Врз основа на член 66 од Деловникот на Државната изборна комисија, бр. 01-1322/1 од 06.07.2017 година и член 49 став 1 од Изборниот законик законик („Службен весник на Република Македонија”, број 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16,’ 136/16,’ 142/16 и 67/17), Државната изборна комисија на 128 седница одржана на 19.08.2017 година донесе
ОДЛУКА
за отварање канцеларии на Државната изборна комисија во седиштата на единиците на
локалната самоуправа каде ќе се спроведува јавниот увид во Избирачкиот список и ќе се
собираат потписи за листи на кандидати предложени од група избирачи за Локалните избори кои
ќе се одржат на 15.10.2017 година
член 1
Заради спроведување на јавниот увид во Избирачкиот список и собирање потписи за листи на кандидати предложени од група избирачи, за Локалните избори кои ќе се одржат на 15.10.2017 година, Државната изборна комисија ќе отвори дополнителни канцеларии во седиштата на единиците на локалната самоуправа, каде што нема свои подрачни одделенија или канцеларии…(повеќе)
Список на независни кандидати за членови на совет и градоначалник кои го собраа потребниот број на потписи
Список по општини на независни кандидати за членови на совет и градоначалник кои го собраа потребниот број на потписи (согласно член 62 и член 63 од изборниот законик).pdf
Поднесени листи за собирање на потписи за независни кандидати за членови на совет и градоначалник
Известување за барањата за изземање од должноста во Општинските изборни комисии – 01.09.2017
Средба на ДИК со Европскиот Парламент и ЕУ делегацијата
[ux_image id=”14013″ drop_shadow=”1″ link=”http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2017/08/Sredba-so-EU-2.jpg” ]
Државната изборна комисија денеска оствари средба со преставници од Европскиот Парламент и ЕУ делегацијата. На средбата гостите ја нагласија поддршката кон работата на ДИК во нејзините заложби за организирање и спроведување на локалните избори 2017 година.
Во текот на средбата преставниците од Европскиот Парламент и ЕУ делегацијата се интересираа за повеќе прашања во доменот и надлежностите на ДИК, во делот на имплементација на препораките на ОДИХР и ОБСЕ, како и за начинот на ажурирање на податоците во Избирачкиот список.
Од страна на ДИК, беше истакнато дека комисијата била во постојана соработка со сите релевантни институции. Гостите беа информирани дека Избирачкиот список веќе е на јавен увид на официјалната страна на Државната изборна комисија и во сите општини односно подрачни одделенија и канцеларии на ДИК.
ДИК, исто така, информираше за преземените активности во нејзината надлежност а кои се дел од планот 3-6-9 од Влада на Република Македонија и во согласност со Стратешкиот план на Државната изборна комисија за периодот 2017-2020 година.
Беше подвлечено дека ДИК, од нејзиното формирање, посветено и одговорно работи, во рамките на своите надлежности, во зголемување на довербата во процесот на организирање на изборниот процес, кај сите клучни актери.
Одлука за изменување и дополнување на одлуките за формирање на ОИК – 29.08.2017 година
Дневен преглед на состојба за јавен увид – Локални избори 2017
Известување до ОИК и ИО за неисплатени надоместоци од 2016 година
Државната изборна комисија Ве информира дека за „Предвремени парламентарни избори, 15 декември 2016 година“, од вкупно 35.770 членови на 80-те општински изборни комисии и 3480 избирачки одбор, на 738 лица не им е исплатен надоместокот за учество и спроведување на изборите.
За овие лица, општинските изборни комисии имаа внесено во електронскиот систем за исплата, погрешни трансакциски сметки или погрешен ЕМБГ, односно внесени се други погрешни податоци, по што налозите за исплата на нивните надоместоци не можеа да се реализираат од страна на Министерство за финансии.
Со цел исплата на неисплатените надоместоци, Државната изборна комисија бара општинските изборни комисии да стапат во контакт со лицата од избирачките одбори во нивна надлежност кои не добиле надоместок, да обезбедат исправни податоци и истите веднаш да ги достават до Секторот за финансиски прашања на Државната изборна комисија на следниите Е-маил адреси: [email protected], [email protected], најдоцна до 30 август 2017 година.
Во прилог е објавена табела со податоци за неисплатените лица.
Вкупен финансиски извештај на коалицијата „ВМРО за Македонија“ за изборната кампања за Парламентарни избори 2016 година
Адреси и контакти на ОИК
Упатство за начинот на именување на ИО по предлог на политичките партии
УПАТСТВО
за начинот на именување на членови на избирачките одбори по предлог на политичките партии
за Локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври 2017 година
Право да предлагаат членови и нивни заменици во избирачките одбори имаат политичките партии во опозиција, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови и политичките партии на-власт, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, и тоа:
еден член и неговиот заменик се именува на предлог на политичките партии во опозиција и еден член и неговиот заменик се именува на предлог на политичките партии на власт.
Политичките партии во опозиција можат да достават до општинските изборни комисии, усогласен предлог за член и негов заменик во избирачките одбори. Истото тоа може да го направат и политичките партии на власт.
Во таков случај, општинската изборна комисија е должна целосно да ги прифати единствените, усогласени предлози од политичките партии во опозиција и од политичките партии на власт.
Кога политичките партии во опозиција, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови или кога политичките партии на власт, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, немаат усогласен став во однос на тоа од која партија ќе биде именуван членот а од која неговиот заменик во избирачките одбори, ќе се применува правилото пар – непар, на следниот начин:…(повеќе)
Известување за достава на предлози за избирачки одбори од страна на политички партии
Почитувани,
Државната изборна комисија на седницата одржана на 22 август 2017 година, согласно член 38 став 5 и 6 од Изборниот законик, право да достават предлози за членови и нивни заменици во избирачките одбори имаат следните политички партии:
– СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА
– ВМРО – ДПМНЕ (ВМРО – Демократска партија за македонско национално единство)
– ДЕМОКРАТСКА УНИЈА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА
– ДВИЖЕЊЕ БЕСА
Краен рок за политичките партии за достава на предлози за членови и нивни заменици во избирачките одбори е 29 август (вторник) 2017 година.
Согласно ова, Вашата општинска изборна комисија е должна да организира дежурство на 29 август 2017 година, до 24:00 часот, како би можеле политичките партии да ги достават своите предлози до Вашата Комисија…(повеќе)
Табела за Предлози од партии за Избирачки одбори
Табела за Предлози од политички партии за членови и нивни заменици во избирачки одбори во Република Македонија
Одлука за формирање на изборна комисија на град Скопје
Известување за барањата за изземање од должноста во ОИК – 22.08.2017
Одлука за изменување и дополнување на одлуките за формирање на ОИК – 22.08.2017 година
Список на општини и одговорни лица за спроведување на јавен увид и собирање потписи
Соопштение за случаен избор
Државната изборна комисија Ве известува дека утре, вторник 22 август ќе започне со случајниот избор на членови на избирачки одбори. Случајниот избор ќе се врши во период од 22 август (вторник) до 25 август (петок ) во просторите на дом на АРМ.
Почетокот на случајниот избор ќе започне во 11:00 часот
Државна изборна комисија
Распоред на ОИК за вршење на случаен избор на ИО – Локални избори 2017 година
Превземи (Распоред на општински изборни комисии за вршење на случаен избор на избирачки одбори – Локални избори 2017 година)
Одлука за отварање канцеларии на ДИК 15.10.2017
Врз основа на член 66 од Деловникот на Државната изборна комисија, бр. 01-1322/1 од 06.07.2017 година и член 49 став 1 од Изборниот законик законик („Службен весник на Република Македонија”, број 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16,’ 136/16,’ 142/16 и 67/17), Државната изборна комисија на 128 седница одржана на 19.08.2017 година донесе
ОДЛУКА
за отварање канцеларии на Државната изборна комисија во седиштата на единиците на
локалната самоуправа каде ќе се спроведува јавниот увид во Избирачкиот список и ќе се
собираат потписи за листи на кандидати предложени од група избирачи за Локалните избори кои
ќе се одржат на 15.10.2017 година
член 1
Заради спроведување на јавниот увид во Избирачкиот список и собирање потписи за листи на кандидати предложени од група избирачи, за Локалните избори кои ќе се одржат на 15.10.2017 година, Државната изборна комисија ќе отвори дополнителни канцеларии во седиштата на единиците на локалната самоуправа, каде што нема свои подрачни одделенија или канцеларии…(повеќе)
Извештај за утврдување на состојбата во Избирачкиот список 15.10.2017
Согласно член 49 и 49 а став 1 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16) и член 34 од привремениот Деловник на Државната изборна комисија, a no спроведената организационо-техничка и методолошка обработка на податоците на граѓаните од страна на Државниот завод за статистика (ЦЦ – со состојба на Избирачкиот список за ставање на јавен увид добиено од Државниот завод за статистика на 18.08.2017 година), Државната изборна комисија на седницата одржана на 20 август 2017 година го донесе следниот
ИЗВЕШТАЈ
за утврдување на состојбата во Избирачкиот список за ставање на јавен увид за
одржување на Локалните избори на 15.10.2017 година
1. Се утврдува Избирачкиот список за ставање на јавен увид.
2. По спроведената организационо-техничка и методолошка обработка на Избирачкиот список за ставање на јавен увид, состојбата на Избирачкиот список е следна…(повеќе)