На 40-та седница на
Државната изборна комисија, која се одржа на 9.5.2019 година (четврток), Комисијата
ги разгледуваше и одлучуваше по поднесените приговори од овластен претставник и
по истите беше одлучено на следниот начин:
- Приговорот Уп1 9 107 од 7.5.2019 година, за Избирачкото место 1789 Општина
Ново Село, за избор на градоначалник на Општината Ново Село, по извршениот увид
едногласно беше одбиен од страна на Државната изборна комисија.
Истовремено,
Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на
избирачкиот одбор од ова избирачко место, како и општинската изборна комисија Ново
Село.
- Приговорот Уп1 9 108 од 7.5.2019 година, за Избирачкото место 1001 Општина
Куманово, за Избор на Претседател на Републиката, по извршениот увид едногласно
беше прифатен од страна на Државната изборна комисија.
Истовремено,
Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на
избирачкиот одбор од ова избирачко место.
- Приговорот Уп1 9 109 од 7.5.2019 година, за Избирачкото место 2350/1 Општина
Студеничани, за Избор на Претседател на Републиката, по извршениот увид
едногласно беше одбиен од страна на Државната изборна комисија.
- Приговорот Уп1 9 110 од 7.5.2019
година, за Избирачкото место 2047 Општина Брвеница, за Избор на Претседател на
Републиката, по извршениот увид едногласно беше одбиен од страна на Државната
изборна комисија.
- Приговорот Уп1 9 111 од 7.5.2019 година, за Избирачкото место 2967/1 Општина
Шуто Оризари, за Избор на Претседател на Републиката, по извршениот увид
едногласно беше прифатен од страна на Државната изборна комисија.
Истовремено, Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разреши
соодветната смена од избирачкиот одбор од ова избирачко место, за времето кога
е сторена повредата.
- Приговорот Уп1 9 112 од 7.5.2019
година, за Избирачкото место 2859 Центар, за Избор на Претседател на
Републиката, по извршениот увид едногласно беше одбиен од страна на Државната
изборна комисија.
- Приговорот Уп1 9 113 од 7.5.2019 година, за
Избирачкото место 2430/1 Општина Сарај, за Избор на Претседател на Републиката,
по извршениот увид едногласно беше прифатен од страна на Државната изборна
комисија.
Истовремено,
Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на
избирачкиот одбор од ова избирачко место.
- Приговорот Уп1 9 114 од 7.5.2019 година, за Избирачкото место 0277/1 Општина Пласница,
за Избор на Претседател на Републиката, по извршениот увид едногласно беше
одбиен од страна на Државната изборна комисија.
- Приговорот Уп1 9 115 од 7.5.2019
година, за Избирачкото место 1281/1 Општина Охрид, за Избор на Претседател на
Републиката, по извршениот увид едногласно беше одбиен од страна на Државната
изборна комисија.
- Приговорот Уп1 9 116 од 7.5.2019
година, за Избирачкото место 1261 Општина Охрид, за Избор на Претседател на
Републиката, по извршениот увид едногласно беше одбиен од страна на Државната
изборна комисија.
Истовремено,
Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на
избирачкиот одбор од ова избирачко место.
- Приговорот Уп1 9 117 од 7.5.2019
година, за Избирачкото место 1521 Општина Прилеп, за Избор на Претседател на
Републиката, по извршениот увид едногласно беше одбиен од страна на Државната
изборна комисија.
Истовремено,
Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на
избирачкиот одбор од ова избирачко место.
- Приговорот Уп1 9 118 од 7.5.2019 година, за Избирачкото место 1588 Општина
Радовиш, за Избор на Претседател на Републиката, по извршениот увид едногласно
беше прифатен од страна на Државната изборна комисија.
Истовремено,
Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на
избирачкиот одбор од ова избирачко место.
Исто така, за
избирачките места каде што беа прифатени приговорите, Државната изборна
комисија донесе решение за поништување на гласањето, согласно член 151 став (1)
од Изборниот законик, но имајќи предвид дека резултатите од поништените
избирачки места на влијаат на вкупниот резултат, нема да има прегласување за
истите.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Дневен ред – 47 седница на Државната изборна комисија
Дневен ред – 47 седница на Државната изборна комисија
Средба со набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР
На 16.09.2019 година, Државната изборна комисија имаше средба со претставниците на Наблудувачката Мисија на ОБСЕ ОДИХР, предводена од г-ѓа Корин Јонкер, шеф на мисијата.
На средбата беше претставен Конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за Претседателските избори 2019 година и беа искажани пофални зборови околу организорањето и спроведувањето на истите.
Беше искажана безрезервна поддршка на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР кон напорите за понатамошно подобрувањето на изборниот процес во целина, а посебно на активностите на Државната изборна комисија во престојниот процес за имплементација на изборните реформи.
Повторен оглас број 1/2019 за вработување на 9 (девет) извршители на определено време
Повторен оглас број 1 / 2019 за вработување на 9 (девет) извршители на определено време во траење до 31 декември 2019 година во Државната изборна комисија
Преглед на реализација за медиумска кампања – Избори 2019
Преглед на реализација на плаќања за медиумска кампања – Избори 2019
45-та седница на Државната изборна комисија
На 9 јули 2019 година, Државната изборна комисија ја одржа својата 45 седница на која беше разгледан и усвоен Извештајот на Државната изборната комисија за преземените работи согласно член 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, согласно Известувањето од Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, број 08 – 3656 / 15 од 09.07.2019 година, со кој Државната изборна комисија беше известена за престанок на мандатот на пратеникот Весел Мемеди. На негов место, до крајот на мандатот пратеник стана Арта Точи. На новоизбраниот пратеник, Држаавната изборна комисија и врачи уверение за избран пратеник. Извештајот беше доставен до Собранието на Република Северна Македонија.
43-та и 44-та седница на Државната изборна комисија
На 11 јуни 2019 година, Државната изборна комисија на Република Северна Македонија ја одржа својата 43 седница, на која беше разгледан и усвоен конечниот Извештај за спроведените избори за Претседател на Република Северна Македонија, одржани на 21 април и 5 мај 2019 година. Извештајот беше веднаш доставен и до Собранието на Република Северна Македонија и беше објавен на интернет страната на Државната изборна комисија.
На истата седница беше усвоен и Извештајот на Државната изборната комисија за преземените работи согласно член 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, согласно Известувањето од Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, број 08 – 3215 / 7 од 11.06.2019 година, со кој Државната изборна комисија беше известена за престанок на мандатот на пратениците Павле Богоевски и Никола Груевски. На нивно место, до крајот на мандатот пратеници станаа Александар Филиповски и Ѓоко Камчев. На новоизбраните пратеници, Држаавната изборна комисија им врачи уверение за избран пратеник. Извештајот беше доставен до Собранието на Република Северна Македонија.
На 8 јули 2019 година, Државната изборна комисија ја одржа својата 44 седница на која беше разгледан и усвоен Извештајот на Државната изборната комисија за преземените работи согласно член 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, согласно Известувањето од Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, број 08 – 3644 / 22 од 28.06.2019 година, со кој Државната изборна комисија беше известена за престанок на мандатот на пратеникот Горан Милевски. На негов место, до крајот на мандатот пратеник стана Александра Цветкоска. На новоизбраниот пратеник, Држаавната изборна комисија и врачи уверение за избран пратеник. Извештајот беше доставен до Собранието на Република Северна Македонија.
Извештај за спроведените избори за Претседател на Република Северна Македонија 2019 год
Извештај за спроведените избори за Претседател на Република Северна Македонија одржани на 21 април и 5 мај 2019 година.pdf
Решение од Основен суд Скопје II – Скопје – 3ВПП2 – 398/19
Решение од Основен суд Скопје II – Скопје – 3ВПП2 – 398/19, во правната работа на предлагачот Трговско Радиодифузно Друштво 1 ТВ ДООЕЛ Скопје против противникот Државна Изборна Комисија
Решение од Апелационен суд Скопје – ТСЖ – 897/19
Решение од Апелационен суд Скопје – ТСЖ – 897/19, во правната работа на предлагачот Трговско Радиодифузно Друштво 1 ТВ ДООЕЛ Скопје против противникот Државна Изборна Комисија
Правилник за критериумите за определување на надоместок на членовите на изборните органи и изборната администрација за спроведување на изборите 2019 година
Правилник за критериумите за определување на надоместок на членовите на изборните органи и изборната администрација за спроведување на изборите 2019 година
Упатство за начин на реализација на средствата за исплата на надоместоци на членовите на изборната администрација 2019
Упатство за начин на реализација на средствата за исплата на надоместоци на членовите на изборната администрација 2019
42-ра седница на Државната изборна комисија
Државната изборна комисија на ден 28.05.2019 година (вторник) ја одржа 42-та седница на која ги донесе следниве акти: Правилникот за критериумите за определување на надоместокот на членовите на изборните органи и изборната администрација за спроведување на Изборите на Претседател на Република Северна Македонија и Предвремените избори за градоначалници на општините Охрид, Ново Село и Дебар и Упатството за начинот на реализација на средствата за исплата на надоместоците на членовите на изборните органи и изборната администрација, определени со Правилникот за надоместокот.
Исто така Претседателот на Државната изборна комисија ја информираше јавноста за исплатените средства на медиумите за извршено платено медиумско рекламирање од страна на кандидатите за Претседател на Републиката и кандидатите за градоначалници. Вкупната досегашна исплатена сума од страна на ДИК по двата основи е во износ од 3.768.794,00 евра, односно за Претседателски избори 2019 сума во износ од 219.596.294,00 денари, а за Предвремените локални избори 2019 година сума во износ од 12.184.600,00 денари, односно вкупно 231.780.844,00 денари.
Средба на Државната изборна комисија со претставниците на мисијата ОБСЕ/ОДИХР
Во седиштето на Државната изборна комисија, се одржа средба помеѓу членовите на Државната изборна комисија и претставниците на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, во врска со Изјавата со прелиминарни наоди и заклучоци во однос на вториот изборен круг и денот на Изборите за избор на Претседател на Републиката 2019 година, кои се одржаа на 5.5.2019 година.
Имено, на средбата се дискутираше за забелешките и препораките од страна на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за овој изборен циклус, како и за значително позитивните преземени активности од страна на Државната изборна комисија за фер и демократски избори, што подразбира: транспарентност во целиот изборен процес, зајакнување на капацитетите на изборната администрација и законска рамка за успешно спроведување на изборите, со што се покажа демократскиот капацитет на државата.
Истовремено, по однос на препораките се дискутираше за сите недостатоци кои беа детектирани, а особено поврзани со недоследноста на законската рамка, за кои Државната изборна комисија потврди. Заради потребата од нивно надминување и решавање, во периодот кој следува Државната изборна комисија информираше дека токму тоа ќе биде приоритет за работа.
Двете страни се заблагодарија за меѓусебната отворена соработка и транспарентност и се согласија истата да ја продолжат и понатаму.
Заклучок за објавување на конечните резултати и за завршување на Предвремени избори за градоначалници во општините Охрид, Дебар и Ново Село 2019
Заклучок за објавување на конечните резултати и за завршување на Предвремени избори за градоначалници во општините Охрид, Дебар и Ново Село 2019
Заклучок за завршување на Претседателските избори 2019
Заклучок за завршување на Претседателските избори 2019
Заклучок за објава на конечни резултати од Претседателски избори 2019 година
Заклучок за објава на конечни резултати од вториот круг на гласање од Претседателски избори 2019 година
41-та седница на Државната изборна комисија
На 41-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 11.5.2019 година, се донесе Заклучокот за објавување на конечните резултати од вториот круг на гласање од Изборите за избор на Претседател на Републиката, со кој резултатите од гласањето стануваат конечни имајќи предвид дека во законскиот рок до Управниот суд на Република Северна Македонија и до Државната изборна комисија нема поднесено тужба за заштита на избирачкото право на подносителите на листите на кандидат.
Имено, Државната изборна комисија врз основа на податоците во доставените записници од избирачките одбори, општинските изборни комисии, целокупниот изборен материјал и по донесените решенија од Државната изборна комисија, утврди дека од вкупно запишаните 1.808.131 избирачи во заклучениот Избирачки список, гласале 843.508 избирачи, што во проценти изнесува 46,65%. Според пресметаните и утврдените резултати од гласањето спроведено на 5.5.2019 година и донесените решенија на Државната изборна комисија, вкупниот број на гласови што го добила секоја Листа на кандидат за претседател пооделно изнесува:
-кандидатот Гордана Сиљановска Давкова, добила 377.446 гласа, што во процент изнесува 44,75%
-кандидатот Стево Пендаровски, добил 435.656 гласа, што во процент изнесува 51,65%.
Согласно тоа, според пресметаните и утврдените резултати од гласањето, а врз основа на член 121 став (3) од Изборниот законик, Државната изборна комисија утврди дека Стево Пендаровски е избран за Претседател на Републиката, како кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале.
Истовремено, на седницата се донесе Заклучокот според кој со објавата на конечните резултати од Изборите за избор на Претседател на Републиката, се завршени Претседателските избори 2019 година.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Решенија по приговори II круг
Решенија по приговори II круг
[gdrive id=”1qklNAmZmNzhNqUD5Cjyiqie-236PyTOP” style=”list” width=”100%” height=”700px”]40-та седница на Државната изборна комисија
На 40-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 9.5.2019 година (четврток), Комисијата ги разгледуваше и одлучуваше по поднесените приговори од овластен претставник и по истите беше одлучено на следниот начин:
Истовремено, Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на избирачкиот одбор од ова избирачко место, како и општинската изборна комисија Ново Село.
Истовремено, Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на избирачкиот одбор од ова избирачко место.
Истовремено, Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разреши соодветната смена од избирачкиот одбор од ова избирачко место, за времето кога е сторена повредата.
Истовремено, Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на избирачкиот одбор од ова избирачко место.
Истовремено, Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на избирачкиот одбор од ова избирачко место.
Истовремено, Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на избирачкиот одбор од ова избирачко место.
Истовремено, Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на избирачкиот одбор од ова избирачко место.
Исто така, за избирачките места каде што беа прифатени приговорите, Државната изборна комисија донесе решение за поништување на гласањето, согласно член 151 став (1) од Изборниот законик, но имајќи предвид дека резултатите од поништените избирачки места на влијаат на вкупниот резултат, нема да има прегласување за истите.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Преглед на приговори заклучно Уп1 9-118 Седница
Преглед на приговори заклучно Уп1 9-118 Седница