[ux_image id=”14013″ drop_shadow=”1″ link=”http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2017/08/Sredba-so-EU-2.jpg” ]

 

Државната изборна комисија денеска оствари средба со преставници од Европскиот Парламент и ЕУ делегацијата. На средбата гостите ја нагласија поддршката кон работата на ДИК во нејзините заложби за организирање и спроведување на локалните избори 2017 година.

Во текот на средбата  преставниците од Европскиот Парламент и ЕУ делегацијата се интересираа за повеќе прашања во доменот и надлежностите на ДИК, во делот на имплементација на препораките на ОДИХР и ОБСЕ, како и за начинот на ажурирање на податоците во Избирачкиот список.

Од страна на ДИК, беше истакнато  дека комисијата била во постојана соработка со сите релевантни институции.  Гостите беа информирани дека Избирачкиот список веќе е на јавен увид на официјалната страна на Државната изборна комисија и во сите општини односно подрачни одделенија и канцеларии на ДИК.

ДИК, исто така, информираше за преземените активности во нејзината надлежност а кои се дел од планот  3-6-9 од Влада на Република Македонија и во согласност со Стратешкиот план на Државната изборна комисија за периодот 2017-2020 година.

Беше подвлечено дека ДИК, од нејзиното формирање, посветено и одговорно работи, во рамките на своите надлежности, во зголемување на довербата во процесот на организирање на  изборниот процес, кај сите клучни актери.

 

Државната изборна комисија Ве известува дека утре, вторник 22 август ќе започне со случајниот избор на членови на избирачки одбори. Случајниот избор ќе се врши во период од 22 август (вторник) до 25 август (петок ) во просторите на дом на АРМ.

Почетокот на случајниот избор ќе започне во 11:00 часот

Државна изборна комисија

На 1 март 2017 година во Државната изборна комисија се одржа интерактивна презентација на The Hatch Act, односно Актот кој го дефинира превенирањето на партиски ангажмани на јавните службеници во САД.

Презентацијата ја спроведе Шефицата на Одделот за спроведување на Актот, г-а Ана Галиндо Мароне. Одделот за спроведување на Актот дава советодавни мислења на службени лица од федералните државни органи, органи на ниво на сојузните држави и на локално ниво, како и на општата јавност во САД, за разни ситуации што може да доведат до примена на законски мерки за придржување кон Актот.

Презентацијата ја овозможи Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

 

Извршниот директор на Граѓанската асоцијација МОСТ од Скопје, г. Дарко Алексов и Претседателот на Државната изборна комисија, г. Александар Чичаковски, се согласија за предавање на користење на „Датабаза на одлуки и пресуди по приговори и тужби за изборите”, од страна на Граѓанската асоцијација МОСТ на Државната изборна комисија.

Со потпишувањето на овој записник, Граѓанскзтз асоцијација МОСТ го предава домејнот http://izbornapravda.mk на Државната изборна комисија, која понатаму ќе ја администрира датабазата и ќе може истата да ја дополнува со нови одлуки.

Датабазата ги содржи одлуките по приговори за изборите од страна на Државната изборна комисија и пресудите no жалбите и тужбите од страна на Врховниот, односно Управниот суд. Временскиот период кој го опфаќа датабазата е од предвремените избори за пратеници зо Собранието иа Република Македонија одржани во 2008-ма г. до изборите за претседател на Република Македонија и предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија одржани во 2014-та г.

Датабазата е израбогена во форма на веб-страница (http://izbornapravda.mk) која ги содржи самите одлуки и пресуди во форма на датотеки во .pdf формат, како и основни податоци за истите, како на пример изборен циклус, вид на приговор, избирачко место, одлука по приговор итн. По истите овие критериуми датабазата може и да се пребарува.

Датабазата на одлуки и пресуди е во насока на продолжување на долгогодишната успешна соработка помеѓу Државната изборна комисија и Граѓанскага асоцијација МОСТ и има за цел да им послужи на сите субјекти и чинители поврзани со избориге.

Датабазата беше подготвена во рамките на проектот „Патоказ кон слободни и фер избори” кој го спроведуваше Граѓанската асоцијација МОСТ и кој беше финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија…(повеќе)

По повод Глобалниот ден на изборите, кој се оддржува секој прв четврток во февруари, Државната изборна комисија оствари работна средба со претставници од Граѓанската асоцијација МОСТ.

Средбата беше во насока на проширување на соработката помеѓу ДИК и МОСТ и на истата Граѓанската асоцијација МОСТ на ДИК и ја предаде на користење датабазата на одлуки и пресуди по приговори и тужби за изборите, претходно подготвена од страна на Граѓанската асоцијација МОСТ.

Датабазата е изработена во форма на веб- страница (http://izbornapravda.mk) која ги содржи самите одлуки и пресуди во форма на документи во pdf формат, како и основни податоци за истите, како на пример изборен циклус, вид на приговор, избирачко место, одлука по приговор итн. По истите овие критериуми датабазата може и да се пребарува.

Датабазата беше подготвена како дел од проектот „Патоказ кон слободни и фер избори“ кој го спроведуваше Граѓанската асоцијација МОСТ, а беше финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија, Британската Амбасада во Скопје, Националниот демократски институт (NDI) и Националниот фонд за демократија (NED).

Државната изборна комисија ја информира јавноста дека материјалите за едукација на гласачите кои се подготвени од други субјекти, а кои се емитуваат преку медиумите, не се одобрени од страна на Државната изборна комисија.
Материјалите за едукација на гласачите обележани со логото на Државната изборна комисија се единствени едукативни материјали. Оваа обврска на Државната изборна комисија е во согласност со член 31, став 2, точка 15 од Изборниот законик со кој се регулира дека Државната изборна комисија „ја информира и едуцира јавноста за начинот на гласање и за остварување на избирачкото право“.

Дезинформациите и шпекулациите кои се шират низ медиумите во однос на доверливиот изборен материјал за наводно осумдесет илјади пробни испечатени гласачки ливчиња, Државната изборна комисија ги демантира во целост.

Државната изборна комисија има целосна контрола врз целиот изборен процес, а особено врз печатењето на доверливиот изборен материјал.

Државната изборна комисија ги известува сите граѓани дека изводите од Избирачкиот список се испечатени, проверени, потврдени и потпишани од сите членови на Државната изборна комисија. Исто така, испечатени се и гласачките ливчиња и се пакуваат за достава до надлежните општински изборни комисии во наредните денови.

Воедно сакаме да ве информираме дека во текот на утрешниот ден во просториите на Државната изборна комисија ќе се спроведе гласањето на членовите на избирачките одбори кои ќе го спроведуваат гласањето во дипломатско конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Во информираме дека на 07.12.2016 година (среда) во просториите на Државната изборна комисија ќе се спроведе гласањето на членовите на избирачките одброи кои ќе го спроведуваат гласањето во дипломатско конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија.

Гласањето ќе започне од 07.00 часот и ќе трае до 19.00 часот.

 

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Врз основа на член 34 од Привремениот деловник на Државната изборна комисија, број. 01-1089/1 од 04.07.2006 година, членот 31 став 2 точките 2 и 44 од Изборниот законик („Службен Весник на Република Македонија”, број 40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 54/11, 142/12, 31/2013, 34/2013,14/2014, 30/14,196/15, 35/16, 97/16, 99/16,136/16 и 142/16) во врскасо член 173 став 1 од Изборниот законик, Државната изборна комисија на седницата одржана на 04.12.2016 година, донесе

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ
за постапување на општинските изборни комисии

Општинските изборни комисии да стапат во контакт со одговорните лица во институциите (средни и основни училишта, градинки и сл.) каде се сместени гласачките места а во чии објекти има инсталирано систем за видео надзор, и да побараат видео надзорот да биде исклучен во временски период од 06:00 до 24:00 часот на денот на гласањето (11 декември 2016 година) при што камерите, кои го опслужуваат видео надзорот да бидат насочени кон ѕидот на кој се монтирани, со цел овозможување на тајноста на гласачите и изборниот процес во целина.

Општинската изборна комисија да побара писмено известување од соодветната институција, во кое се гарантира дека видео надзорот е исклучен.

Во случај на доставени приговори од гласачите, по овој основ, Државната изборна комисија ќе преземе соодветни законски мерки против овластеното лице од соодветната институција, општинската изборна комисија и избирачкиот одбор…(повеќе)

Државната изборна комисија ги известува граѓаните кои во законски определениот рок се пријавија за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија во:

1. Токио,
2. Њу Делхи,
3. Атина,
4. Астана,
5. Каиро,
6. Киев,
7. Талин и
8. Тел Авив

дека на овие избирачки места бројот на пријавени граѓани е помал од 10. Согласно Изборниот законик во овие дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии нема да се спроведе гласање на предвремените избори за пратеници во Собранието иа Република Македонија закажани за 11.12.2016 година.

Граѓаните кои се пријавиле за гласање во овие дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии, своето право на глас ќе можат да го реализираат на нивните избирачки места според адресните податоци во Република Македонија.

Изборната кампања за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија закажани за 11 декември оваа година ќе започне на 21 ноември (понеделник).

Државната изборна комисија потсетува дека од денот на распишување на изборите па се до почеток на изборна кампања, радиодифузерите и печатените медиуми не смеат да емитуваат, односно да објавуваат платено политичко рекламирање.
Исто така, од денот на распишување на изборите се до нивното завршување, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања.

За прекршителите на овие одредби Државната изборна комисија ќе иницира поведување соодветни постапки согласно своите надлежности. Висината на глобите за ваквите прекршоци се определени во член 181 и 182 од Изборниот законик.

Be известуваме дека општинската изборна комисија е должна да ги прифати предлозите за членови и нивни заменици во избирачки одбори од политичките партии во опозиција и на власт, се со цел да се запази соодветната застапеност, согласно член 38 став 5 од Изборниот законик, и во ситуација кога листите со предлози или замени на веќе предложените кандидати, политичките партии ги доставиле надвор од роковите наведени во Роковникот за извршување на избориите дејствија за спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, 18 октомври -11 декември 2016 година… (повеќе)

Почитувани,

Државната изборна комисија Be известува дека при формирањето на избирачките одбори, а со цел да се залази принципот на нивно формирање, согласно член 38 ставовите 5 и 6 од Изборниот законик, за сите избирачки одбори каде предлози за членови и заменици имаат доставено двете политички партии во опозиција и двете политички партии од власта, општинската изборна комисија е должна да постапи согласно упатството на Државната изборна комисија бр. 08-2998/1 од 08.11.2016 година.

Во ситуација кога предлози за членови и нивни заменици доставила само една од политичките партии во опозиција или на власт, општинската изборна комисија е должна да ги прифати доставените предлози и да ги именува за членови и нивни заменици предложените лица само од доставените листи на предлози… (повеќе)

ПОЈАСНУВАЊЕ

За запишување во посебниот извод од избирачкиот список на лицата од членот 196-6 од
Изборниот законик.

Граѓаните кои согласно член 196-6 од Изборниот законик во број од 29858 кои поднеле пријава за запишување во избирачкиот список ло електронски пат преку апликацијата [email protected] или во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и чии што пријави се прифатени од страна на Државната изборна комисија, доколку сакаат да гласаат во странство, треба да поднесат Пријава/Барање за запишување во посебниот извод од избирачкиот список за гласање во ДКП на Република Македонија.

Државјаните на Република Македонија чии што пријави се прифатени и кои претходно го имаат пријавено пред надлежен орган на РМ својот привремен престој во странство или привремена работа во странство, односно државјаните за кои Министерството за внатрешни работи има евиденција дека се на привремена работа или престој во странство, поднесуваат само пријава Образец бр. 30

Државјаните на Република Македонија чии што пријави се прифатени и кои претходно не го пријавиле пред надлежен орган на Р.М. својот привремен лрестој или привремена работа во странство, односно државјаните за кои Министерството за внатрешни работи нема евиденција дека се на привремена работа или престој во странство, поднесуваат пријава/барање Образец бр. 29. Во прилог на образецот задолжително доставуваат скенирана копија од документи како доказ за престој во странство… (повеќе)

Понеделник 07.11.2016 година е последен ден за политичките партии на власт, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови и за политичките партии во опозиција, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, до Општинските изборни комисии да достават предлози за членови на избирачки одбори и нивните заменици во Република Македонија.

Поради тоа, Општинските изборни комисии се должни да организираат дежурства за прием на предлози за членови на избирачки одбори и нивните заменици од политичките партии на власт, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови и за политичките партии во опозиција, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, а по приемот на листите електронски да ја известат Државната изборна комисија.

Се известуваат Политичките партии дека Табелата „Предлози од политичка партија за членови и нивни заменици во избирачки одбори во Република Македонија“, објавена на веб страната на Државната изборна комисија, на 30.10.2016 година (недела) имаше технички грешки, поради што истата беше повлечена од веб страната.

На 04.10.2016 година повторно беше објавена корегираната табела.

Политичките партии предлозите за членови и нивни заменици во избирачки одбори во Република Македонија да ги достават во корегираната табела и во истата не мора да бидат пополнети рубриките: e-mail адреса и образование за предлог членовите и нивни заменици во избирачките одбори во Република Македонија.

Се известуваат граѓаните дека доколку при пребарувањето во Избирачкиот список, по ЕМБГ, по име и презиме или по адреса, НЕ СЕ ПРОНАЈДАТ во Избирачкиот список, да се проверат дали се наоѓаат во Листата на граѓани чии што записи во Избирачкиот список останале спорни, односно за кои има несовпаѓање на податоците, а кои согласно член 196-б од Изборниот законик не доставиле пријава до Државната изборна комисија.

Доколку се пронајдат во Листата, а за да го оставарат своето избирачко право на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат во декември 2016 година, ќе можат да се пријават при Државаната изборна комисија во текот на Јавниот увид во Избирачкиот список кој ќе трае 15 дена.

Државната изборна комисија најдоцна 10 дена од денот на распишувањето на изборите, Избирачкиот список ќе го стави на јавен увид во своите подрачни одделенија и месни канцеларии.

Граѓаните пријавувањето ќе можат да го направат согласно Упатството кое ќе го донесе Државната изборна комисија.

Предмет: Прв седмичен извештај на Агенцијата

Почитувани,

Врз основа на обврските од член 76-в став 2 и член 196-в од Изборниот законик, а во согласност со Меморандумот склучен меѓу нашите институции на 04,02.2016 година, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го доставува првиот седмичен извештај за периодот од 2 до 8 септември 2016 година.

Имајќи предвид дека според член 196-в од Изборниот законик, правилата за медиумско претставување од членовите 75, 75-а, 75-6, 75-в, 75-г, 75-д, 76-в и 76-г се применуваат 100 дена пред денот на одржување иа предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат во 2016 година, Агенцијата започна со мониторингот на 2 септември 2016 година… (повеќе)

Врз основа на член 196-г и член 196-ѓ од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија” бр.40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), а во врска со Писмениот извештај за извршен надзор (мониторинг) на Првиот телевизиски програмски сервис на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЈ1ЕВИЗИЈА Скопје – Македонска телевизија – Прв програмски сервис (МРТ1) бр.10-4351/1 од 07.09.2016 година, Привремената комисија за следење на медиумско претставување, доставува:

П Р Е Д Л О Г
за постапување

До Привремената комисија за следење на медиумско претставување доставен е Писмен извештај за извршен надзор (мониторинг) на Првиот телевизиски програмски сервис на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје – Македонска телевизија – Прв програмски сервис (МРТ1), бр. 10-4351/1 од 07.09.2016 година, емитуван во периодот од 2 до 5 септември 2016 година… (повеќе)

Во просториите на Државната изборна комисија денеска, 13 јули 2016 година, д-р Јасмина Димитриева одржа презентација на компаративната анализа на улогите на изборните тела во сузбивањето на изборни неправилности.

На барање на Државната изборна комисија, а во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), беше изготвен преглед на постојните практики од 12 земји од Западен Балкан и пошироко. Овој документ ќе послужи за натамошна разработка на постапките поврзани со изборни неправилности, како и за зајакнување на капацитетите на правната служба на ДИК.

 

 

Skip to content