На седницата на Државната изборна комисија беше донесена Одлуката за дополнување на Одлуката за доделување на средства за општинските изборни комисии за спроведување на Избори за членови на советите на општините и советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Градот Скопје, 17 октомври 2021 година, со која на општинските изборни комисии им се доделуваат средства за спроведување на вториот изборен круг, која висина на средства се одредува согласно бројот на избирачки места.
Понатаму беше донесена и Одлуката за утврдување на обликот на печатот со број на избирачко место кои ги користат избирачките одбори при спроведување на гласањето, кои претходно со решение на Државната изборна комисија се ставени вон употреба.
На седницата се одлучуваше по поднесени приговори од подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето.
Имено, во определениот законски рок, согласно член 148 од Изборниот законик, до Државната изборна комисија беа поднесени приговори од повеќе подносители на листи и тоа ВМРО – ДПМНЕ и Коалиција Обнова на Македонија, Коалиција најдоброто за мојата општина предводена од СДСМ, Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива, Движење Одлучно за промени, Демократска партија на Турците на Македонија, Левица и Демократска унија за интергација.
Од страна на Твоја партија беше доставен приговор за непочитување на одредбите за активностите и времетраењето на изборната кампања, но бидејќи не беше доставен во законски определениот рок едногласно беше отфрлен. Исто така и Барањето за увид во неважечките ливчиња доставено од Единствена Македонија, беше доставено вон законскиот рок.
Приговорите поднесени од ВМРО – ДПМНЕ и Коалиција Обнова на Македонија, Коалиција најдоброто за мојата општина предводена од СДСМ, Демократска унија за интергација и дел од Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива, од страна на овластените подносители на листи беа писмено повлечени.
Останатите приговори Државната изборна комисија ги одби поради тоа што истите не беа поткрепени со факти и докази. Подносителите на приговорите не го искористиле правото и можноста која е дадена согласно Изборниот законик да се постапува во случај на евентуални нерегуларности во изборниот процес, да се стават свои забелешки за евентуални неправилности доколку биле евидентирани преку своите овластени претставници во записниците на избирачките одбори или општинските изборни комисии, како за постапката за гласање така и за сумирање и утврдување на резултатите.
Во прилог на приговорите не беше доставен соодветен доказ за наводите кои беа наведени во нив, а во Записникот бр.16 и Записникот бр.21 за секое избирачко место кое е предмет на приговор, немаше забелешка од ниту еден член од избирачките одбори, ниту од овластените претставници од подносителите на листите (согласно член 116 став 3 од Изборниот законик), кое исто беше утврдено по повеќекратните проверки и увид во записниците од страна на Државната изборна комисија.
Исто така не беше постапено и согласно член 117 став (6) каде е наведено дека доколку забелешките на претставниците на подносителите на листите не се евидентирани во записникот, тие имаат право да ги достават до општинската изборна комисија во рок од 5 часа од составувањето на записникот и забелешките согласно одредбите од член 116 став 3 да бидат основа за приговор.
Донесените акти од оваа седница ќе бидат објавени на официјалната веб страница.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Решениja за повторување на гласање за Локалните избори 2021
Решение за повторување на гласање во Општина Дебар на ИМ 0543, за Локалните избори 2021
Решение за повторување на гласање во Општина Шуто Оризари на ИМ 29571, за Локалните избори 2021
Известување од триесет и третата седница на Државната изборна комисија, одржана на 23 октомври 2021 година
На седницата на Државната изборна комисија беше донесен Заклучокот за известување за конечност на резултати од гласањето за избор на членови на совет на општините и совет на Град Скопје и градоначалници на општините и Градоначалник на Град Скопје, одржани на 17 октомври 2021 година за соодветните општини.
По одржаното гласање на 17 октомври 2021 година за втор круг кој ќе се одржи на 31 октомври 2021 година, ќе се гласа во вкупно 44 општини и за Градот Скопје.
Согласно член 136 став (3) од Изборниот законик потребно е општинските изборни комисии веднаш да ги објават конечните резултати од гласањето одржано на 17 октомври 2021 година, а во рок од 24 часа од објавувањето да ја известат Државната изброна комисија заради потребата конечните резултати од гласањето одржано на 17 октомври 2021 година да се објават и на веб страницата на Државната изборна комисија.
Заклучокот ќе биде објавен на веб страницата на Државната изборна комисија.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето за Избор на членови на совет на општините и совет на Град Скопје и градоначалници на општините и Градоначалник на Град Скопје 17.10.2021
Заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето за Избор на членови на совет на општините и совет на Град Скопје и градоначалници на општините и Градоначалник на Град Скопје, одржани на 17.10.2021 година, за соодветните општини
Известување од триесет и втората седница на Државната изборна комисија, одржана на 22 октомври 2021 година
На седницата на Државната изборна комисија беше донесена Одлуката за дополнување на Одлуката за доделување на средства за општинските изборни комисии за спроведување на Избори за членови на советите на општините и советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Градот Скопје, 17 октомври 2021 година, со која на општинските изборни комисии им се доделуваат средства за спроведување на вториот изборен круг, која висина на средства се одредува согласно бројот на избирачки места.
Понатаму беше донесена и Одлуката за утврдување на обликот на печатот со број на избирачко место кои ги користат избирачките одбори при спроведување на гласањето, кои претходно со решение на Државната изборна комисија се ставени вон употреба.
На седницата се одлучуваше по поднесени приговори од подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето.
Имено, во определениот законски рок, согласно член 148 од Изборниот законик, до Државната изборна комисија беа поднесени приговори од повеќе подносители на листи и тоа ВМРО – ДПМНЕ и Коалиција Обнова на Македонија, Коалиција најдоброто за мојата општина предводена од СДСМ, Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива, Движење Одлучно за промени, Демократска партија на Турците на Македонија, Левица и Демократска унија за интергација.
Од страна на Твоја партија беше доставен приговор за непочитување на одредбите за активностите и времетраењето на изборната кампања, но бидејќи не беше доставен во законски определениот рок едногласно беше отфрлен. Исто така и Барањето за увид во неважечките ливчиња доставено од Единствена Македонија, беше доставено вон законскиот рок.
Приговорите поднесени од ВМРО – ДПМНЕ и Коалиција Обнова на Македонија, Коалиција најдоброто за мојата општина предводена од СДСМ, Демократска унија за интергација и дел од Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива, од страна на овластените подносители на листи беа писмено повлечени.
Останатите приговори Државната изборна комисија ги одби поради тоа што истите не беа поткрепени со факти и докази. Подносителите на приговорите не го искористиле правото и можноста која е дадена согласно Изборниот законик да се постапува во случај на евентуални нерегуларности во изборниот процес, да се стават свои забелешки за евентуални неправилности доколку биле евидентирани преку своите овластени претставници во записниците на избирачките одбори или општинските изборни комисии, како за постапката за гласање така и за сумирање и утврдување на резултатите.
Во прилог на приговорите не беше доставен соодветен доказ за наводите кои беа наведени во нив, а во Записникот бр.16 и Записникот бр.21 за секое избирачко место кое е предмет на приговор, немаше забелешка од ниту еден член од избирачките одбори, ниту од овластените претставници од подносителите на листите (согласно член 116 став 3 од Изборниот законик), кое исто беше утврдено по повеќекратните проверки и увид во записниците од страна на Државната изборна комисија.
Исто така не беше постапено и согласно член 117 став (6) каде е наведено дека доколку забелешките на претставниците на подносителите на листите не се евидентирани во записникот, тие имаат право да ги достават до општинската изборна комисија во рок од 5 часа од составувањето на записникот и забелешките согласно одредбите од член 116 став 3 да бидат основа за приговор.
Донесените акти од оваа седница ќе бидат објавени на официјалната веб страница.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Известување од продолжението на триесет и првата седница на Државната изборна комисија, одржано на 20 октомври 2021 година
На продолжението на седницата на Државната изборна комисија беа разгледани поднесените приговори од ВМРО –ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“ за кампања за време на изборен молк, согласно член 69 –а од Изборниот законик. Во наводите за двата приговори станува збор за активности и дејствија од страна на кандидатите за градоначалник кои ги објавиле на социјалните мрежи, меѓу кои едниот од кандидатите на лична социјална мрежа. Статусот на социјалните мрежи не е дефиниран и опфатен во Изборниот законик што значи Државната изборна комисија неможе да заземе објективен став и да постапува во вакви случаи. Дополнително на тоа приговорот за Општина Ѓорче Петров се однесува на објава која е објавена за време на траењето на изборната кампања, кога сеуште не бил започнат изборниот молк.
Согласно горенаведеното Државната изборна комисија едногласно ги одби поднесените приговори.
Истовремено, Државната изборна комисија информираше дека седницата не се пренесуваше во живо од причини што просторните капацитети и техничките услови не беа исполнети за пренос на истата, поради приемот на уредите за биомтериска идентификација на гласачите кои општинските изборни комисии ги доставуваат до Државната изборна комисија.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Задолжителни препораки за здравствена заштита во текот на изборниот процес – Локални избори 2021
Задолжителни препораки за здравствена заштита во текот на изборниот процес – Локални избори 2021
Информација за лицата со оштетен слух и говор
И оваа година на денот на изборите активен ќе биде телефонски број 076 488 360 на кој лицата со оштетен служ и говор преку видео повик ќе можат да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на македонски знаковен јазик.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Известување од триесеттата седница на Државната изборна комисија, одржана на 12 октомври 2021 година
На седницата на Државната изборна комисија беа прифатени барањата за добивање овластување за набљудувачи за Локалните избори 2021 година поднесени од Алџезир Балкан – дописништво Скопје, Цивил, Граѓанската превенција „Превенција за време на избори“ и дополнувањето од Државната изборна комисија на Босна и Херцеговина.
Државната изборна комисија ги иззема членовите на посебните избирачки одбори кои ги исполнуваа условите да бидат изземени и согласно тоа спроведе случаен избор за претседател и членови на посебните избирачки одбори кои ќе го спроведат гласањето на лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на Ковид-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација.
На седницата беше донесена Одлуката за утврдување на обликот на 183 печати со број на избирачко место кои ги користат избирачките одбори при спроведување на гласањето а се ставени вон употреба.
Државната изборна комисија информираше за преземените завршни активности непосредно пред денот на гласање и тоа:
Истовремено, Државната изборна комисија информираше дека гласањето за болни и немоќни ќе се спроведува на 16 октомври 2021 година (сабота). До општинските изборни комисии барање за гласање на болни и немоќни доставиле вкупно 7891 лица, од кои досега 3 545 лица се прифатени, а 283 лица се одбиени. Обработката на барањата од страна на општинските изборни комисии е сеуште во тек.
На 16 октомври 2021 година (сабота) гласаат и лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на Ковид-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација и во законски опредлениот рок пријавени се вкупно 476 лица.
Донесените акти од оваа седница ќе бидат објавени на официјалната веб страница.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Известување од двaесет и деветтата седница на Државната изборна комисија, одржана на 8 октомври 2021 година
Со цел да обезбеди независно, непристрасно и правично разгледување и одлучување по приговорите Државната изборна комисија го донесе Упатството за начинот и постапката за решавање на приговори кои се во надлежност на Државната изборна комисија, со кое се уредуваат минималните услови за формата и содржината на приговорот, начинот на поднесување и регистрирање на приговорот, начинот на предлагање и проверка на доказите, увидот во избирачкиот материјал, известувањето на подносителот на приговорот и на јавноста, процедурите за анализа и одлучување по приговорите, поништување и повторување на гласањето, постапката за оперативно следење на приговорите и пристапот до базата на податоци, начинот на чување и архивирање на приговорите, документите, изборниот материјал и други прашања од значење за правната заштита на изборниот процес, по однос на приговорите поднесени од избирачите и овластените подносители на листи на кандидати согласно член 69-а, 108-б став 3, 148, 149 ст.2 и 149-а од Изборниот законик, а во врска со член 147, 147-а и член 151 од Изборниот Законик. Во врска со ова посебно беа образложени деловите од Правилникот за начинот на постапување на Државната изборна комисија поради проверка на податоците на уредите за биометриска идентификација на гласачите, што претставува основ за одлучување согласно измените на Изборниот законик.
Податоците за отпечатоците од прсти од Избирачкиот систем кои до Државната изборна комисија ги достави Министерството за внатрешни работи за биометриска идентификација на гласачите на денот на изборите, се чуваат во централен систем инсталиран во Државната изборна комисија. Истите ќе бидат импортирани до уредите за биометриска идентификација на гласачите кои се користат на денот опредлелен за гласање, а по завршувањето на гласовите, уредите се враќаат до општинските изборни комисии а тие ги враќаат до Државната изборна комисија, каде 10 дена по објавување на конечните резултати од изборите се врши трајно бришење на отпечатоците на прсти. За таа цел на седницата беше донесено Упатството за начинот и постапката на чување, обработка и бришење на податоците за отпечатоци од прсти од Избирачкиот список.
Бидејќи и Локалните избори 2021 година ќе се спроведуваат во услови на пандемија поради Коронавирусот, Државната изборна комисија ги усвои Задолжителните препораки за здравствена заштита во текот на изборниот процес и заклучи истите да ги достави на мислење до Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.
На седницата беа прифатени барањата за добивање овластување за набљудувачи за Локалните избори 2021 година поднесени од повеќе организации и амбасади, со што заклучно со денешната седница за овие избори Државната изборна комисија издаде вкупно 1040 акредитации.
Државната изборна комисија спроведе случаен избор за претседател и членови на посебните избирачки одбори кои ќе го спроведат гласањето на лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на Ковид-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација.
По однос на пријавувањето за гласање на овие лица, овозможено е покрај постојните начини за пријавување истото да го направат и преку апликацијата https://izolacija.sec.mk.
Донесените акти од оваа седница ќе бидат објавени на официјалната веб страница.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Прирачници за пополнување на обрасци – Локални избори 2021
Прирачник за обезбедување, чување, ракување и дистрибуција на изборниот материјал
Прирачник за обезбедување, чување, ракување и дистрибуција на изборниот материјал – Локални избори 2021
Упатство за начинот и постапката за решавање на приговори во надлежност на ДИК
Упатство за начинот и постапката за решавање на приговори кои се во надлежност на Државната изборна комисија
Упатство за начинот и постапката на чување, обработка и бришење на податоците за отпечатоци од прсти од ИС
Упатство за начинот и постапката на чување, обработка и бришење на податоците за отпечатоци од прсти од избирачкиот список
Џебен прирачник за членови на избирачките одбори 2021
Џебен прирачник за членови на избирачките одбори 2021
Pocket manual for members of electoral boards 2021
Прирачник за едукација на членовите на избирачките одбори – Локални избори 2021
Прирачник за едукација на членовите на избирачките одбори – Локални избори 2021
Прирачник за едукација на членовите на ОИК и изборната комисија на град Скопје – Локални избори 2021
Прирачник за едукација на членовите на општинските изборни комисии и изборната комисија на град Скопје – Локални избори 2021
Одлуки за изменување и дополнување на одлуките за формирање на ОИК – 05.10.2021
Известување за неприфаќање на барањата за изземање од должноста во ОИК – 05.10.2021
Известување за неприфаќање на барањата за изземање од должноста во ОИК – 05.10.2021
Известување за неприфаќање на барањата за изземање од должноста во ОИК – 30.09.2021
Известување за неприфаќање на барањата за изземање од должноста во ОИК – 30.09.2021
Прирачник за начинот на користење на уредот за биометриска идентификација на гласачите 2021
Прирачник за начинот на користење на уредот за биометриска идентификација на гласачите 2021
Manual on how to use the voter biometric identification device 2021