

Подносителите на листи на кандидати имаат право да поднесат приговори до ДИК за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати.
Приговорите за постапката за гласање можат да се поднесуваат најдоцна до утре до 19 часот, додека рокот за поднесување на приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите истекува во среда во 2 часот наутро.
ДИК е должна во рок од 48 часа по приемот на секој приговор да донесе одлука по истиот. Против одлуката на ДИК, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа.
Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата.
Државната изборна комисија ги известува граѓаните кои се запишани во избирачкиот список а на кои рокот на важност на документот за лична идентификација им истекува помеѓу двата изборни круга на Локалните избори 2017 година, во вториот изборен круг на Локалните избори 2017 година кој ќе се одржи на 29 октомври 2017 година, можат да гласаат единствено со важечка лична карта или патна исправа.
Граѓаните кои сакаат да го остварат своето избирачко право во вториот изборен круг за избор на Градоначалник на општината, треба веднаш да извадат нова лична карта или патна исправа.
Соопштениe за граѓаните за втор круг.pdf
ВМРО-ДПМНЕ
АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ
ЛЕВИЦА
ТМРО
ВМРО – ДПМНЕ
АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ
ЛЕВИЦА
ТМРО

Прилог: Преглед на приговори поднесени за локални избори 2017 година.pdf
Мандати за градоначалници и кандидати за втор круг на општините во Република Македонија – Локални избори 2017.pdf
Мандати за совет на општините во Република Македонија – Локални избори 2017.pdf
Мандат за градоначалник на град Скопје – Локални избори 2017.pdf
Мандати за совет на град Скопје – Локални избори 2017.pdf
Подносителите на листи на кандидати имаат право да поднесат приговори до ДИК за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати.
Приговорите за постапката за гласање можат да се поднесуваат најдоцна до денеска, 17 октомври, до 19 часот.
Со оглед дека општинските изборни комисии ги објавуваат првичните резултати од изборите во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките одбори, рокот за поднесување на приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите истекува ноќва во 2 часот по полноќ.