На 12ти Октомври 2022, во Државната изборна комисија се одржа презентација на студија за изводливост и патоказ за формирање центар за обуки за изборите.
Н.Е. Амбасадорката Вероник Улман, амбасадорка на Швајцарија во Северна Македонија ги поздрави домаќините, а воведни обраќања имаа Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија, како и Јоана Косма, директорка на канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје.
Студијата за изводливост и патоказот за формирање центар за обуки за избори ја изготви тим предводен од експертот Павел Кабаченко, во рамките на соработката со Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД).
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2022/10/DIK-1-12.10.2022.jpg6661000katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-10-13 16:40:372022-10-13 16:41:39Презентација на патоказ за формирање на центар за обуки
На 23 август, повеќе од 400 ученици од основните и средните училишта низ државата, наставници по граѓанско образование и претставници од институции и организации се обединија на конференцијата „Граѓанско на дело: од училница во акција”, поддржана од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, во организација на Младински образовен форум и Македонски центар за граѓанско образование.
Учениците имаа можност да учествуваат во т.н. жива библиотека и одблизу да се запознаат со работата на институциите и граѓанските организации.Државната изборна комисија беше присутна со своја претставничка која на учениците им ја објасни мисијата и улогата на ДИК, важноста од учеството на граѓаните, а особено на младите, во изборите, и штанд на кој беа поделени едукативни и информативни материјали.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2022/10/жива-библиотека-2.jpg6831024katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-08-25 10:04:002022-10-19 10:08:07Граѓанско образование на дело
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-08-24 18:05:452022-08-24 18:05:46Заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето за избор за членови на Совет на Општина Тетово за остатокот од изборниот период, 20 август 2022 година
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-08-24 17:59:522022-08-24 17:59:53Заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето за избор на Градоначалник на Општина Маврово Ростуше и Градоначалник на Општина Центар Жупа, 20 август 2022 година
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-08-24 17:33:032022-08-24 17:33:05Заклучок за важење и применување на Правилникот за критериумите за определување на надоместок на членовите на изборните органи и изборната администрација за спроведување на Локалните избори 2021
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-08-18 16:18:442022-08-18 16:18:45Упатство за начин на гласање на избирачки места со помалку од 10 избирачи
Државната изборна комисија ги известува избирачите кои не се во можност да гласаат на гласачкото место (немоќно или болно лице според Упатство за пријавување и гласање на немоќно и болно лице на Државната изборна комисија), а сака да гласа за тоа ќе ја извести општинската изборна комисија најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање, односно 12 август, до 24 часот (член 111 став 1 од Изборниот законик).
Покрај известувањето до општинската изборна комисија лицето треба да достави во оригинал или копија и медицински доказ за болеста, важечко решение за користење на туѓа нега од трета лица за болестите (наведени во член 1 од Упатството). Известувањето може да се даде и преку полномошник. Електронското поднесување може да се направи од една емаил адреса најмногу за две лица.
Немоќните или болни лица гласаат во нивните домови еден ден пред денот определен за одржување на изборите, на 19 август 2022 година (петок).
Избирачите кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД-19 и избирачите на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат, а сакаат да гласаат за тоа ќе ја известат општинската изборна комисија најдоцна 5 дена пред денот определен за гласање, односно 14 август, до 24 часот (член 111-б став 1).
Општинската изборна комисија по службена должност прибира податоци од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за лица кои се пријавени за гласање согласно со член 111-б став (1) од Изборниот законик. Државниот санитарен и здравствен инспекторат е должен во рок од 24 часа од добиеното барање да ги достави до општинската изборна комисија податоците за лицата пријавени за гласање согласно член 111-б став (1). (член 111-б став (3).
Лицата кои се во позитивни на Ковид-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација гласаат во нивните домови еден ден пред денот определен за одржување на изборите, на 19 август 2022 година (петок).
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-08-11 16:21:562022-08-11 16:56:59Известување за пријавување на болни и немоќни лица, лица позитивни на Ковид-19 или лица на кои им е одредена мерка на самоизолација
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-08-10 15:29:532022-08-10 15:29:55Одлука за изменување и дополнување на одлука за формирање на ОИК Тетово – 10.08.2022
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2022-08-04 14:45:532022-08-04 14:45:54Одлука за заклучување на Избирачкиот список
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2022-08-04 14:43:412022-08-04 14:43:42Описи на избирачките места во Република Северна Македонија – Локални избори 20.08.2022
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2022-08-04 14:41:382022-08-04 14:42:36Одлука за објавување на описи на избирачки места
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2022-08-04 14:03:012022-08-04 14:03:02Одлука за изменување и дополнување на одлука за формирање на ОИК Тетово – 28.07.2022
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2022-08-04 14:00:222022-08-04 14:00:23Одлука за изменување и дополнување на одлука за формирање на ОИК Маврово и Ростуше – 28.07.2022
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2022-08-04 13:58:262022-08-04 13:58:27Известување за неприфаќање на барањата за изземање од должноста во ОИК – 28.07.2022
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2022-07-26 14:50:432022-07-27 11:59:55Записник за влечење ждрепка на редослед на листите на кандидати кои ќе учествуваат на Локалните избори 2022 година за избор на градоначалник во општина Маврово и Ростуше и Центар Жупа
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2022-07-26 14:47:282022-07-27 12:00:07Записник за влечење ждрепка на редослед на листите на кандидати кои ќе учествуваат на Локалните избори 2022 година за избор на Совет на општина за општина Тетово
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2022-07-26 14:23:042022-07-27 12:00:22Записници од извршена ждрепка за распределба на рекламни паноа и билборди за О. Тетово
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2022-07-26 14:20:052022-07-27 12:00:34Записници од извршена ждрепка за распределба на рекламни паноа и билборди за О. Маврово и Ростуише и О. Центар Жупа
Од 11 до 15 јули 2022 година Државната изборна комисија престојуваше на студиска посета во Република Грузија.
Централната изборна комисија на Грузија (ЦИК) беше домаќин на претставници на Државната изборна комисија (ДИК), каде се одржаа средби помеѓу двете изборни комисии. Претседателот на ЦИК, Ѓорѓи Каландаришвили, на делегацијата од ДИК им ги претстави иновациите од изборна технологија имплементирани во 2021-2022 година. Домаќините беа заинтересирани да дознаат повеќе и за употребата на изборната технологија од страна на ДИК.
„Споделувањето на искуството помеѓу изборните комисии е од клучно значење. Денеска имаме можност да споделиме информации со делегацијата на ДИК за реформите и иновациите што ги спроведува грузиската изборна администрација, како и да се запознаеме со нивното искуство во однос на технолошките иновации“, рече Ѓорѓи Каландаришвили.
Во фокусот на интересот на делегацијата на ДИК беше работата на Центарот за развој на изборни системи, реформи и обука (Центар за обука) на ЦИК, начинот на негово формирање, структурата, финансирањето на активностите, стратешкиот план, како и начинот на негова реализација.
„Главната цел на нашата посета е да го проучиме функционирањето и активностите на Центарот за обуки на ЦИК и да споделиме искуство. Имавме успешни средби со претседателот на Централната изборна комисија, како и со директорката на Центарот за обуки, на кои разговаравме за важни прашања. Сметам дека споменатите средби се значајна за двете земји и ќе придонесат за продлабочување на нашата идна соработка“, истакна претседателот на ДИК, проф. д-р Александар Даштевски за центарот за медиуми на грузиската ЦИК.
Натија Заалишвили, директорка на Центарот за обука на ЦИК одржа презентација со детали за активностите на центарот пред членовите на делегацијата. Во рамките на посетата, претставниците на ДИК се запознаа со работата на Центарот за обука, а присуствуваа и на тековните обуки за членовите на окружните изборни комисии на тема односи со јавноста, кои ги спроведуваа вработени во Секторот за стратешки комуникации на ЦИК.
Дополнително, се реализираше средба на делегацијата и со окружната изборна комисија Боржоми.
Студиската посета на Државната изборна комисија во Грузија беше реализирана со поддршка на Меѓународната фондација за изборни системи (IFES).
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2022/07/CEC-5.jpg6671000katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-07-25 10:38:062022-07-25 10:38:09Студиска посета во централната изборна комисија на Грузија
Во рамките на студиската посета на Централната изборна комисија на Грузија (ЦИК), која се реализираше од 11 до 15 јули 2022 година, претставниците на Државната изборна комисија се запознаа со активностите на Советот за родова еднаквост на ЦИК.
На средбата, претседателката на Советот за родови прашања, Маја Зариџе и секретарката на истиот совет, Кристина Толордава, разговараа за политиката на Советот за родова еднаквост и активностите што администрацијата ги спроведува во оваа насока. На средбата се разговараше и за идните планови на Советот за родови прашања, предизвиците во оваа насока и проектите изработени во соработка со меѓународните партнери.
Во рамки на средбата, претставниците на Државната изборна комисија ги презентираа активностите кои ДИК ги презема во насока на унапредување на родовата сензитивност во изборите.
Студиската посета на Државната изборна комисија во Грузија беше реализирана со поддршка на Меѓународната фондација за изборни системи (IFES).
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2022/07/GC-1.jpg14672200katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-07-25 10:15:002022-07-25 11:01:15Средба со советот за родова еднаквост на ЦИК Грузија