Одлука за исправка на техничка грешка во Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на ОИК Сарај бр.08-1084/2 од 20.08.2021 година

Одлука за исправка на техничка грешка во Одлуката за формирање на ОИК Кисела Вода

Одлука за исправка на техничка грешка во Одлуката за формирање на ОИК Пласница

Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на ИК за Град Скопје – 27.08.2021

Известување за неприфаќање на барањата за изземање од должноста во ОИК – 27. 08.2021

Упатство за изгледот на беџовите за идентификација на изборните органи, изборната администрација, овластените претставници на подносителите на листа на кандидат, меѓународните и домашните набљудувачи за изборите за членови на советите на општините и советот на градот скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на град Скопје 2021 година

Упатство за пријавување и гласање на немоќно или болно лице

Заклучок од ДИК до ОИК согласно член 38 став (7) од Изборниот законик

Правилник за начинот на постапување на полицијата за време на спроведување на изборите

Одлука за доделување на средства на општинските изборни комисии за спроведување на Локални избори 2021 година

Одлука за доделување на авансни средства на подрачните одделенија и канцеларии за обиколка и обезбедување на избирачките места и за обезбедување на средства за заштита од COVID 19.

На седницата на Државната изборна комисија која се одржа на 17 август 2021 година, беше презентирана новата веб страница на Државната изборна комисија, како дел од проектот „Поддршка на изборни реформи“ на Швајцарската амбасада, Швајцарската агенција за развој и соработка-СДЦ, имплементиран од ИФЕС – Интернационална фондација за изборни системи и Националниот младински сојуз на Македонија. Веб страницата ќе има поедноставен приказ на содржините кои ќе бидат систематизирани во области и тоа: гласачи, учесници во избори, медиуми и изборни органи, како и  дополнителни пристапни алатки кои ќе го олеснат пристапот и прегледот на содржините на гласачите со попреченост. Дизајнот ќе овозможи брз и едноставен пристап на сите заинтересирани околу изборниот процес.

На седницата се усвои Јавниот повик за проверка на податоци во Избирачкиот список за Локалните избори за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Градот Скопје, 17 октомври 2021 година кој ќе започне на 21 август 2021 година и ќе трае до 9 септември 2021 година. Сите граѓани кои ќе сакаат да извршат увид во Избирачкиот список тоа ќе може да го направат по електронски пат на веб страницата на Државната изборна комисија izbirackispisok.gov.mk или на sec.mk, како и лично во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.

Согласно член 50 став 2 од Изборниот законик, граѓаните за време на траењето на Јавниот увид, барањата за запишување, бришење и дополнување на податоците во Избирачкиот список можат да ги поднесуваат по електронска пошта до Државната изборна комисија, за која цел беше донесено Упатството за постапување при прием на барања за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список по електронски пат во Државната изборна комисија.

Истoвремено, беше усвоен Стратешки план за ИТ кој ги дефинира активностите кои треба да се извршат за комплетно спроведување на ИКТ стратегијата на Државната изборна комисија 2021-2024 година.

На седницата беа донесени и Одлуката за доделување на средства за општинските изборни комисии за спроведувње на избори за членови на советите на општините и советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Градот Скопје, 17 октомври 2021 година, во однос на тековни трошоци кои што настануваат во врска со спроведување на изборните активности и Одлуката за доделување на авансни средства на подрачните одделенија и канцеларии за обиколка и обезбедување на избирачките места и за обезбедување на средства за заштита од COVID-19.

Исто така на седницата на Државната изборна комисија беа разгледани барањата за неприфаќање на извршување на должност претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинските изборни комисии, по што по барањата кои беа прифатени од страна на Комисијата се спроведе случаен избор на претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинските изборни комисии.

Донесените акти од оваа седница ќе бидат објавени на официјалната веб страница.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Јавен повик за проверка на податоците на Избирачкиот список за Локалните избори за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Градот Скопје 17.10.2021

Упатство за постапување при прием на барања за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список добиени по електронски пат во ДИК

Одлуки за изменување и ополнување на одлуките за формирање ОИК – 10.08.2021

Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на ИК за Град Скопје

Skip to content