Специјалниот претставник на Германија за Македонија, амбасадорот Јоханес Хајндл во петокот попладне имаше работна средба со членовите на Државната изборна комисија. На состанок што се одржа во ДИК, специјалниот претставник беше запознат со активностите кои Државната изборна комисија ги презеде од нејзиното именување како и за оние што следат во наредниот период.

Co 6 (шест) решенија на Државната изборна комисија под број 10-1424/19; 10-1424/20; 10-1424/21; 10-1424/22; 10-1424/23 и 10-1424/24 од 15,05.2016, листите на кандидати на Народно движење за Македонија за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија во изборната единица број 1,2,3,4,5 и 6 се отфрлаат поради тоа што во листите на кандидати нема најмалку 40% од кандидатите кои му припаѓаат на помалку застапениот пол, нема копија од лична карта или патна исправа за секој кандидат од листата и нема доказ за секој кандидат дека не е осуден со правосилна судска одлука.

Овие решенија е незаконити и неправилни. Го побиваме со оваа тужба поради:

  • непотполно и погрешно утврдена фактичка состојба, и
  • погрешна примена на материјалното право…(повеќе)

 

 

УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: Димитрула Апостоловска – претседател на советот, Бурим Сејдини и Валентина Конеска – членови на советот, со записничар Ивана Смугреска Петрески – виш судски соработник, одлучувајќи по тужбата на тужителот Државна изборна комисија, поднесена преку застапник по закон Државно правобранителство на Република Македонија-Скопје, против Привремено решение на Дирекцијата за заштита на лични податоци УП1 бр.10-83 од 29.03.2016 година, за избори, на седницата на советот одржана на ден 05.05.2016 година, донесе:

ПРЕСУДА

Тужбата на тужителот Државна изборна комисија, поднесена преку застапник по закон Државно правобранителство на Република Македонија, СЕ УВАЖУВА.

Привременото решение на Дирекцијата за заштита на лични податоци УП 1 бр. 10-83 од 29.03.2016 година, СЕ ПОНИШТУВА…. (повеќе)

Се известуваат правните лица, кои стопанисуваат со рекламните паноа и билборди а кои доставиле свои ценовници до Државната изборна комисија дека ждрепката за поделба на локациите кои се нудат за политичко рекламирање, распоредени согласно критериумите од член 78-а став 3 од Изборниот законик, ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО НЕДЕЛА, 15 МАЈ 2016 ГОДИНА.

Ви благодариме на соработката,

                                                                                                                                             ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
                                                                                                                                                        ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР
                                                                                                                                                                ДОБРЕ ЈАНЧЕВ

                                                                                                                                               

 

Описи на избирачките места во Република Македонија – Предвремени парламентарни избори 2016

 

Одлука за изменување и дополнување на одлуките за формирање на Општинските изборни комисии 10.05.2016 год

 

Решение за неприфаќање на барање за изземање од извршување на должноста претседател, заменик претседател, член или заменик член во ОИК поради здравствени или семејни причини  06.05.2016

Одлука за изменување и дополнување на одлуките за формирање на ОИК 06.05.2016

 

Известување за потребните прилози кон поднесената листа на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија за изборните единици 1, 2, 3, 4, 5 и 6 (член 64 од Изборниот законик)

Барање за обезбедување просторни и технички услови за работа на општинската изборна комисија

Skip to content