На 16 февруари во Државната изборна комисија се спроведе првата од серија планирани работилници, наменети за новинарки и новинари.

Цел на работилницата беше продлабочување на соработката помеѓу ДИК и медиумските работнички/ци во насока на постигнување на нашата заедничка мисија: споделување на правовремени, точни и веродостојни информации со јавноста.

На работилницата учесничките/ците ги разгледаа роковниците за Претседателските и Парламентарните избори, и имаа прилика да отворат дискусии на различни прашања од интерес за јавноста.

Сите присутни позитивно ја оценија работилницата, и истакнаа дека истата ќе им биде многу корисна во известувањето за изборите 2024 година.

Работилницата ја организиравме во склоп на активностите предвидени со Меморандумот за соработка со МИА.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Денеска,15 февруари 2024 година,Државната изборна комисија  оствари средба со Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.

Состанокот помина во конструктивна атмосфера и двете страни изразија подготвеност за соработка во насока на организирање и спроведување на фер и демократски избори.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Државната изборна комисија ги известува радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали), кои ќе обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања за Избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, дека се должни да се регистрираат во Државната изборна комисија, во рок од 3 дена од денот на распишување на изборите.

Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) доставуваат „Барање за упис во регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година“ до Државната изборна комисија, задолжително со прилог тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија, не постара од 30 дена.

Барањата за упис со прилог тековна состојба се поднесуваат електронски на следната електронска адреса: [email protected] или во архивата на ДИК на бул.„Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје (најдоцна до 24:00 часот на 17 февруари 2024 година).

Врз основа на поднесените барања за упис, Државната изборна комисија ќе изготви „Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година“ кои ќе даваат услуги на платено политичко рекламирање за време на Изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година. Регистарот со уредно поднесени и прифатени барања за упис во регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година ќе биде јавно објавен на интернет страната на Комисијата.

Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) се должни во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес (најдоцна на 19 февруари 2024 година до 24:00 часот).

Радиодифузерите и печатените медиуми се должни ценовниците за секој медиум одделно за платено политичко рекламирање да ги применуваат и за време на изборната кампања и притоа просечната цена (аритметичка средина) по секунда за едно деноноќие добиена според различните ценовно-рекламни временски периоди и тоа: Период 1 – од 00:00 до 08:00 часот, Период 2 – од 08:00 до 16:00 часот и Период 3 – од 16:00 до 24:00 часот кај радиодифузерите за платено политичко рекламирање, како и цената за закуп на рекламен простор во печатениот медиум да не ја надминува вкупната просечна цена на рекламирање на секој радиодифузер одделно пресметана во последните пет изминати изборни циклуси одржани на ниво на цела територија на државата и тоа за Изборите за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје во 2021 година, Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2020 година, Изборите за Претседател на Република Северна Македонија во 2019 година, Локалните избори во 2017 година, Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија во 2016 година, а за електронските медиуми (интернет порталите) цената за закуп на рекламен простор на интернет порталот за платено политичко рекламирање да не ја надминува просечната цена за рекламирање пресметана, за последните пет изминати изборни циклуси.

За Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) кои не учествувале на сите изминати 5 изборни циклуси цената за платено политичко рекламирање не може да ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклуси согласно Упатство за начинот и постапката за потврдување на просечно постигнатата цена за платено политичко рекламирање за радиодифузер, печатени медиуми и електронски портали (интернет портали) кои не учествувале на последните пет изборни циклуси донесено од страна на Државната изборна комисија со бр.08-441/1 од 14.02.2024 година.

Државната изборна комисија е должна да ги потврди и објави на нејзината веб страна доставените ценовници со просечно пресметаните цени утврдено од радиодифузерите и печатените медиуми, како и да ги објави ценовниците со цените утврдени од електронските медиуми (интернет порталите), согласно член 75-ѓ став (3) и (9) од ИЗ, во рок од 10 дена од истекот на рокот за доставување на ценовниците утврдени во ставот (3) на овој член.

Доколку Државната изборна комисија утврди неправилности во ценовниците од радиодифузерите и печатените медиуми го известува соодветниот медиум да изврши корекција на ценовникот во рок од 72 часа од приемот на известувањето.

Архивата на Државната изборна комисија ќе работи на прием на барања за упис во регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) на ден 17.02.2024 година (сабота), до 24:00 часот.

Упатство за начинот и постапката за утврдување на просечно постигната цена и најниска цена за платено политичко рекламирање за радиодифузери, печатени медиуми и портали кои не учествувал

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Државната изборна комисија ги известува радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали), кои ќе обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања за Избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, дека се должни да се регистрираат во Државната изборна комисија, во рок од 3 дена од денот на распишување на изборите.

Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) доставуваат „Барање за упис во регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Изборите за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година“ до Државната изборна комисија, задолжително со прилог тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија, не постара од 30 дена.

Барањата за упис со прилог тековна состојба се поднесуваат електронски на следната електронска адреса: [email protected] или во архивата на ДИК на бул.„Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје (најдоцна до 24:00 часот на 17 февруари 2024 година).

Врз основа на поднесените барања за упис, Државната изборна комисија ќе изготви „Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Изборите за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година“ кои ќе даваат услуги на платено политичко рекламирање за време на Изборите за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година. Регистарот со уредно поднесени и прифатени барања за упис во регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година ќе биде јавно објавен на интернет страната на Комисијата.

Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) се должни во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес (најдоцна на 19 февруари 2024 година до 24:00 часот).

Радиодифузерите и печатените медиуми се должни ценовниците за секој медиум одделно за платено политичко рекламирање да ги применуваат и за време на изборната кампања и притоа просечната цена (аритметичка средина) по секунда за едно деноноќие добиена според различните ценовно-рекламни временски периоди и тоа: Период 1 – од 00:00 до 08:00 часот, Период 2 – од 08:00 до 16:00 часот и Период 3 – од 16:00 до 24:00 часот кај радиодифузерите за платено политичко рекламирање, како и цената за закуп на рекламен простор во печатениот медиум да не ја надминува вкупната просечна цена на рекламирање на секој радиодифузер одделно пресметана во последните пет изминати изборни циклуси одржани на ниво на цела територија на државата и тоа за Изборите за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје во 2021 година, Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2020 година, Изборите за Претседател на Република Северна Македонија во 2019 година, Локалните избори во 2017 година, Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија во 2016 година, а за електронските медиуми (интернет порталите) цената за закуп на рекламен простор на интернет порталот за платено политичко рекламирање да не ја надминува просечната цена за рекламирање пресметана, за последните пет изминати изборни циклуси.

За Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) кои не учествувале на сите изминати 5 изборни циклуси цената за платено политичко рекламирање не може да ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклус согласно Упатство за начинот и постапката за потврдување на просечно постигнатата цена за платено политичко рекламирање за радиодифузер, печатени медиуми и електронски портали (интернет портали) кои не учествувале на последните пет изборни циклуси донесено од страна на Државната изборна комисија со бр.08-441/1 од 14.02.2024 година.

Државната изборна комисија е должна да ги потврди и објави на нејзината веб страна доставените ценовници со просечно пресметаните цени утврдено од радиодифузерите и печатените медиуми, како и да ги објави ценовниците со цените утврдени од електронските медиуми (интернет порталите), согласно член 75-ѓ став (3) и (9) од ИЗ, во рок од 10 дена од истекот на рокот за доставување на ценовниците утврдени во ставот (3) на овој член.

Доколку Државната изборна комисија утврди неправилности во ценовниците од радиодифузерите и печатените медиуми го известува соодветниот медиум да изврши корекција на ценовникот во рок од 72 часа од приемот на известувањето.

Архивата на Државната изборна комисија ќе работи на прием на барања за упис во регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) на ден 17.02.2024 година (сабота), до 24:00 часот.

Упатство за начинот и постапката за утврдување на просечно постигнатата цена и најниска цена за платено политичко рекламирање за радиодифузери, печатени медиуми и портали кои не учествувале во последните пет изборни циклуси

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Државната изборна комисија го одбележа Глобалниот ден на изборите 2024 година со потпишување на Меморандум за соработка со Медиумската информативна агенција – МИА.

Целта на овој Меморандум е да се поттикне духот на заемна поддршка и соработка помеѓу Државната изборна комисија и Медиумската информативна агенција, со цел надминување на предизвиците и унапредување на можностите за подобрување на изборниот процес и придонесување кон кредибилитетот и интегритетот на изборите.

ДИК и МИА се согласија дека заеднички ќе работат кон промоција на демократските вредности, подобрување на едукацијата и свеста на гласачите, точна и навремена дисеминација на информации, сеопфатно покривање на изборите, градење капацитети и обука, одржување на медиумската етика и изборен интегритет, како и интеграција на иновации и нова технологија.

Глобалниот ден на изборите веќе 19 години се одбележува секој февруари, како резултат на заложбата која произлегла од Глобалната конференција за избори која се одржала од 15 до 17 септември 2005 година во Будимпешта, Унгарија.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Денеска, 31 јануари 2024 година, Државната изборна комисија оствари средба со Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Состанокот помина во конструктивна атмосфера и двете страни изразија подготвеност за продолжување на соработката во насока на организирање и спроведување на фер и демократски избори.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Државната изборна комисија согласно Пресудата на Апелационен суд ГЖ-1639/23 од 27.12.2023 година го објавува следното:

Во организација на Советот на Европа – Оддел за избори и партиципативна демократија, на крајот на месец ноември во Стразбур се одржа меѓународна конференција на тема „Улогата на центрите за обука за избори“ во подобрувањето на изборните процеси и изборите.

Во текот на Конференцијата, говорниците и учесниците, меѓу другото, ги споделија своите искуства и најдобри практики, разговараа за тоа како би можеле да бидат структурирани центрите за обука за избори, која е нивната улога, мисија и ресурси. Тие, исто така, разговараа и за важноста и влијанието на обуките врз изборната средина и културниот развој, како може да се спроведат политиките за обука, главните предизвици, глобалните трендови и технологии во изборниот процес, како и размена на главните перспективи за зајакнување на соработката на овие полиња меѓу земјите-членки на Советот на Европа.

Државната изборна комисија учествуваше на оваа Конференција преку своја претставничка. На панел сесија претставничката на ДИК го презентираше напредокот на Државната изборна комисија во последните две години, во насока на формирање на центар за обуки за избори. Преку презентацијата таа даде осврт на целокупниот процес, почнувајќи од реализацијата на студијата за изводливост, преку патоказот и акцискиот план, изготвувањето на сите потребни документи, па се до поднесувањето на предлог-измените на Изборниот законик, со кои се предвидува формирање на ваков центар.

Изборните органи играат клучна улога во обезбедувањето на правилно функционирање на демократските институции. Почитувањето на принципите на независност, интегритет, транспарентност и ефикасност е од клучно значење за нив, заедно со обезбедувањето професионална обука за членовите на изборната администрација и другите засегнати страни вклучени во изборниот процес. Ова беше истакнато и а време на четвртиот Самит на Советот на Европа, каде шефовите на држави ја нагласија потребата од враќање на довербата во изборните процеси и спроведување на избори според меѓународни стандарди.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Делегација на Државната изборна комисија и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) ги набљудуваше општите избори во Холандија.

Предвремените општи избори се одржаа на 22 ноември 2023 година за да се изберат членовите на Претставничкиот дом .

Согласно холандскиот изборен закон, изборите за Претставничкиот дом се одржуваат на секои четири години во март, освен ако не се распишат предвремени избори. 150-те членови на Претставничкиот дом се избираат на отворени листи, со пропорционален модел.

Набљудувањето на иѕборите се реализираше со поддршка на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Генералното собрание и пленарна конференција на Меѓународната женска асоцијација за изборна администрација (WEM-International) се одржаа во Прага, Чешка Република, на 8-9 ноември 2023 година.

Статутарниот собир, организиран од ИФЕС Украина со поддршка на Регионалната европска канцеларија на ИФЕС, собра истакнати претставници на изборните органи од 18 земји од целиот свет, меѓу кои и претставничка од Државната изборна комисија.

Учесниците разменија најдобри практики за интегрирање на родовите перспективи во работата на изборните органи, споделувајќи инспиративни искуства од женското лидерство во изборната администрација. На настанот и нови изборни органи се приклучија на членството во WEM-International, а беше избрано и Раководството на Извршниот комитет. Учесниците заеднички ја развија стратешката визија на здружението за следните две години.

Во текот на настанот беше организирана и работилница „Сојузници за еднаквост“ од страна на RENEWE – Regional European Network for Empowering Women in Elections.

Низ повеќе интерактивни сесии учесничките стекнуваа знаења и вештини околу справување со различни видови родово базирано насилство, и пружање поддршка на жртви на такво насилство, особено во онлајн просторот.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Државната изборна комисија учествуваше на годишниот состанок на Мрежата за изборна правда (Electoral Justice Network) кој се одржа во Париз на 17 октомври.

На состанокот се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат изборните органи и административните судови при одржувањето на интегритетот на изборите, како и за важноста на транспарентноста при финансирањето на изборните кампањи.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Во текот на септември и октомври 2023 година, Државната изборна комисија организираше и спроведе обуки за унапредување на родовата сензитивност на сертифицираните обучувачи на ДИК, насловени „Родовите аспекти на изборниот процес“.

На обуките се разработија темите родова еднаквост, родова пристрасност, стереотипи и предрасуди, родова еднаквост и избори, изборен процес и учество на жените, важноста на родово разделените податоци, рамка на изборни права и политика на Државната изборна комисија против сексуално вознемирување.

Обуките опфатија вкупно 106 учесници – 88 % од вкупниот број на сертифицирани обучувачи на Државната изборна комисија, од кои 52 мажи и 54 жени кои спроведуваат обуки на членовите на изборните органи на пониско ниво.

За да се обезбеди ефективна организација и ангажман, учесниците беа поделени во пет групи, од кои секоја се состоеше од приближно 20 до 25 лица. Сите овие групи беа внимателно избалансирани во однос на полот и географскиот регион, со цел да се промовира различноста и инклузивноста.

Темата за родова еднаквост и родовите аспекти на изборите беше воведена за прв пат оваа година како тема за обучувачите на Државната изборна комисија и имаше многу позитивно влијание. Таа беше оценета како многу корисна, со потреба да се повторува на одреден период, особено по изборите.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Стручната служба на Државната изборна комисија присуствуваше на еднодневна обука „ Информираност за сајбер – хигиена“ која се одржа на 24, 25 и 26 октомври 2023г. во организација на Меѓународната фондација за изборни системи ( ИФЕС).

На обуката вработените во ДИК се запознаа со техниките на подобрување на сајбер – хигиената  и оддржување на сајбер безбедноста како и  се стекнаа со знаења за обезбедување на комуникациите и коресподенцијата, обезбедување на корисничките сметки, креирање на безбедна организациска политика.

Оваа обука е дел од тековната соработка на Државната изборна комисија со ИФЕС со цел унапредување на практичните знаења  и вештини на стручниот кадар на ДИК на централно и подрачно ниво.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Денес, Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски учествуваше на семинарот „ Набљудување на изборите и проценка на изборната админситрација кој се одржува во Виена, Австрија, во организација на ОДИХР.

Во своето обраќање на тема „ Успесите и предизвиците во предлагањето и спроведувањето на изборните реформи во Северена Македонија“, претседателот Даштевски се осврна на покрупните изборни реформи што ги има имплементирано ДИК во последните години. Тој го презентираше искуството со воведување на уредите за биометриска идентификација како и резултатите од спроведената реформа, реализацијата на обуките за избирачките одбори како и интегрирањето на родовите аспекти во работењето на ДИК. Исто така, Даштевски го презентираше и планот за формирање на Центар за обуки за избори кој што треба да почне да функционира до пролетта 2024 година.

Даштевски се осврна и на соработката со ОБСЕ и поддршката која ДИК ја добива од оваа организација  особено во напорите за спроведување на изборните реформи.  Тој потенцираше дека Државната изборна комисија континуирано ги следи препораките на ОБСЕ кои се однесуваат на изборните процеси, законската рамка и изборниот систем, изборната администрација, регистрација на гласачи, регистрација на кандидати, кампања и финансирање на кампања, медиуми, приговори и жалби, граѓански и меѓународни набљудувачи како и препораки за процесот на гласање на денот на изборите. „Исто така, со помош на ОБСЕ во 2021 година донесовме нов Деловник за работа на ДИК како и Правилник за работа на помошното тело кое ДИК го ангажира за време на избори што е особено значајно за унапредување на работата на институцијата и администрацијата. Се заблагодаруваме на ОБСЕ за досегашната соработка и очекуваме истата да продолжи уште поинтензивно и во наредниот период.“ – истакна претседателот Даштевски.

Обраќањето на Даштевски на семинарот во Виена беше во рамки на сесијата„ Улогата на телата кои управуваат со изборите и другите  телата кои управуваат со изборите и другите чинители во имплементација на клучните принципи за изборната администрација “.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

На 12 октомври 2023 година, во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со поддршка на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР), беше промовиран Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми.

На настанот свои видувања за Кодексот, а во име на Државната изборна комисија (ДИК), изложи Борис Кондарко, член на ДИК.

„Доаѓањето на дигиталната ера го револуционизираше начинот на кој општествата се занимаваат со политика и избори. Онлајн платформите, социјалните медиуми и дигиталната комуникација станаа суштински алатки за политички кампањи, ангажирање на гласачите и ширење информации.

Иако е важно регулирањето на онлајн просторот за време на изборите, од суштинско значење е да се одржуваат принципите на слободата на говорот. Постигнувањето на вистинската рамнотежа помеѓу заштитата на изборниот интегритет и заштитата на демократските вредности е деликатна задача. Сите како институции треба да  мора да гарантираме дека регулативите се приспособени за да се справат со конкретни закани без да го задушат легитимниот политички дискурс.

Предизвикот за сите нас лежи токму во изнаоѓањето на вистинската рамнотежа помеѓу регулативата и слободата на говорот, обезбедувајќи изборите да останат фер, транспарентни и со доверба од електоратот.“ – посочи Кондарко.

На настанот беше презентиран и начинот на функционирање и улогата на Координативното тело кое ќе го следи почитувањето на начелата и стандардите посочени во Кодексот од страна на политичките партии, нивните кандидати, независните кандидати, интернет изданијата на радиодифузерите, онлајн медиумите, проверувачите на факти, инфлуенсерите и други субјекти кои можат да извршат влијание врз јавноста во функција на кампања за време на избори или референдуми.

Кодексот е изготвен на иницијатива на АВМУ во соработка со релевантните институции од областа – Здружението на новинари на Македонија, Македонскиот институт за медиуми, Советот за етика во медиумите, Институтот за комуникациски студии и Фондацијата Метаморфозис. Принципите и стандардите пропишани во Кодексот се од етичка природа, поради што неговото почитување е на доброволна основа, со потпишување Пристапница.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Членови на Државната изборна комисија, минатата недела учествуваа на регионалната конференција „ Јакнење на ефикасноста на изборната администрација во Западен Балкан“ што се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина, во организација на ОДИХР и ОБСЕ мисијата во Босна и Херцеговина.

Во своето обраќање, претседателот на ДИК, Даштевски се осврна на поголемите изборни реформи што се случија во последните години во Македонија.

Даштевски ги презентираше искуството и предизвиците со кои се соочуваше ДИК при воведување на уредот за биометриска идентификација на гласачите во постапката за гласање, важноста на интегрирањето на родовите аспекти во работењето на ДИК во насока на отпочнување на процесот на родова сензибилизација, обуките за изборната администрација како и плановите за формирање на Центарот за обуки.

„Основната цел на Стратешкиот план на ДИК за периодот 2021-2024 година е да постави среднорочна, четиригодишна стратегија за унапредување на работата на ДИК преку одржување на кредибилен изборен систем, континуирано унапредување на изборниот процес и постојана поддршка на сите учесници во изборите во остварувањето на нивните избирачки права. Од него произлезе развивањето на Родовиот акциски план на ДИК, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје“ – истакна претседателот Даштевски.

Обраќањето на претседателот Даштевски беше во рамки на сесијата „ Улогата на органите за управување со изборите при изборни реформи и нивно следење: Предизвици и научени лекции“.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Денеска, 4 септември 2023 година, Државната изборна комисија склучи Меморандум за соработка зо Здружението за европска социјална инклузија ЕСИ НЕЛИС од Скопје.

Цел на овој Меморандум за соработка е зголемување на поддршката за слепите лица и лицата со визуелна попреченост во сите сегменти и фази на изборниот процес при остварување на изборните права, како и унапредување на работата на изборната администрација за создавање на услови за градење на инклузивен изборен систем и успешно спроведување на инклузивни избори.

Двете страни се согласија дека координирано ќе работат на заемна поддршка, соработка и учество во подготовка и имплементација на стратегии, програми и проекти за создавање на услови за  пристапни и достапни изборни процеси за  слепите лица и лицата со визуелна попреченост.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Денес, во просториите на Државната изборна комисија се потпиша Меморандум за разбирање меѓу Државната изборна комисија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за спроведување на заедничките активности во периодот 2023 – 2026 година.

Со овој Меморандум, двете страни се согласуваат на меѓусебна соработка за понатамошно зајакнување на изборниот процес, обезбедување на меѓународна и домашна експертиза за спроведување на заеднички активности, размена на добри практики и соработка со други изборни комисии и чинители, организирање на обуки и развивање на материјали за обуки.

На средбата, претседателот Александар Даштевски и присутните членови на Државната изборна комисија разговараа со Амбасадорот Килиjан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје,  за предизвиците со кои се соочува ДИК, за изборните реформи и воопшто за унапредување на изборните процеси во државата.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

На ден 10.07.2023 година претставници на Државната изборна комисија земаа активно учество на онлајн состанок кој служеше како воведна сесија во Програмата за Меѓународно сертифицирање за управување со ризик од корупција-МСУРК (International Certificate in Corruption Risk Management- ICCRM) на Овластениот институт за јавни финансии и сметководство (Chartered Institute of Public Finance and Accountancy-CIPFA) како дел од програмата за спречување корупција, развиена во соработка со Канцеларијата на обединетите нации, а подржана од Меѓународната фондација за изборни реформи ИФЕС.

Програмата има за цел зајакнување на капацитетите на институциите во државата и истата е насочена кон спроведување, управување и следење на спроведувањето на ризиците од корупција и плановите за интегритет на ниво на држава во сите субјекти од јавниот сектор.

Оваа програма ќе се реализира во периодот од месец јули до месец декември 2023 година.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, учествуваше на дводневната тркалезна маса на тема: ,,Дигитализација на изборниот процес: перспективи на сајбер безбедноста и меѓуинституционалната соработка во Западен Балкан”, која се одржа од 6 до 7 јули оваа година.

Учесниците ги изложиjа своите искуства од областа на дигитализацијата, конкретните сајбер закани со кои се соочиле, како и ефективните мерки кои ги преземале.

Настанот беше во организација на Меѓународна ИДЕА, а се одржа во Тирана, Албанија.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content