани.

Be известуваме дека претседателот на Собранието на Република Македонија на 18 октомври 2016 година донесе решение бр.09-4469/1 за распишување на предвремени избори за пратечици во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 11 декември 2016 година.

Согласно член 25 став 1 од Изборниот законик, а во функција на непречено организирање и спроведување на претстојните избори бараме:

1. Да им ставите на располагање на раководителите на нашите подрачни одделенија и канцеларии едно возило (по можност теренско) и возач.

Согласно лланираните активности за подготовка на претстојните избори, подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија треба во најкраток можен рок да ги посетат локациите во кои согласно решенијата за описите на избирачките места се сместени истите, да ги подготват за непречено спроведување на гласањето и да склучуваат договори за закуп на приватни простории каде што нема објекти во државна сосптвеност… (повеќе)

Врз основа на член 31 став 2 точка 44 и член 50-а став 1, 3 и 4 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), согласно членовите 18 и 34 од Привремениот деловник на Државната изборна комисија, број. 01-1089/1 од 04.07.2006 година а во врска со Решението на Претседателот на Собранието на Република Македонија, за распишување на „Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, 11 декември 2016 година“, број 09-4469/1 од 18.10.2016 година, објавено во „Службен весник на Република Македонија“, број 193 од 18.10.2016 година, Државната изборна комисија на седницата одржана на 18.10.2016 година, усвои

ЈАВЕН ПОВИК
за распишување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија

                                                              податоци за видот на изборите за кои се гласа
Се известуваат државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во (се наведува државата) дека на 11 декември 2016 година ќе се одржат Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија… (повеќе)

[ux_image id=”8526″ drop_shadow=”1″]

 

Превземи (Решение за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија – 11.12.2016 година)

Правната служба на Државната изборна комисија, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 12 и 13 октомври 2016 година оствари дводневна посета за размена на искуства со Централната изборна комисија на Косово (ЦИК).

Со членовите и секретарот на ЦИК, како и со шефовите на правниот, оперативниот и одделот за информатичка технологија, тие разговараа за различните можности при постапувањето по приговори за време на избори, како и за воспоставување на процедури и стандарди за истите.

Правната служба на ДИК оствари средба и со независниот Панел за изборни жалби и претставки, чија цел е да обезбеди професионално, непристрасно и навремено разрешување на изборните спорови, осигурувајќи ја заштитата на правата на сите учесници во изборниот процес.

 

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски и шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Нина Суомалаинен, потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот се однесува на заедничките активности на ОБСЕ и ДИК за периодот 2016 – 2017 година, за зајакнување на капацитетите на изборната администрација.

 

Превземи (Збирен месечен извештај за спроведени промени во избирачкиот список за месец септември 2016 година)

Во рамките на подготовките за претстојните парламентарни избори, Државната изборна комисија организира и спроведува регионални работилници за општинските изборни комисии.
Целта на работилниците е секоја општинска изборна комисија да изготви план на активностите, со временска рамка, рокови, како и одговорни лица за извршување на истите.
Спроведувањето на работилниците е во тек, а заклучно со 30 септември ќе се спроведат вкупно 14 регионални работилници, и тоа  четири во Скопје, две во Штип, и по една во Струмица, Богданци, Прилеп, Битола, Охрид, Куманово, Тетово и Гостивар. Работилниците ги спроведуваат обучувачи на Државната изборна комисија.

 

Делегација на Државната изборна комисија учествува на јубилејната 25-та Годишна конференција на Асоцијацијата на изборни органи од Европа, која се одржува во Тирана, Албанија. Тема на Конференцијата е ,,Развојот на изборните системи и процеси во последните 25 години”.

Се известуваат граѓаните дека доколку при пребарувањето во Избирачкиот список, по ЕМБГ, по име и презиме или по адреса, НЕ СЕ ПРОНАЈДАТ во Избирачкиот список, да се проверат дали се наоѓаат во Листата на граѓани чии што записи во Избирачкиот список останале спорни, односно за кои има несовпаѓање на податоците, а кои согласно член 196-б од Изборниот законик не доставиле пријава до Државната изборна комисија.

Доколку се пронајдат во Листата, а за да го оставарат своето избирачко право на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат во декември 2016 година, ќе можат да се пријават при Државаната изборна комисија во текот на Јавниот увид во Избирачкиот список кој ќе трае 15 дена.

Државната изборна комисија најдоцна 10 дена од денот на распишувањето на изборите, Избирачкиот список ќе го стави на јавен увид во своите подрачни одделенија и месни канцеларии.

Граѓаните пријавувањето ќе можат да го направат согласно Упатството кое ќе го донесе Државната изборна комисија.

Државната изборна комисија денес оствари средба со новиот шеф на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, амбасадорот Самуел Жбогар.
Амбасадорот Жбогар се запозна со членовите на Комисијата и ја нагласи поддршката кон работата на Државната изборна комисија и нејзините заложби за организирање и спроведување на фер и демократски избори.
Во текот на двочасовната средба, амбасадорот Жбогар беше запознат со тековните активности кои се преземаат во насока на подготовка за претстојните предвремени парламентарни избори, кои треба да се одржат на 11 декември 2016 година, како и предизвиците пред кои е исправена Државната изборна комисија.
Државната изборна комисија истакна дека, посветено и одговорно работи на остварување на своите надлежности. Во фокусот на Државната изборна комисија секогаш е избирачкото право како уставно загарантирано право и во Комисијата постои согласност дека целиот процес мора да се заврши квалитетно, со цел зајакнување на довербата во Избирачкиот список и изборите кај сите актери во процесот.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Превземи (Збирен месечен извештај за спроведени промени во избирачкиот список за месец август 2016 година)

Предмет: Прв седмичен извештај на Агенцијата

Почитувани,

Врз основа на обврските од член 76-в став 2 и член 196-в од Изборниот законик, а во согласност со Меморандумот склучен меѓу нашите институции на 04,02.2016 година, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го доставува првиот седмичен извештај за периодот од 2 до 8 септември 2016 година.

Имајќи предвид дека според член 196-в од Изборниот законик, правилата за медиумско претставување од членовите 75, 75-а, 75-6, 75-в, 75-г, 75-д, 76-в и 76-г се применуваат 100 дена пред денот на одржување иа предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат во 2016 година, Агенцијата започна со мониторингот на 2 септември 2016 година… (повеќе)

Skip to content