Согласно член 52 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонијѕ бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), член 34 од привремениот Деловник на Државната изборна комиси,а и известувањето добиено од страна на Државниот завод за статистика бр. 17-2657/9 од 27.11.2016 година, Државната изборна комисија на седницата одржана на 28,11.2016 година донесе
ОДЛУКА
за заклучување на Избирачкиот список
1.По спроведените промени кои произлегоа од јавниот увид и спроведените промени кои произлегоа по одлучувањето по барањата на политичките партии, согласно член 49-а од Изборниог законик. согласно дописот од Државниот завод за статистика бр. 17-2657/9 од 27.11.2016 година. Државната изборна комисија го заклучува Избирачкиот список со следнава состојба:
– Вкупен број на гласачи запишани во Избирачлиот список – 1.784.416
Од нив:
– Во изводите од Избирачкиот список за гласање во Република Македонија се запишани 1.531.368 гласачи,
– Во посебниот извод од Избирачкиот список за лицата кои согласно евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство, а не поднеле при;ава за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва или Конзуларни канцеларии, вклучувајќи ги и граѓаните за кои согласно член 196-а се смета дека се на привремена работа или престој во странство, а кои не поднеле пријава за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва или Конзуларни канцеларии, се запишани 230.122 гласачи,
– Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор се запишани 2.015 гласачи.
– Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои согласно евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика се водат како внатрешно раселени лица се запишани 13 гласачи,
– Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои поднеле пријава за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва или Конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство се запишани 20.573 гласачи и
– Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица членови и заменици членови на избирачки одбори кои ќе го спроведуваат гласањето во Дипломатско-конзуларните претставништва или Конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство се запишани 325 гласачи…(повеќе)
Известување за барањата за изземање од должноста во ОИК – 08.12.2016
Државната изборна комисија постапувајќи по примените барања за иззеллање од должноста претседател, заменик претседател, член или заменик член во општинските изборни комисии врз основа на член 31 став (2) точка 1 а во врска со членовите 18 став (3), 33 став (1), 34 став (1) и (4) и 35 став (1) и (2) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 136/16 I 142/16), дава
ИЗВЕСТУВАЊЕ
1. Барањето, број 08-3442/1 од 29.11.2016 година, за изземање од должноста заменик член во Општинската изборна комисија Шуто Оризари, поднесено од ДРАГАНА ЧОЛКОВА вработена во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој именувана со одлука за формирање на општинска изборна комисија Струга, број 08-1304/1 од 28.04.2016 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија”, број 84 од 30 април 2016 година, HE Е ПРИФАТЕНО.
2. Барањето број 10-3352/3 од 01.12.2016 година, за изземање од должноста претседател во Општинската изборна комисија Пласница, поднесено од АНЕЛ МЕХМЕД вработен во Агенција за храна и ветеринарство именуван со одлука за формирање на општинска изборна комисија Студеничани, број 08-1304/1 од 28.04.2016 година, објавена во ‘Службен весник на Република Македонија’, број 84 од 30 април 2016 година, HE Е ПРИФАТЕНО…(повеќе)
Одлука за изменување и дополнување на одлуките за формирање на ОИК – 08.12.2016
Врз основа на член 31 став (2) точка 1 а во врска со членовите 18 став (3), 33 став (1), 34 став (1) и (4) и 35 став (1) и (2) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16,136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 05.12.2016 година, донесе
О Д Л У К A
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ
ИЗБОРНИ КОМИСИИ
I. Во одлуките за формирање на општинските изборни комисии, број 08-1304/1 од 28.04.2016 година, објавени во „Службен весник на Република Македонија”, број 84 од 30 април 2016 година, број 08-1304/3, 06.05.2016 година, објавена во Службен весник на Република Македонија број 89 од 09.05.2016 година, број 08-1304/5 од 10.05.2016 година, број 08-2788/1 од 28.10.2016 година, број 08-2788/3 од 03.11.2016 година, број 08-2788/5 од 09.11.2016 година, број 08-2788/7 од 14.11.2016 година, број 08-2788/9 од 22.11.2016 година и број 08-2788/11 од 28.11.2016 година, Државната изборна комисија решавајќи по поднесените барања за неприфаќање за извршување на должноста претседател, заменик претседател, член или заменик член во општинските изборни комисии поради здравствени или семејни причини, ги изврши следните измени и дополнувања:
1. Во составот на Општинската изборна комисија СТРУГА, заменик членот ЈЕТОНА СЕЛИМИ вработена во Општина Струга СЕ РАЗРЕШУВА.
За нов заменик член се избира ЊОМЗА ЌЕРИМИ , вработена во Секретаријат за спроведување на рамковниот договор.
2. Во составот на Општинската изборна комисија БОГОВИЊЕ заменик претседателот СОЊА ЗМЕЈКОСКА вработена во Државен завод за индустриска сопственост СЕ РАЗРЕШУВА…(повеќе)
Соопштение за материјалите за едукација на гласачите
Државната изборна комисија ја информира јавноста дека материјалите за едукација на гласачите кои се подготвени од други субјекти, а кои се емитуваат преку медиумите, не се одобрени од страна на Државната изборна комисија.
Материјалите за едукација на гласачите обележани со логото на Државната изборна комисија се единствени едукативни материјали. Оваа обврска на Државната изборна комисија е во согласност со член 31, став 2, точка 15 од Изборниот законик со кој се регулира дека Државната изборна комисија „ја информира и едуцира јавноста за начинот на гласање и за остварување на избирачкото право“.
Одлука за доделување на средства на ОИК – Предвремени избори за пратеници 11.12.2016
Врз основа на член 31 став 2 точка 44 и член 88 став 1 од Изборниот законик („Службен Весник на Република Македонија”, број 40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 54/11, 142/12, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/14,196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), а согласно член 44 од Привремениот деловник на Државната изборна комисија, број 01-1089/1 од 04.07.2006 година, а во врска со Решението за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, број 09-4469/1 од 18.10,2016 година, Државната изборна комисија на седницата одржана на 06.12.2016 година, донесе
ОДЛУКА
за доделување на средства на општинските изборни комисии, за спроведување на предвремените
избори за пратеници во Собранието на Република Македонија на 11.12.2016 година
1. На општинските изборни комисии им се одобруваат финансиски средства во износ од 2.312.000.00 денари за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија на 11 декември 2016 година.
2. Средствата се обезбедуваат од редовната сметка на Државната изборна комисија, од разделот 02004, од средствата за изборни активности според следниот преглед…(повеќе)
Одлука за ставање вон употреба на печатите од претходните изборни циклуси
Врз основа на член 31 став 2 точка 11 од Изборниот законик („Службен Весник на Република Македонија”, број 40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 54/11, 142/12, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/14,196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16) Државната изборна комисија, на седницата одржана на 06.12.2016 година, донесе
ОДЛУКА
за ставање вон употреба на печатите за избирачките места кои се користеле за време на претходните
изборни циклуси
1. Со оваа Одпука се ставаат вон употреба печатите за избирачките места за гласање во Република Македонија и во дипломатско конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство кои се користеле за време на претходните изборни циклуси.
2. Печатите од точка 1 на оваа Одлука да се складираат и чуваат во просториите на Државната изборна комисија,
3. Се задолжува Генералниот секретар да ја спроведе оваа Одлука.
4. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето…(повеќе)
Соопштение во врска со доверливиот изборен материјал
Дезинформациите и шпекулациите кои се шират низ медиумите во однос на доверливиот изборен материјал за наводно осумдесет илјади пробни испечатени гласачки ливчиња, Државната изборна комисија ги демантира во целост.
Државната изборна комисија има целосна контрола врз целиот изборен процес, а особено врз печатењето на доверливиот изборен материјал.
Државната изборна комисија ги известува сите граѓани дека изводите од Избирачкиот список се испечатени, проверени, потврдени и потпишани од сите членови на Државната изборна комисија. Исто така, испечатени се и гласачките ливчиња и се пакуваат за достава до надлежните општински изборни комисии во наредните денови.
Воедно сакаме да ве информираме дека во текот на утрешниот ден во просториите на Државната изборна комисија ќе се спроведе гласањето на членовите на избирачките одбори кои ќе го спроведуваат гласањето во дипломатско конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Code for observing elections and the electoral procedure
Pursuant to Article 31 paragraph (2) item (16) relating to Article 161 of the Electoral Code of the Republic of Macedonia (Official Gazette of RM No. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 14/14, 30/14, 196/15 and 35/16) the State Election Commission at the meeting held on 27.04.2016 adopted
CODE
for observing elections and the electoral procedure
The purpose of this Code is to lay down the procedures for observing elections and the election process as well as the procedure for carrying out the observation mission by accredited observers, in order to improve the integrity and transparency of the election process.
1. RULES AND PROCEDURES FOR ELECTION OBSERVATION
The observation rules represent a summary of practical guidelines for observing elections and the electoral procedure.
Accredited observers SHALL:
• Be familiar with and respect the provisions of the Electoral Code and this Code and shall adhere to provisions that regulate the electoral procedure;
• Be impartial while carrying out their duties where they must not express a bias towards election bodies, political parties, group of electors, candidates or any other matter of argument in the election process;
• Visibly display their accreditation badge issued by the State Election Commission, as well as their personal identification document;
• Base their conclusions on documented and confirmed facts…(more)
Соопштение за гласање на членовите на избирачките одбори во ДКП
Во информираме дека на 07.12.2016 година (среда) во просториите на Државната изборна комисија ќе се спроведе гласањето на членовите на избирачките одброи кои ќе го спроведуваат гласањето во дипломатско конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија.
Гласањето ќе започне од 07.00 часот и ќе трае до 19.00 часот.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Известување за постапување на ОИК
Врз основа на член 34 од Привремениот деловник на Државната изборна комисија, број. 01-1089/1 од 04.07.2006 година, членот 31 став 2 точките 2 и 44 од Изборниот законик („Службен Весник на Република Македонија”, број 40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 54/11, 142/12, 31/2013, 34/2013,14/2014, 30/14,196/15, 35/16, 97/16, 99/16,136/16 и 142/16) во врскасо член 173 став 1 од Изборниот законик, Државната изборна комисија на седницата одржана на 04.12.2016 година, донесе
ИЗВЕСТУВАЊЕ
за постапување на општинските изборни комисии
Општинските изборни комисии да стапат во контакт со одговорните лица во институциите (средни и основни училишта, градинки и сл.) каде се сместени гласачките места а во чии објекти има инсталирано систем за видео надзор, и да побараат видео надзорот да биде исклучен во временски период од 06:00 до 24:00 часот на денот на гласањето (11 декември 2016 година) при што камерите, кои го опслужуваат видео надзорот да бидат насочени кон ѕидот на кој се монтирани, со цел овозможување на тајноста на гласачите и изборниот процес во целина.
Општинската изборна комисија да побара писмено известување од соодветната институција, во кое се гарантира дека видео надзорот е исклучен.
Во случај на доставени приговори од гласачите, по овој основ, Државната изборна комисија ќе преземе соодветни законски мерки против овластеното лице од соодветната институција, општинската изборна комисија и избирачкиот одбор…(повеќе)
Контакт лица од ДИК за оперативна поддршка на ОИК
[ux_image id=”11737″ drop_shadow=”1″ lightbox=”1″]
Превземи … (Контакт лица од ДИК за оперативна поддршка на Општинските изборни комисии – Предвремени парламентарни избори 2016)
Решенија за формирање на Избирачки одбори за спроведување на гласањето во ДКП
Финансиски извештаи за приходи и расходи на Политичките партии (21.11 – 30.11.2016)
ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ ЗА ПРИХОДИ И РАСХОДИ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ
(21.11 – 30.11.2016)
– Прва корекција на финансискиот извештаj – КОАЛИЦИЈА ЗА ПРОМЕНИ И ПРАВДА – ТРЕТ БЛОК
– Втора корекција на финансискиот извештај – КОАЛИЦИЈА ЗА ПРОМЕНИ И ПРАВДА – ТРЕТ БЛОК
(21.11 – 30.11.2016)
(21.11 – 30.11.2016)
(18.11 – 30.11.2016)
Известување до ОИК за постапување со болни и немоќни лица
Се известуваат општинските изборни комисии дека:
1. Според упатството за примена на член 111 став 1, 2 и 3 од ИЗ во точка 1 е наведено точно што се подразбира под болно и немоќно лице – неподвижно, потполно слепо, заболено од дистрофија или сродни мускулни или нервно мускулни заболувања, церебрална парализа или детска парализа или параплегија. За ова според точка 4 од Упатството ОИК може да консултира доктор специјалист за читање на дијагнозите по доставените барања.
2. Во точка 2 од Упатството е наведено дека со барањето се доставува во оригинал или копие и медицински доказ или решение за користење туѓа нега од трето лице, што значи ако е доставено решение за туѓа нега барањето треба да биде одобрено, бидејќи Комисијата која го донела решението веќе ја разгледала медицинската документација и за вас како ОИК е доволно да има решение за туѓа нега кое е во важност. Напомнувам дека Решението за туѓа нега треба да биде важечко.
3. Општинската изборна комисија може да ангажира доктор специјалист, при што е потребно комисијата да изготви соодветна документација за неговото ангажирање. Ангажираното лице треба исто така да биде потпишано на документацијата.
4. На ангажираниот доктор специјалист, му следи надоместок согласно позитивните законски прописи…(повеќе)
Укажување за ОИК кои на своето подрачје имаат казнено поправна установа
На сите Општински изборни комисии кои на своето подрачје имаат казнено-поправна установа во која ќе се спроведува гласање на 10.12.2016 година им се укажува дека оние лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, а за кои Управата на казнено поправната установа нема нивна важечка лична карта или пасош можат да гласаат со домска/затворска легитимација.
Се задолжуваат ОИК во соработка со Управите на казнено поправните установи да го спроведат ова укажување… (повеќе)
Укажување во врска со променетите локации на избирачките места
Им се укажува на сите Општински изборни комисии, во соработка со Подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија. да ги лоцираат избирачките места каде има промена на локацијата (адресата) на гласачкото место од последните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, одржани во 2014 година.
За новата локација (адреса) на гласачките места да бидат изготвени соопштенија, кои ќе бидат истакнати на старите гласачки места…(повеќе)
Заклучок за останување во сила на правилникот за начинот на постапување на полицијата за време на спроведување на изборите
Врз основа на член 31 став 2 точка 2 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија,, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14 и 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 28.11.2016 година, донесе
ЗАКЛУЧОК
Правилникот за начинот на постапување на полицијата за време на спроведување на изборите со број 07-210/4 од 19.02.2014 година останува во сила и ќе се применува за предвремените Парламентари избори кои ќе се одржат на 11 Декември 2016 година…(повеќе)
Превземи (Правилник за начинот на постапување на полицијата за време на спроведување на изборите со вклучен Образец во врска со потребата од повикување на полиција од Избирачкиот одбор и постапувањето на полицијата на гласачкото место)
Заклучок за останување во сила на упатството за примена на член 113 став 3 од Изборниот законик
Врз основа на член 31 став 2 точка 2 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија,, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14 и 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 28.11.2016 година, донесе
ЗАКЛУЧОК
Упатството за примена на член 113 став 3 од Изборниот законик за лица кои се наоѓаат на издржување на мерка куќен притвор со број 07-493/3 од 21.02.2014 година останува во сила и ќе се применува за предвремените Парламентари избори кои ќе се одржат на 11 Декември 2016 година… (повеќе)
Превземи (Упатство за примена на член 113 став 3 од Изборниот законик – за лица кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор)
Заклучок за останување во сила на упатството за примена на член 113-б од Изборниот законик
Врз основа на член 31 став 2 точка 2 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија,, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14 и 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 28.11.2016 година, донесе
ЗАКЛУЧОК
Упатството за примена на член 113-6 од Изборниот законик за гласање на избирачите кои се членови на избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето во дипломатско-конзуларните преставништва односно конзуларните канцеларии на Република Македонија, со број 07-972/1 од 14.03.2014 година останува во сила и ќе се применува за предвремените Парламентари избори кои ќе се одржат на 11 Декември 2016 година…(повеќе)
Превземи (Упатство за примена на член 113-б од Изборниот законик за гласање на избирачите кои се членови на избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето во дипломатско-конзуларните претставништва односно конзуларните канцеларии)
Одлука за заклучување на Избирачкиот список
Согласно член 52 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонијѕ бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), член 34 од привремениот Деловник на Државната изборна комиси,а и известувањето добиено од страна на Државниот завод за статистика бр. 17-2657/9 од 27.11.2016 година, Државната изборна комисија на седницата одржана на 28,11.2016 година донесе
ОДЛУКА
за заклучување на Избирачкиот список
1.По спроведените промени кои произлегоа од јавниот увид и спроведените промени кои произлегоа по одлучувањето по барањата на политичките партии, согласно член 49-а од Изборниог законик. согласно дописот од Државниот завод за статистика бр. 17-2657/9 од 27.11.2016 година. Државната изборна комисија го заклучува Избирачкиот список со следнава состојба:
– Вкупен број на гласачи запишани во Избирачлиот список – 1.784.416
Од нив:
– Во изводите од Избирачкиот список за гласање во Република Македонија се запишани 1.531.368 гласачи,
– Во посебниот извод од Избирачкиот список за лицата кои согласно евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство, а не поднеле при;ава за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва или Конзуларни канцеларии, вклучувајќи ги и граѓаните за кои согласно член 196-а се смета дека се на привремена работа или престој во странство, а кои не поднеле пријава за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва или Конзуларни канцеларии, се запишани 230.122 гласачи,
– Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор се запишани 2.015 гласачи.
– Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои согласно евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика се водат како внатрешно раселени лица се запишани 13 гласачи,
– Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои поднеле пријава за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва или Конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство се запишани 20.573 гласачи и
– Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица членови и заменици членови на избирачки одбори кои ќе го спроведуваат гласањето во Дипломатско-конзуларните претставништва или Конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство се запишани 325 гласачи…(повеќе)
Известување за барањата за изземање од должноста во ОИК – 28.11.2016
Државната изборна комисија постапувајќи по примените барања за изземање од должноста претседател, заменик претседател, член или заменик член во општинските изборни комисии врз основа на член 31 став (2) точка 1 а во врска со членовите 18 став (3), 33 став (1), 34 став (1) и (4) и 35 став (1) и (2) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13,14/14, 30/14,196/15, 35/16, 97/16,136/16 и 142/16), дава
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Барањето, број 08-3287/1 од 22.11.2016 година, за изземање од должноста член во Општинската изборна комисија ГАЗИ БАБА, поднесено од ЕЛЕНА ПОП КОЧОВА, вработена во Министерство за финансии со одлука за формирање на општинска изборна комисија Гази Баба, број 08-1304/1 од 28.04.2016 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија”, број 89 од 09 мај 2016 година, HE Е ПРИФАТЕНО…(повеќе)