На седницата на Државната изборна комисија беше донесена Дополната на заклучокот за известување за конечност на резултати од гласањето за избор на градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје, по одржан втор изборен круг на 31 октомври 2021 година, за соодветните општини.
На седницата се разгледуваше и одлучуваше по поднесени приговори од подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето.
Во законски определениот рок до Државната изборна комисија беа поднесени приговори од повеќе подносители на листи и тоа Трајно Македонско Радикално Обединување ТМРО, Демократска унија за интеграција – ДУИ и Група Избирачи Енвер Пајазити.
Имено, бидејќи приговорите поднесени од Трајно Македонско Радикално Обединување ТМРО, не се поднесени согласно член 148 од Изборниот законик, односно не се поднесени преку овластен претставник, не се потпишани од овластениот претставник и се доставени до општинската изборна комисија, Државната изборна комисија едногласно ги отфрли.
Дел од приговорите поднесени од Демократска унија за интеграција – ДУИ и сите приговори поднесени од Група Избирачи Енвер Пајазити беа едногласно одбиени поради тоа што не беа поткрепени со факти и докази. Во наводите на приговорите немаше никакви образложенија за наводите за несовпаѓање на податоците од записниците, додека во самите записници и дневниците на настани, немаше никакви забелешки од овластените претставници на подносителите на листи на кандидати или од членовите или замениците на избирачките одбори.
Во врска со ова беше истакнато дека подносителите на приговорите не го искористиле правото и можноста која е дадена согласно Изборниот законик да се постапува во случај на евентуални неправилности во постапката на гласање и сумирање на резултатите, да се стават свои забелешки за евентуални неправилности доколку биле евидентирани.
Исто така, во прилог на приговорите не беа доставени други соодветени факти или докази за наводите кои беа изнесени во нив (согласно член 116 став 3 од Изборниот законик), што беше утврдено по повеќекратните проверки и увид во записниците и останатиот доверлив изборен материјал од страна на Државната изборна комисија.
По неколку приговори поднесени од Демократската унија за интеграција ДУИ, од страна на Државната изборна комисија согласно член 148 став 3 од Изборниот законик, а во врска со член 108-а точка 10 од истиот закон, по предлог на член на Државната изборна комисија беше извршен увид во гласачкиот материјал, но беше констатирано дека сите податоци се совпаѓаат, а наводите од приговорите се неосновани и истите беа одбиени.
Само по однос на приговорот поднесен од Демократска унија за интеграција, за Избирачкото место 2107 Желино, беше констатирано дека едно лице гласало со неважечка лична карта, а во Извештајот од уредот за биометриска идентификација на гласачите нема совпаѓање со податоците од Записникот бр.16 и согласно тоа Државната изборна комисија го прифати приговорот и го поништи гласањето на ова гласачко место.
Донесените акти ќе бидат објавени на веб страницата на Државната изборна комисија.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Објава на првичните резултати од гласањето во вториот круг за избор на градоначалник на општина Дебар
Објава на првичните резултати од гласањето во вториот круг за избор на градоначалник на општина Дебар, добиени по електронски пат
Известување од четириесеттата седница на Државната изборна комисија, одржана на 9 ноември 2021 година
На седницата беше донесена Дополната на заклучокот за известување за конечност на резултати од гласањето за избор на градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје, по одржан втор изборен круг на ден 31 октомври 2021 година, за соодветните општини.
Имено, по конечноста на постапката по поднесени приговори во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите, се потврди конечност на резултатите од гласањето за избор на градоначалник на општините Желино, Брвеница, Студеничани и Старо Нагоричане.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Дополна на заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето за Избор на градоначалници на општините и Градоначалник на Град Скопје, по одржан втор изборен круг на ден 31.10.2021
Дополна на заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето за Избор на градоначалници на општините и Градоначалник на Град Скопје, по одржан втор изборен круг на ден 31.10.2021 година, за соодветните општини – 09.11.2021
Известување
Државната изборна комисија информира дека согласно член 2 точка 21 од Изборниот законик, изборниот процес за избор на членови на совет на општините и совет на Град Скопје и градоначалници на општините и Градоначалник на Град Скопје за Локалните избори 2021 година заклучно со 8 ноември 2021 година е завршен, освен изборниот процес за избор на градоначалник во Општина Дебар.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Известување од Триесет и деветтата седница на Државната изборна комисија, одржана на 5 ноември 2021 година
По известувањето од Собранието на Република Северна Македонија дека е констатирано престанување на мандатот на пратениците кои се избрани за градоначалници на општините, Државната изборна комисија која ја спроведува постапката согласно Изборниот законик ги извести кандидатите од листите на кандидати за пратеници кои доаѓаат на место на пратениците на кои им престанал мандатот.
Од листата на кандидати за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на овластениот подносител ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“ кандидатите Тони Јаревски, Зоран Коцевски, Драган Ковачки и Грација Бакраческа, а од листата на кандидати за пратеници на Собранието на Република Северна Македонија на овластениот подносител Коалиција Можеме, кандидатите Љубица Спасова и Драгољуб Филипоски потпишаа изјави за прифаќање на кандидатура, со што на седницата на Државната изборна комисија беше констатирано дека стануваат пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, за остатокот од мандатот согласно член 153 став 1 од Изборниот законик.
Државната изборна комисија на седницата го усвои и до Собранието на Република Северна Македонија го достави Извештајот за преземените работи согласно член 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, а на новите пратеници им издаде уверенија.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Известување од триесет и осмата седница на Државната изборна комисија, одржана на 4 ноември 2021 година
На седницата на Државната изборна комисија беше донесена Дополната на заклучокот за известување за конечност на резултати од гласањето за избор на градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје, по одржан втор изборен круг на 31 октомври 2021 година, за соодветните општини.
На седницата се разгледуваше и одлучуваше по поднесени приговори од подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето.
Во законски определениот рок до Државната изборна комисија беа поднесени приговори од повеќе подносители на листи и тоа Трајно Македонско Радикално Обединување ТМРО, Демократска унија за интеграција – ДУИ и Група Избирачи Енвер Пајазити.
Имено, бидејќи приговорите поднесени од Трајно Македонско Радикално Обединување ТМРО, не се поднесени согласно член 148 од Изборниот законик, односно не се поднесени преку овластен претставник, не се потпишани од овластениот претставник и се доставени до општинската изборна комисија, Државната изборна комисија едногласно ги отфрли.
Дел од приговорите поднесени од Демократска унија за интеграција – ДУИ и сите приговори поднесени од Група Избирачи Енвер Пајазити беа едногласно одбиени поради тоа што не беа поткрепени со факти и докази. Во наводите на приговорите немаше никакви образложенија за наводите за несовпаѓање на податоците од записниците, додека во самите записници и дневниците на настани, немаше никакви забелешки од овластените претставници на подносителите на листи на кандидати или од членовите или замениците на избирачките одбори.
Во врска со ова беше истакнато дека подносителите на приговорите не го искористиле правото и можноста која е дадена согласно Изборниот законик да се постапува во случај на евентуални неправилности во постапката на гласање и сумирање на резултатите, да се стават свои забелешки за евентуални неправилности доколку биле евидентирани.
Исто така, во прилог на приговорите не беа доставени други соодветени факти или докази за наводите кои беа изнесени во нив (согласно член 116 став 3 од Изборниот законик), што беше утврдено по повеќекратните проверки и увид во записниците и останатиот доверлив изборен материјал од страна на Државната изборна комисија.
По неколку приговори поднесени од Демократската унија за интеграција ДУИ, од страна на Државната изборна комисија согласно член 148 став 3 од Изборниот законик, а во врска со член 108-а точка 10 од истиот закон, по предлог на член на Државната изборна комисија беше извршен увид во гласачкиот материјал, но беше констатирано дека сите податоци се совпаѓаат, а наводите од приговорите се неосновани и истите беа одбиени.
Само по однос на приговорот поднесен од Демократска унија за интеграција, за Избирачкото место 2107 Желино, беше констатирано дека едно лице гласало со неважечка лична карта, а во Извештајот од уредот за биометриска идентификација на гласачите нема совпаѓање со податоците од Записникот бр.16 и согласно тоа Државната изборна комисија го прифати приговорот и го поништи гласањето на ова гласачко место.
Донесените акти ќе бидат објавени на веб страницата на Државната изборна комисија.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Дополна на заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето за Избор на градоначалници на општините и Градоначалник на Град Скопје, по одржан втор изборен круг на ден 31.10.2021
Дополна на заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето за Избор на градоначалници на општините и Градоначалник на Град Скопје, по одржан втор изборен круг на ден 31.10.2021 година, за соодветните општини
Известување од триесет и седмата седница на Државната изборна комисија, одржана на 3 ноември 2021 година
На седницата беше донесен Заклучокот за известување за конечност на резултати од гласањето за Избор на градоначалници на општините и Градоначалник на Град Скопје, по одржан втор изборен круг на 31 октомври 2021 година, за соодветните општини, како и Дополната на заклучокот за известување на конечност на резултати од гласањето за избор на членови на Совет на општините и совет на Град Скопје, по одржано прегласување во прв круг од 31 октомври 2021 година, за соодветните општини.
Донесените заклучоци ќе бидат објавени на веб страницата на Државната изборна комисија.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Дополна на заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето за Избор на членови на совет на општините и градоначалници на општините и совет на Град Скопје и градоначланици на општините и Градоначалник на Град Скопје
Дополна на заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето за Избор на членови на совет на општините и градоначалници на општините и совет на Град Скопје и градоначланици на општините и Градоначалник на Град Скопје, по одржано прегласување во прв круг од ден 31.10.2021 година, за соодветните општини
Заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето за Избор на градоначалници на општините и Градоначалник на Град Скопје, по одржан втор изборен круг на ден 31.10.2021
Заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето за Избор на градоначалници на општините и Градоначалник на Град Скопје, по одржан втор изборен круг на ден 31.10.2021 година, за соодветните општини
Објава на првични резултати од спроведените избори за градоначалници на општините, од спроведен втор изборен круг
Објава на првични резултати од спроведените избори за градоначалници на општините, од спроведен втор изборен круг, врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии
Објава на првични резултати од спроведените Избори за градоначалник на Град Скопје во втор изборен круг
Објава на првични резултати од спроведените Избори за градоначалник на Град Скопје (во втор изборен круг), врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во кои се спроведуваше гласањето за градоначалник на Град Скопје
Препораки за работа на избирачките одбори за забрзување на постапката на гласање во избирачките места
Препораки за работа на избирачките одбори за забрзување на постапката на гласање во избирачките места
Известување од триесет и шестата седница на Државната изборна комисија, одржана на 29 октомври 2021 година
На седницата беа прифатени барањата за добивање овластување за набљудувачи за Локалните избори 2021 година поднесени од повеќе организации и амбасади.
Државната изборна комисија одлучуваше по приговори за заштита на лично избирачко право и по приговори поднесени од гласачи кои се одбиени по барање за гласање во своите домови како болни и немоќни лица.
На седницата беа донесени Препораки за работа на избирачките одбори за забрзување на постапката на гласањето во избирачките места, кои се доставени до општинските изборни комисии и избирачките одбори, а произлегуваат од анализата и искуствата на работата на избирачките одбори во првиот круг и се во функција на подобрување на постапката на гласањето во вториот изборен круг.
Имено, во избирачките места каде има запишано поголем број на гласачи, каде се групирани повеќе гласачки места во еден објект за гласање или во гласачките места каде ќе чекаат на ред за гласање повеќе гласачи, избирачките одбори треба да се грижат за организацијата на гласањето и за редот, а начин што:
Исто така, како и во првиот круг остануваат препораките доколку има гужва во избирачкото место, избирачкиот одбор да не губи време со принтање на статистички извештаи за излезноста од техничката опрема, туку тоа да го направи телефонски до општинската изборна комисија според бројот на потпишани избирачи во Избирачкиот список кои гласале.
Бидејќи денес, на полноќ завршува изборната кампања Државната изборна комисија апелираше до политичките партии, кандидатите и медиумите да го почитуваат изборниот молк и Изборниот законик.
Истовремено, Државната изборна комисија ги повика сите граѓани да излезат и да гласаат слободно. Гласањето е тајно, гласачките ливчиња се заштитени и не е можно да бидат злоупотребени.
Исто така, Државната изборна комисија побара од општинските изборни комисии и избирачките одбори да се однесуваат и да работат професионално, одговорно, без оглед на било каква партиска припадност. Тие се должни да го почитуваат Изборниот законик, упатствата, актите на Државната изборна комисија, како и насоките добиени на обуките, се со цел спроведување на регуларен изборен процес, што е од заеднички инстерес за сите.
Триесет и шестата седница останува отворена за што јавноста ќе биде дополнително известена.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на ОИК Дебар – 27.10.2021
Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на ОИК Дебар – 27.10.2021
Табела на акредитирани набљудувачи за Локални избори 2021
Табела на акредитирани набљудувачи за Изборите за членови на советите на општините и Советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје 2021
Известување од триесет и петтата седница на Државната изборна комисија, одржана на 27 октомври 2021 година
На седницата беше донесена Одлуката за поништување на Измената на Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња бр.10-689/1 од 3 март 2020 година, донесена под број 08-3154/1 од 26 октомври 2021 година.
Имено, Државната изборна комисија информираше дека на вчерашната седница не го отстрани ставањето печат на гласачкото ливче. Ставањето на печат на гласачкото ливче е задолжително согласно член 109 став (2) од Изборниот законик. Со тоа секој член на Избирачкиот одбор кој работи со гласачките ливчиња задолжително треба да стави печат на гласачкото ливче на местото предвидено за печат.
Ваквата измена на Упатството за примена на член 110 од Изборниот законик, произлезе од Пресудата на Управниот суд каде што меѓу другото се вели … „ во таа смисла недозволиво е поради пропусти направени од членови на избирачкиот одбор, гласачите кои гласале и ја изјавиле својата волја на гласањето, нивните гласачки ливчиња кои немале печат да се сметаат за неважечки“.
Конкретно, Управниот суд на Република Северна Македонија, е тој кој прогласи гласачки ливчиња без печат за важечки, а не Државната изборна комисија, напротив Државната изборна комисија укажа и побара од членовите на избирачките одбори задолжително да ставаат печат на гласачките ливчиња.
Поради ова, Државната изборна комисија го измени Упатството за важечко и неважечко ливче само во делот каде што се вели дека гласачкото ливче е неважечко ако на него нема ставено печат, со интенција да се почитува волјата на гласачот доколку е направен намерен или ненамерен пропуст од страна на Избирачкиот одбор. Истовремено, се укажува дека определувањето за важечко и неважечко гласачко ливче е опишано во член 110 и член 115 од Изборниот законик, додека постапката за гласање се пропишува со член 109 од Изборниот законик, со што со измената на Упатството ниту еден од наведените членови од Изборниот законик не е прекршен.
Исто така, се укажува дека на самото гласачко ливче е испечатен бројот на гласачкото место на кое што припаѓа ливчето, со што се спречува и било каква друга манипулација со истото.
Имајќи ги предвид сите реакции од јавноста, Државната изброна комисија ја поништува измената на Упатството за примена на член 110 од Изборниот законик односно за важечко и неважечко гласачко ливче, со што во сила ќе го стави претходното Упатство.
Се нагласува дека избирачките одбори треба доследно да ја почитуваат одредбата од член 109 став (2) од Изборниот законик и задолжително да стават печат на гласачкото ливче на местото предвидено за печат.
Секој пропуст во овој дел ќе се третира како пропуст во постапката и доколку се утврди несоодветно работење на Избирачкиот одбор односно непочитување на било кој дел од постапката а особено на член 109 став (2) од Изборниот законик ќе биде предмет на покренување на кривична постапка.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Одлука за поништување на Измена на упатството за важечки и неважчки гласачки ливчиња
Одлука за поништување на Измената на упатството за важечки и неважчки гласачки ливчиња 6p.10-689/1 од 03.03.2020 година, донесена под број 08-3154/1 од 26.10.2021 година
Заклучок за дополна на Заклучокот за известување за конечност на резултати од гласањето за Локалните избори 2021
Заклучок за дополна на Заклучокот за известување за конечност на резултати од гласањето за Локалните избори 2021
Известување од триесет и четвртата седница на Државната изборна комисија, одржана на 26 октомври 2021 година
На седницата на Државната изборна комисија беше донесен Заклучокот за дополнување на Заклучокот за известување за конечност на резултати од гласањето за избор на членови на совет на општините и совет на Град Скопје и градоначалници на општините и Градоначалник на Град Скопје, одржани на 17 октомври 2021 година за соодветните општини, со кој се потврди конечноста на резултатите од гласањето за избор на совети на општините и изборот на градоначалници во општините Кисела Вода и Пласница.
Државната изборна комисија донесе Решение за повторување на гласањето на Избирачко место 0543, Дебар, за избор на членови на совет на Општина Дебар и избор на градоначалник на Општина Дебар и Решение за повторување на гласањето за избор на членови на совет на општина Шуто Оризари и совет на Град Скопје, на Избирачко место 2957/1 Шуто Оризари, откако претходно Управниот суд ги уважи тужбите на овластените подносители на приговорите кои Државната изборна комисија ги одби за овие избирачки места.
Исто така, Државната изборна комисија донесе изменување на Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња. Во врска со ова Комисијата дополнително извести и ги задолжи избирачките одбори задолжително да постапуваат според членот 109 став (2) и да ставаат печат на секое гласачко ливче, но доколку има ливчиња без ставен печат, за таквите да постапат согласно член 115, а во врска со член 110 од Изборниот законик и таквите ливчиња да бидат важечки доколку вољата на гласачот е јасно изразена.
На седницата се одобрија барањата за добивање овластување за набљудувачи за Локалните избори 2021 поднесени од Здружението Млади европски федералисти, Американската амбасада Скопје и ОБСЕ – ОДИХР Канцеларијата за демократски институции и човекови права на изборите.
Седницата дополнително ќе продолжи за што јавноста ќе биде известена.
Донесените акти ќе бидат објавени на веб страницата на Државната изборна комисија.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА