Државната изборна комисија известува дека од 13 март 2016 година – недела во 24:00 часот, опцијата за пријавување на неконзистентни записи во Избирачкиот список на веб страницата на Државната изборна комисија ќе биде затворена. Ова од причина што за пристигнатите пријави е потребно време Државната изборна комисија соодветно да ги обработи, да ги спореди со податоците од вкрстените проверки и да утврди кои од пријавените случаи треба да бидат предмет на теренска проверка. Read more

http://www.sec.mk/files/javen-povik-za-izbor-na-IT-kompanii.pdf

Државната изборна комисија денес оствари средба со амбасадорот на САД во Република Македонија Џеф Бејли и шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија Аиво Орав.

Амбасадорите Бејли и Орав ја нагласија поддршката кон работата на Државната изборна комисија во нејзините заложби за организирање и спроведување на фер и демократски избори.

Во текот на двочасовната средба двајцата амбасадори се интересираа за повеќе прашања кои се од доменот на надлежностите на ДИК. Меѓу нив, клучно место заземаа кадровската екипираност, финансирањето на активностите на ДИК, оперативните планови за спроведувањето на активности пред и по распишување на изборите, напредокот во процесот на имплементација на двата Правилника за методологии за водење и ажурирање, како и вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список.

sredba-orav-bejli

Државната изборна комисија истакна дека, што се однесува до овој процес, сите 10 бази на податоци добиени од соодветните институции се веќе вчитани во серверот на ДИК. Во моментов, во тек е процесот на стандардизирање, нормализирање и валидизација на податоците од базите. Овој процес го вршат консултанти за ИТ, ангажирани од ДИК, а предложени од четирите најголеми политички партии. Нивната работа ја координира меѓународен експерт за ИТ ангажиран од ИФЕС.
По комплетирањето на споменатиот процес, ќе следува изготвувањето и усвојувањето на тестови за вршење на вкрстените проверки, по што ќе отпочнат и вкрстените проверки.

Државната изборна комисија истакна дека, од нејзиното формирање па до денес, посветено и одговорно работи на остварување на своите надлежности. Сите битни одлуки и акти во досегашното работење ДИК ги донесе со консензус, а на ист начин работи и одлучува и тимот на консултанти за ИТ. Во фокусот на ДИК секогаш е избирачкото право како уставно загарантирано човеково право и во ДИК постои согласност дека целиот процес мора да се заврши квалитетно, со цел зајакнување на довербата во изборите кај сите актери во процесот.

Сите останати информации поврзани со работата на ДИК кои се појавуваат во јавноста се во доменот на шпекулации.

Државната изборна комисија, во состав на Алаксандар Чичаковски, претседател, Реџеп Прекопуца, потпретседател и членовите Атанас Урумов, Силвана Бонева, Сашо Срцев, Субхи Јакупи, БИолета Дума, Игор Милев и Бедредин Ибраими…

Odluka_07022016

Државната изборна комисија на седницата одржана на 21.01.2016 година ги усвои Извештајот на ДИК за преземените работи согласно член 153-а од Изборниот законик и Одлуката за усвојување на годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2016 година на ДИК – буџетска програма 20.

Членовите на Државната изборна комисија едногласно ја усвоија и процедурата за користење и обработка на лични податоци при вршење на вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденција како и Меморандумот за соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Денес, 12.01.2016 година, во 11.15 часот членовите на Државната изборна комисија ќе имаат средба со тројцата членови на Европскиот Парламент: Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан.

Ги покануваме снимателите и фоторепортерите да присуствуваат на почетокот од средбата која ќе се одржи во просториите на ДИК, во салата на четврти кат.

Skip to content