Државната изборна комисија согласно условите пропишани во „Програма за задолжителна едукација на општинската изборна комисија, избирачкиот одбор за гласање во Република Северна Македонија и избирачките одбори за гласање во странство”, за Предвремените избори за Пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2020, објавува

 

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

НА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДА БИДАТ СОРАБОТНИЦИ НА

ТИМОТ ЗА ЕДУКАЦИЈА НА ДИК

 

Од заинтересираните кандидати ќе се селектираат најмногу 25 кандидати.

Од кандидати кои ќе ја поминат селекцијата се бара:

  • Да ја посетуваат обуката за „Обука на обучувачи“ во траење од 5 дена, со цел да се зајакне знаењето и вештините на кандидатите за вршење обука/едукација на возрасни лица за изборниот процес и за одговорностите на изборните органи и сите вклучени страни и

  • Тековна програма за менторска поддршка од страна на вработените во Секторот за едукација на ДИК.

 

ДИК ќе додели сертификати на кандидатите кои успешно ќе ја поминат обуката за обучувачи и процесот на селекција. Сертифицираните кандидати ќе имаат задача да спроведуваат обуки / сесии за едукација на општинските изборни комисии и на избирачките одбори според утврдените потреби и програмата, усвоена од ДИК, согласно роковникот за организација на Предвремените избори за Пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2020.

Услови кои треба да ги исполнува кандидатот:

  1. Да е државјанин на Република Северна Македонија (се докажува со копија од важечка лична карта и/или пасош);

  2. Да има завршено високо образование (се докажува со копија од Диплома и/или Уверение за завршено високо образование);

  3. Искуство во спроведување обуки во организација на граѓански организации и/или јавна администрација од областа на правниот и/или политичкиот систем (се докажува со копија од сертификати, потврди и/или уверенија);

  4. Претходни искуства во изборниот процес ќе се смета за предност (се докажува со копија од сертификати, потврди и/или уверенија)

 

Одговорности:

  • Подготовка и спроведување на обуки за општинските изборни комисии и избирачки одбори за подготовка на Предвремените избори за Пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2020;

  • Спроведување на обуките за време на работни денови, денови на викенд и државни празници;

  • Заедничко работење со тим на обучувачи под водство на ментори од ДИК;

  • Патувања низ државата, согласно потребите;

Заинтересираните кандидати, своите пријави (комплет со CV и потребните докази) да ги достѕават најдоцна до 14:00 часот на 08.01.2020 година (среда) на следната адреса: бул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје или електронски на следниот е-маил : [email protected]

 

                                                                                                                       ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

                                                                                                                                 ПРЕТСЕДАТЕЛ

                                                                                                                                  Оливер Деркоски

Дневен ред – 47 седница на Државната изборна комисија

На 16.09.2019 година, Државната изборна комисија имаше средба со претставниците на Наблудувачката Мисија на ОБСЕ ОДИХР, предводена од г-ѓа Корин Јонкер, шеф на мисијата.

На средбата беше претставен Конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за Претседателските избори 2019 година и беа искажани пофални зборови околу организорањето и спроведувањето на истите.

Беше искажана безрезервна поддршка на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР кон напорите за понатамошно подобрувањето на изборниот процес во целина, а посебно на активностите на Државната изборна комисија во престојниот процес за имплементација на изборните реформи.

Преглед на реализација на плаќања за медиумска кампања – Избори 2019

На 9 јули 2019 година, Државната изборна комисија ја одржа својата 45 седница на која беше разгледан и усвоен Извештајот на Државната изборната комисија за преземените работи согласно член 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, согласно Известувањето од Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, број 08 – 3656 / 15 од 09.07.2019 година, со кој Државната изборна комисија беше известена за престанок на мандатот на пратеникот Весел Мемеди. На негов место, до крајот на мандатот пратеник стана Арта Точи. На новоизбраниот пратеник, Држаавната изборна комисија и врачи уверение за избран пратеник. Извештајот беше доставен до Собранието на Република Северна Македонија.

На 11 јуни 2019 година, Државната изборна комисија на Република Северна Македонија ја одржа својата 43 седница, на која беше разгледан и усвоен конечниот Извештај за спроведените избори за Претседател на Република Северна Македонија, одржани на 21 април и 5 мај 2019 година. Извештајот беше веднаш доставен и до Собранието на Република Северна Македонија и беше објавен на интернет страната на Државната изборна комисија.

На истата седница беше усвоен и Извештајот на Државната изборната комисија за преземените работи согласно член 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, согласно Известувањето од Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, број 08 – 3215 / 7 од 11.06.2019 година, со кој Државната изборна комисија беше известена за престанок на мандатот на пратениците Павле Богоевски и Никола Груевски. На нивно место, до  крајот на мандатот пратеници станаа Александар Филиповски и Ѓоко Камчев. На новоизбраните пратеници, Држаавната изборна комисија им врачи уверение за избран пратеник. Извештајот беше доставен до Собранието на Република Северна Македонија.

На 8 јули 2019 година, Државната изборна комисија ја одржа својата 44 седница на која беше разгледан и усвоен Извештајот на Државната изборната комисија за преземените работи согласно член 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, согласно Известувањето од Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, број 08 – 3644 / 22 од 28.06.2019 година, со кој Државната изборна комисија беше известена за престанок на мандатот на пратеникот Горан Милевски. На негов место, до крајот на мандатот пратеник стана Александра Цветкоска. На новоизбраниот пратеник, Држаавната изборна комисија и врачи уверение за избран пратеник. Извештајот беше доставен до Собранието на Република Северна Македонија.

Извештај за спроведените избори за Претседател на Република Северна Македонија одржани на 21 април и 5 мај 2019 година.pdf

Решение од Основен суд Скопје II – Скопје – 3ВПП2 – 398/19, во правната работа на предлагачот Трговско Радиодифузно Друштво 1 ТВ ДООЕЛ Скопје против противникот Државна Изборна Комисија


Решение од Апелационен суд Скопје – ТСЖ – 897/19, во правната работа на предлагачот Трговско Радиодифузно Друштво 1 ТВ ДООЕЛ Скопје против противникот Државна Изборна Комисија

Правилник за критериумите за определување на надоместок на членовите на изборните органи и изборната администрација за спроведување на изборите 2019 година

Упатство за начин на реализација на средствата за исплата на надоместоци на членовите на изборната администрација 2019

Државната изборна комисија на ден 28.05.2019 година (вторник) ја одржа 42-та седница на која ги донесе следниве акти: Правилникот за критериумите за определување на надоместокот на членовите на изборните органи и изборната администрација за спроведување на Изборите на Претседател на Република Северна Македонија и Предвремените избори за градоначалници на општините Охрид, Ново Село и Дебар и Упатството за начинот на реализација на средствата за исплата на надоместоците на членовите на изборните органи и изборната администрација, определени со Правилникот за надоместокот.

Исто така Претседателот на Државната изборна комисија ја информираше јавноста за исплатените средства на медиумите за извршено платено медиумско рекламирање од страна на кандидатите за Претседател на Републиката и кандидатите за градоначалници. Вкупната досегашна исплатена сума од страна на ДИК по двата основи е во износ од 3.768.794,00 евра, односно за Претседателски избори 2019 сума во износ од 219.596.294,00 денари, а за Предвремените локални избори 2019 година сума во износ од 12.184.600,00 денари, односно вкупно 231.780.844,00 денари.

Заклучок за објавување на конечните резултати и за завршување на Предвремени избори за градоначалници во општините Охрид, Дебар и Ново Село 2019

Заклучок за завршување на Претседателските избори 2019

Заклучок за објава на конечни резултати од вториот круг на гласање од Претседателски избори 2019 година

На 41-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 11.5.2019 година, се донесе Заклучокот за објавување на конечните резултати од вториот круг на гласање од Изборите за избор на Претседател на Републиката, со кој резултатите од гласањето стануваат конечни имајќи предвид дека во законскиот рок до Управниот суд на Република Северна Македонија и до Државната изборна комисија нема поднесено тужба за заштита на избирачкото право на подносителите на листите на кандидат.

Имено, Државната изборна комисија врз основа на податоците во доставените записници од избирачките одбори, општинските изборни комисии, целокупниот изборен материјал и по донесените решенија од Државната изборна комисија, утврди дека од вкупно запишаните 1.808.131 избирачи во заклучениот Избирачки список, гласале 843.508 избирачи, што во проценти изнесува 46,65%. Според пресметаните и утврдените резултати од гласањето спроведено на 5.5.2019 година и донесените решенија на Државната изборна комисија, вкупниот број на гласови што го добила секоја Листа на кандидат за претседател пооделно изнесува:

-кандидатот Гордана Сиљановска Давкова, добила 377.446 гласа, што во процент изнесува 44,75%

-кандидатот Стево Пендаровски, добил 435.656 гласа, што во процент изнесува 51,65%.

Согласно тоа, според пресметаните и утврдените резултати од гласањето, а врз основа на член 121 став (3) од Изборниот законик, Државната изборна комисија утврди дека Стево Пендаровски е избран за Претседател на Републиката, како кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале.

Истовремено, на седницата се донесе Заклучокот според кој со објавата на конечните резултати од Изборите за избор на Претседател на Републиката, се завршени Претседателските избори 2019 година.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

   Решенија по приговори II круг
[gdrive id=”1qklNAmZmNzhNqUD5Cjyiqie-236PyTOP” style=”list” width=”100%” height=”700px”]

На 40-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 9.5.2019 година (четврток), Комисијата ги разгледуваше и одлучуваше по поднесените приговори од овластен претставник и по истите беше одлучено на следниот начин:

  1. Приговорот Уп1 9 107 од 7.5.2019 година, за Избирачкото место 1789 Општина Ново Село, за избор на градоначалник на Општината Ново Село, по извршениот увид едногласно беше одбиен од страна на Државната изборна комисија.

Истовремено, Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на избирачкиот одбор од ова избирачко место, како и општинската изборна комисија Ново Село.

  • Приговорот Уп1 9 108 од 7.5.2019 година, за Избирачкото место 1001 Општина Куманово, за Избор на Претседател на Републиката, по извршениот увид едногласно беше прифатен од страна на Државната изборна комисија.

Истовремено, Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на избирачкиот одбор од ова избирачко место.

  • Приговорот Уп1 9 109 од 7.5.2019 година, за Избирачкото место 2350/1 Општина Студеничани, за Избор на Претседател на Републиката, по извршениот увид едногласно беше одбиен од страна на Државната изборна комисија.
  • Приговорот Уп1 9 110 од 7.5.2019 година, за Избирачкото место 2047 Општина Брвеница, за Избор на Претседател на Републиката, по извршениот увид едногласно беше одбиен од страна на Државната изборна комисија.
  • Приговорот Уп1 9 111 од 7.5.2019 година, за Избирачкото место 2967/1 Општина Шуто Оризари, за Избор на Претседател на Републиката, по извршениот увид едногласно беше прифатен од страна на Државната изборна комисија.

Истовремено, Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разреши соодветната смена од избирачкиот одбор од ова избирачко место, за времето кога е сторена повредата.

  • Приговорот Уп1 9 112 од 7.5.2019 година, за Избирачкото место 2859 Центар, за Избор на Претседател на Републиката, по извршениот увид едногласно беше одбиен од страна на Државната изборна комисија.
  • Приговорот Уп1 9 113 од 7.5.2019 година, за Избирачкото место 2430/1 Општина Сарај, за Избор на Претседател на Републиката, по извршениот увид едногласно беше прифатен од страна на Државната изборна комисија.

Истовремено, Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на избирачкиот одбор од ова избирачко место.

  • Приговорот Уп1 9 114 од 7.5.2019 година, за Избирачкото место 0277/1 Општина Пласница, за Избор на Претседател на Републиката, по извршениот увид едногласно беше одбиен од страна на Државната изборна комисија.
  • Приговорот Уп1 9 115 од 7.5.2019 година, за Избирачкото место 1281/1 Општина Охрид, за Избор на Претседател на Републиката, по извршениот увид едногласно беше одбиен од страна на Државната изборна комисија.
  1. Приговорот Уп1 9 116 од 7.5.2019 година, за Избирачкото место 1261 Општина Охрид, за Избор на Претседател на Републиката, по извршениот увид едногласно беше одбиен од страна на Државната изборна комисија.

Истовремено, Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на избирачкиот одбор од ова избирачко место.

  1. Приговорот Уп1 9 117 од 7.5.2019 година, за Избирачкото место 1521 Општина Прилеп, за Избор на Претседател на Републиката, по извршениот увид едногласно беше одбиен од страна на Државната изборна комисија.

Истовремено, Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на избирачкиот одбор од ова избирачко место.

  1. Приговорот Уп1 9 118 од 7.5.2019 година, за Избирачкото место 1588 Општина Радовиш, за Избор на Претседател на Републиката, по извршениот увид едногласно беше прифатен од страна на Државната изборна комисија.

Истовремено, Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на избирачкиот одбор од ова избирачко место.

Исто така, за избирачките места каде што беа прифатени приговорите, Државната изборна комисија донесе решение за поништување на гласањето, согласно член 151 став (1) од Изборниот законик, но имајќи предвид дека резултатите од поништените избирачки места на влијаат на вкупниот резултат, нема да има прегласување за истите.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Преглед на приговори заклучно Уп1 9-118 Седница

На 39-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 6.5.2019 година, врз основа на податоците во доставените записници од избирачките одбори и општинските изборни комисии беше утврден бројот на гласови што го добила секоја Листа на кандидат за избор на Претседател на Републиката пооделно, односно:

-Кандидатот Гордана Сиљановска Давкова, добила 377.713 гласа;

-Кандидатот Стево Пендаровски, добил 436.212 гласа.

Согласно пресметаните и утврдените резултати од гласањето, Државната изборна комисија утврди дека за Претседател на Републиката е избран кандидатот Стево Пендаровски, кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале.

Со објавувањето на првичните резултати започнува да тече рокот за приговори од 48 часа, согласно член 148 став (2) од Изборниот законик.

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски се заблагодари на членовите на Државната изборна комисија и на стручната служба на Државната изборна комисија, за успешно завршената работа во овој изборен процес.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content