• Гласаш лично, на гласачкото место на кое си запишан/а во Избирачкиот список.
  • Своите податоци во Избирачкиот список можеш да ги провериш на izbirackispisok.gov.mk
  • Секогаш гласаш во свое име и само еднаш.
  • Гласањето е слободно и тајно и никој не може да утврди како си гласал/а.
  • За да гласаш, со себе треба да носиш документ за лична идентификација – важечка лична карта или пасош, односно лична карта или пасош чија важност истекла во периодот од 24 јули 2023 до 24 април 2024 година.
  • Се идентификѕваш и со отпечаток од десниот показалец. Отпечатокот се проверува со техничка опрема со која управува избирачкиот одбор.
  • Мора да се потпишеш на изводот од избирачкиот список на твоето гласачко место.
  • Добиваш само едно гласачко ливче, на кое избирачкиот одбор треба претходно да стави печат.
  • Гласаш сам/а, тајно, зад гласачки параван.
  • Гласаш со заокружување на редниот број пред називот/името на листата.
  • Важечко е само гласачкото ливче заокружено со хемиско пенкало во сина боја.
  • Превитканото гласачко ливче го ставаш во гласачката кутија.
  • Никој не смее да те повикува на одговорност поради гласањето, ниту пак да бара да кажеш како си гласал/а или зошто не си гласал/а.
  • Ако ти е повредено личното гласачко право во која било фаза од процесот или во постапката на спроведување на гласањето, можеш да поднесеш приговор до ДИК во рок од 24 часа.
  • Забрането е семејното и групното гласање, како и гласањето за друго лице.
  • Забрането е фотографирање на гласачкото ливче со мобилен телефон или апарат за фотографирање.
  • Забрането е носење оружје на гласачкото место.

Информации за медиуми

Седници на ДИК во живо

Прес-конференции на ДИК во живо

Видео запис од седниците на ДИК

Регулатива

Изборен законик и подзаконски акти

Изборни органи

Контакт и состав на ОИК и ИО

Изборна архива

Резултати од претходни избори

Избирачки места

Опис на избирачки места

80

Општини

3480

Избирачки места

1 814 317

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ – 24.04.2024 година, вкупно број на избирачи во Избирачки список

1 815 350

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ – 08.05.2024 година, вкупно број на избирачи во Избирачки список

Skip to content