Државната изборна комисија ги известува радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали), кои ќе обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања за Повторните избори за градоначалник на општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуша и градоначалник на општина Центар Жупа во 2026 година, дека се должни да се регистрираат во Државната изборна комисија, во рок од 3 дена од денот на распишување на изборите.
Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) доставуваат „Барање за упис во регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Повторните избори за градоначалник на општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуша и градоначалник на општина Центар Жупа во 2026 година“ до Државната изборна комисија, задолжително со прилог тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија, не постара од 30 дена.
Барањата за упис со прилог тековна состојба се поднесуваат електронски на следната електронска адреса: [email protected] или во архивата на ДИК на бул.„Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје (најдоцна до 24:00 часот на 20 ноември 2025 година).
Врз основа на поднесените барања за упис, Државната изборна комисија ќе изготви „Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Повторните избори за градоначалник на општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуша и градоначалник на општина Центар Жупа во 2026 година“ кои ќе даваат услуги на платено политичко рекламирање за време на Повторните избори за градоначалник на општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуша и градоначалник на општина Центар Жупа во 2026 година. Регистарот со уредно поднесени и прифатени барања за упис во регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Повторните избори за градоначалник на општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуша и градоначалник на општина Центар Жупа во 2026 година ќе биде јавно објавен на интернет страната на Комисијата.
Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) се должни во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес (најдоцна на 22 ноември 2025 година до 24:00 часот).
Радиодифузерите и печатените медиуми се должни ценовниците за секој медиум одделно за платено политичко рекламирање да ги применуваат и за време на изборната кампања и притоа просечната цена (аритметичка средина) по секунда за едно деноноќие добиена според различните ценовно-рекламни временски периоди и тоа: Период 1 – од 00:00 до 08:00 часот, Период 2 – од 08:00 до 16:00 часот и Период 3 – од 16:00 до 24:00 часот кај радиодифузерите за платено политичко рекламирање, како и цената за закуп на рекламен простор во печатениот медиум да не ја надминува вкупната просечна цена на рекламирање на секој радиодифузер одделно пресметана во последните пет изминати изборни циклуси одржани на ниво на цела територија на државата и тоа за Изборите за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, Изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2024 година, Изборите за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје во 2021 година, Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2020 година и Изборите за Претседател на Република Северна Македонија во 2019 година, а за електронските медиуми (интернет порталите) цената за закуп на рекламен простор на интернет порталот за платено политичко рекламирање да не ја надминува просечната цена за рекламирање пресметана, за последните пет изминати изборни циклуси.
За Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) кои не учествувале на сите изминати 5 изборни циклуси цената за платено политичко рекламирање не може да ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклуси согласно Упатство за начинот и постапката за потврдување на просечно постигнатата цена за платено политичко рекламирање за радиодифузер, печатени медиуми и електронски портали (интернет портали) кои не учествувале на последните пет изборни циклуси донесено од страна на Државната изборна комисија со бр.08-441/1 од 14.02.2024 година.
Државната изборна комисија е должна да ги потврди и објави на нејзината веб страна доставените ценовници со просечно пресметаните цени утврдено од радиодифузерите и печатените медиуми, како и да ги објави ценовниците со цените утврдени од електронските медиуми (интернет порталите), согласно член 75-ѓ став (3) и (9) од ИЗ, во рок од 10 дена од истекот на рокот за доставување на ценовниците утврдени во ставот (3) на овој член.
Доколку Државната изборна комисија утврди неправилности во ценовниците од радиодифузерите и печатените медиуми го известува соодветниот медиум да изврши корекција на ценовникот во рок од 72 часа од приемот на известувањето.
Архивата на Државната изборна комисија ќе работи на прием на барања за упис во регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) на ден 20.11.2025 година (четврток), до 24:00 часот.
Напомена: Во предвид ќе се земат само доставените барања за упис во Регистарот исклучиво на горенаведената електронска пошта [email protected] или до архивата на Државната изборна комисија.
Упатство за начинот и постапката за потврдување на просечно постигнатата цена за платено политичко рекламирање за радиодифузери, печатени медиуми и електронски портали (интернет портали) кои не учествувале на последните пет изборни циклуси
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Средба на Државната изборна комисија со претставниците на мисијата ОБСЕ/ОДИХР
Во седиштето на Државната изборна комисија, се одржа средба помеѓу членовите на Државната изборна комисија и претставниците на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, во врска со Изјавата со прелиминарни наоди и заклучоци во однос на вториот изборен круг и денот на Изборите за избор на Претседател на Републиката 2019 година, кои се одржаа на 5.5.2019 година.
Имено, на средбата се дискутираше за забелешките и препораките од страна на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за овој изборен циклус, како и за значително позитивните преземени активности од страна на Државната изборна комисија за фер и демократски избори, што подразбира: транспарентност во целиот изборен процес, зајакнување на капацитетите на изборната администрација и законска рамка за успешно спроведување на изборите, со што се покажа демократскиот капацитет на државата.
Истовремено, по однос на препораките се дискутираше за сите недостатоци кои беа детектирани, а особено поврзани со недоследноста на законската рамка, за кои Државната изборна комисија потврди. Заради потребата од нивно надминување и решавање, во периодот кој следува Државната изборна комисија информираше дека токму тоа ќе биде приоритет за работа.
Двете страни се заблагодарија за меѓусебната отворена соработка и транспарентност и се согласија истата да ја продолжат и понатаму.
Заклучок за завршување на Претседателските избори 2019
Заклучок за завршување на Претседателските избори 2019
41-та седница на Државната изборна комисија
На 41-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 11.5.2019 година, се донесе Заклучокот за објавување на конечните резултати од вториот круг на гласање од Изборите за избор на Претседател на Републиката, со кој резултатите од гласањето стануваат конечни имајќи предвид дека во законскиот рок до Управниот суд на Република Северна Македонија и до Државната изборна комисија нема поднесено тужба за заштита на избирачкото право на подносителите на листите на кандидат.
Имено, Државната изборна комисија врз основа на податоците во доставените записници од избирачките одбори, општинските изборни комисии, целокупниот изборен материјал и по донесените решенија од Државната изборна комисија, утврди дека од вкупно запишаните 1.808.131 избирачи во заклучениот Избирачки список, гласале 843.508 избирачи, што во проценти изнесува 46,65%. Според пресметаните и утврдените резултати од гласањето спроведено на 5.5.2019 година и донесените решенија на Државната изборна комисија, вкупниот број на гласови што го добила секоја Листа на кандидат за претседател пооделно изнесува:
-кандидатот Гордана Сиљановска Давкова, добила 377.446 гласа, што во процент изнесува 44,75%
-кандидатот Стево Пендаровски, добил 435.656 гласа, што во процент изнесува 51,65%.
Согласно тоа, според пресметаните и утврдените резултати од гласањето, а врз основа на член 121 став (3) од Изборниот законик, Државната изборна комисија утврди дека Стево Пендаровски е избран за Претседател на Републиката, како кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале.
Истовремено, на седницата се донесе Заклучокот според кој со објавата на конечните резултати од Изборите за избор на Претседател на Републиката, се завршени Претседателските избори 2019 година.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
40-та седница на Државната изборна комисија
На 40-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 9.5.2019 година (четврток), Комисијата ги разгледуваше и одлучуваше по поднесените приговори од овластен претставник и по истите беше одлучено на следниот начин:
Истовремено, Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на избирачкиот одбор од ова избирачко место, како и општинската изборна комисија Ново Село.
Истовремено, Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на избирачкиот одбор од ова избирачко место.
Истовремено, Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разреши соодветната смена од избирачкиот одбор од ова избирачко место, за времето кога е сторена повредата.
Истовремено, Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на избирачкиот одбор од ова избирачко место.
Истовремено, Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на избирачкиот одбор од ова избирачко место.
Истовремено, Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на избирачкиот одбор од ова избирачко место.
Истовремено, Државната изборна комисија, донесе Заклучок да се разрешат членовите на избирачкиот одбор од ова избирачко место.
Исто така, за избирачките места каде што беа прифатени приговорите, Државната изборна комисија донесе решение за поништување на гласањето, согласно член 151 став (1) од Изборниот законик, но имајќи предвид дека резултатите од поништените избирачки места на влијаат на вкупниот резултат, нема да има прегласување за истите.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
39-та седница на Државна Изборна Комисија
На 39-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 6.5.2019 година, врз основа на податоците во доставените записници од избирачките одбори и општинските изборни комисии беше утврден бројот на гласови што го добила секоја Листа на кандидат за избор на Претседател на Републиката пооделно, односно:
-Кандидатот Гордана Сиљановска Давкова, добила 377.713 гласа;
-Кандидатот Стево Пендаровски, добил 436.212 гласа.
Согласно пресметаните и утврдените резултати од гласањето, Државната изборна комисија утврди дека за Претседател на Републиката е избран кандидатот Стево Пендаровски, кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале.
Со објавувањето на првичните резултати започнува да тече рокот за приговори од 48 часа, согласно член 148 став (2) од Изборниот законик.
Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски се заблагодари на членовите на Државната изборна комисија и на стручната служба на Државната изборна комисија, за успешно завршената работа во овој изборен процес.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
ЗАКЛУЧОК за објавување на првични резултати од вториот круг на гласање
ЗАКЛУЧОК за објавување на првични резултати од вториот круг на гласање за избор на претседател на републиката врз основа на податоци од записниците од општинските изборни комисии
Решениjа по приговори од овластениот претставник на кандидат за Претседател Гордана Сиљановска Давкова
Решенија по приговори
[gdrive id=”1SBydRP9pg8GCuNEKk57zv4g4inBlM5XU” style=”list” width=”100%” height=”700px”]Средба помеѓу Државната изборна комисија и набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР
Во седишето на Државната изборна комисија се одржа средба помеѓу членовите на Комисијата и членовите на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ ОДИХР, по повод завршувањето на првиот изборен круг од Изборите за Претседател на Република Северна Македонија 2019 година.
На средбата се диксутираше за спроведувањето на целокупниот изборен процес, преземените дејствија од страна на Државната изборна комисија, за да се овозможи фер и демократски процес, како и за спроведувањето на гласањето на самиот ден на Изборите, 21.4.2019 година.
Предмет на дискусијата беше и Изјавата за прелиминарни наоди и заклучоци, изработена од страна на Меѓународната мисија за набљудување на изборите. Државната изборна комисија одговори на сите прашања и забелешки од страна на членовите на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ ОДИХР.
Во однос на некои забелешки и предизвици на кои што треба да се одговори во иднина, првиот круг од овие Избори е оценет како мирен, уреден и транспарентен.
Двете страни очекуваат вториот изборен круг да биде спроведен во фер и демократска атмосфера, а за успешноста на целокупниот процес соработката и транспарентноста помеѓу двете страни продолжува и во иднина.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Решение за поништување на гласањето на ИО 2564 -Ѓорче Петров по листи на кандидат за избор на Претседател на РСМ
Решение за поништување на гласањето на ИО 2564 -Ѓорче Петров по листи на кандидат за избор на Претседател на РСМ
Заклучок за објавување на првични официјални резултати од првиот круг на гласање за избор на Претседател на РСМ врз основа на податоците од записниц
Заклучок за објавување на првични официјални резултати од првиот круг на гласање за избор на Претседател на РСМ врз основа на податоците од записниц
35-та седница на Државната изборна комисија
На 35-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 22.4.2019 година, се објавија резултати од првиот круг на гласање за избор на Претседател на Република Северна Македонија, согласно записниците од општинските изборни комисии и избирачките одбори. Според пресметаните утврдени резултати од гласањето спроведено на 21.4.2019 година, вкупниот број на гласови што го добила секоја листа на кандидат за Претседател пооделно изнесува:
Согласно член 121 став (1) од Изборниот законик, во вториот круг ќе се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг освоиле најмногу гласови, односно за Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски.
Истовремено, на седницата се одлучуваше по службена должност за гласањето во ИМ 2564 Ѓорче Петров, каде согласно член 151 став (1) алинеја 5 од Изборниот законик, Државната изборна комисија со решение го поништи гласањето во ова Избирачко место, имајќи предвид дека бројот на гласачките ливчиња во гласачката кутија е поголем е бројот на избирачите што гласале.
Бидејќи бројот на гласови не влијае на конечниот резултат, на ова избирачко место ќе се гласа во втор круг, на 5.5.2019 година.
По однос на приговорот за ИМ 006 Берово, се отфрли како недозволен, а се утврди дека избирачкиот одбор не го спровел гласањето на начин утврден со Законикот.
Исто така, Државната изборна комисија одлучи избирачките одбори од овие избирачки места да се разрешат.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Апел за фер избори
Денес во просториите на Државната изборна комисија, беа присутни г-н Игор Јанушев, г-н Александар Кирацовски и г-н Флорин Хасани, шефови на изборните штабови за претстојните Претседателски избори 2019 година, кои заедно со членовите на Државната изборна комисија упатија апел до граѓаните да го искористат своето право на глас, во недела, на 21.4.2019 година.
Присутните истакнаа дека до сега овој изборен процес се одвива во мирна и демократска атмосфера и притоа укажаа дека со овие избори имаме шанса да ја покажеме демократската зрелост и политичка свест.
Сите заедно апелираа до граѓаните за фер и демократси избори.
Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, упати апел да се почитува молкот на денот пред одржување на изборите, додека пак Државната изборна комисија како и до сега ќе биде отворена за јавноста, со цел изборниот процес да биде успешен.
Упатство за достава на податоци за резултатите од гласањето од ИО до ДИК
Упатство за достава на податоци за резултатите од гласањето од Избирачките одбори од Записникот број 16 и од Записникот 21 на ОИК до Државната изборна комисија
Решение за обезбедување на побарување со привремена мерка донесена од Основен суд Скопје 2 – Скопје
Решение за обезбедување на побарување со привремена мерка донесена од Основен суд Скопје 2 – Скопје во правната работа на предлагачот Трговско Радиодифузно Друштво 1 ТВ ДООЕЛ Скопје против противникот Државна Изборна Комисија
Одлука за заклучување на Избирачкиот список 2019
Одлука за заклучување на Избирачкиот список 2019
Швајцарската поддршка за ДИК во функција на исполнување на европските демократски стандарди
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ, заедно со членовите на Комисијата, оствари работна средба со амбасадорот на Швајцарија, Н.Е. Кристоф Зомер, на која во фокусот беа измените на Изборниот законик и зајакнувањето на институционалниот капацитет на ДИК како клучен столб во напредокот на земјата кон Европската Унија.
На состанокот членовите на ДИК изразија голема благодарност за досегашната соработка и за постојаната поддршка од Владата на Швајцарија, при што претседателот Маричиќ ги претстави клучните планови за зајакнување на довербата во изборниот систем, истакнувајќи дека ова партнерство, реализирано преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), е од пресудно значење за реформите бидејќи директно помага во модернизацијата на изборните процеси.
Амбасадорот Зомер изрази задоволство од досегашниот напредок и постигнатите резултати, нагласувајќи дека Швајцарија во ДИК препознава проактивен партнер со капацитет за лидерство во реформските процеси и потврди дека швајцарската влада останува посветена на поддршката, што е особено значајно годинава додека Швајцарија претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа и кога зачувувањето на изборните стандарди и демократските вредности се во врвот на приоритетите.
Во насока на овие заложби, потпретседателот на ДИК, Абдуш Демири, рече дека во текот на оваа недела се очекува објавувањето на Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за спроведените Локални избори 2025, што ќе послужи како водич за идните реформски чекори.
Тема на состанокот беа и претстојните измени на Изборниот законик, при што беше заеднички констатирано дека ДИК мора да биде активен учесник во овој процес, при што Маричиќ укажа дека тоа е можност за отстранување на правните недоречености, додека пак членовите на Комисијата ги образложија предизвиците со финансирањето на медиумските кампањи, потенцирајќи дека само со вградување на нивните искуствени препораки може да се создаде применлив закон кој гарантира фер и демократски изборен процес. На средбата, на која присуствуваше и директорката на ИФЕС, Јоана Козма, беше потенцирано дека Швајцарија за ДИК не е само донатор, туку партнер со кој се делат исти цели и вредности на кои ќе се работи и во иднина со цел заштита на демократската волја на граѓаните и дополнително зацврстување на јавната доверба во целиот систем.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Претседателот и членовите на ДИК учествуваа на завршната конференција на ИФЕС за заштита на изборниот интегритет
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ, заедно со членовите на Комисијата, учествуваа на завршната конференција „Заштита на демократијата и изборниот интегритет: Мониторинг на злоупотребата на административните ресурси, политичкото рекламирање и кампањите на трети страни”, организирана од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).
На конференцијата, која е дел од проектот BRIDGE финансиран од Владата на Обединетото Кралство и Швајцарската агенција за соработка, во фокус на панелите беа клучните ризици од злоупотреба на административните ресурси и влијанието на политичкото рекламирање врз интегритетот на изборните процеси.
Во рамки на дискусиите, претставниците на ДИК ја истакнаа посветеноста на институцијата во претстојниот период за зајакнување на механизмите за транспарентност и отчетност. Посебен акцент беше ставен на искуствата од Локалните избори 2025 година и потребата од континуирана дигитализација на процесите со цел заштитата на изборниот интегритет и спречувањето на каков било облик на злоупотреба на ресурсите. Учеството на ДИК на овој настан е уште една потврда за долгогодишното и цврсто партнерство помеѓу ДИК и ИФЕС. Како институција, високо ја цениме нивната стратешка поддршка во клучните реформски процеси, особено во делот на дигитализација и градењето на капацитетите на изборната администрација, што е од суштинско значење за одржување на довербата во демократските процеси.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
ДИК и ЗЕЛС со координиран пристап за ефикасна изборна логистика и заштита на интегритетот на изборниот процес
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ, заедно со членовите на Комисијата и генералната секретарка, денеска одржаа работна средба со раководството на Заедницата на единиците на локалната замоуправа (ЗЕЛС), претседателот и градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и потпретседателот и градоначалник на општина Центар Горан Герасимовски. На средбата беше потврдена заложбата за зајакната координација меѓу ДИК и локалните заедници, со фокус на системско решавање на сите прашања поврзани со техничко-оперативната реализација на изборните дејствија.
На состанокот од страна на членовите на Комисијата беше нагласено дека меѓусебната поврзаност на ДИК и општините е клучна за успешен изборен процес, при што ДИК ја води севкупната организација, а локалните самоуправи се примарен партнер во обезбедувањето на неопходните услови на терен. Претседателот на ДИК, Маричиќ, укажа дека периодот по завршувањето на Локалните избори 2025, во пресрет на официјалниот извештај од ОБСЕ/ОДИХР, е најсоодветен момент за конструктивна анализа на сите досегашни согледувања. Според него, крајната заложба е научените лекции да се преточат во одржливи системски решенија кои дополнително ќе ја зајакнат ефикасноста и на ДИК и на општините во иднина.
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изрази целосна подготвеност и отвореност за дијалог во насока на надминување на досегашните предизвици, со цел тие да не се повторуваат во идните изборни циклуси.
Претседателот Маричиќ нагласи дека ДИК и општините мора да ја продолжат и зајакнат соработката, што како суштински чекор кон формализирање и унапредување на истата иницираше потпишување на Меморандум за стратешка соработка, кој според него ќе послужи како основа за долгорочно партнерство и координираност со цел поголема ефективност и ефикасност во текот на подготовките и спроведувањето на изборниот процес.
Преку оваа иницијатива, ДИК и раководството на ЗЕЛС го потврдија заедничкиот интерес за професионализација на изборниот процес, ставајќи ги ефикасноста и системската соработка во служба на демократијата и граѓаните.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Одржана 1-вата седница на Државната изборна комисија во новиот состав
Новоименуваниот состав на Државната изборна комисија (ДИК) денеска, 11.02.2026 година, ја одржа 1-вата седница, на која беа разгледани и усвоени повеќе одлуки и заклучоци од Дневниот ред кои се однесуваат на тековното работење и техничката подготвеност на институцијата.
Со цел непречено извршување на специфичните активности кои бараат посебни технички знаења, ДИК донесе одлука за ангажирање надворешни експерти во работна група за ИКТ инфраструктура и обработка на Избирачкиот список. Претседателот Маричиќ појасни дека овој ангажман е наменски и проектно ориентиран, со цел одржување на највисоките безбедносни стандарди на базите на податоци, со ангажман на лицата до јули 2026 година. Дополнително, беше донесена и одлука за определување и исплата на надомест на две лица, ангажирани како помошни тела во подрачните одделенија и во ДИК за Локалните избори 2025 година, кои поради направен технички превид во претходната Одлука за определување и исплата на надомест на ангажираните лица за локалните избори 2025, биле изоставени.
Членовите на Комисијата едногласно го прифатија Известувањето по Нацрт-извештајот на Државниот завод за ревизија за 2024 година. Исто така, во рамките на законските обврски за усогласување на состојбите, беше усвоен и Извештајот за извршениот годишен попис на инвентар (опрема и друг вид на материјал) за 2025 година. Државната изборна комисија продолжува да дејствува како гарант за заштита на демократските процеси, потврдувајќи дека целосното почитување на принципите на транспарентност и одговорност останува основа за секоја донесена одлука.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
ДИК–ИФЕС: Фокусирана соработка за клучните стратешки приоритети на Комисијата
Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) одржаа работен состанок со претставници на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), на кој беше потврдена подготвеноста за продолжување и продлабочување на соработката во рамки на програмата „Поддршка на изборите во Северна Македонија“.
Од страна на директорката на Канцеларијата во Република Северна Македонија, Јоана Косма, беше истакнато дека соработката со ДИК преку проектот на Владата на Швајцарија, „Програма за поддршка на изборите во Северна Македонија“, досега резултирала со конкретни и мерливи постигнувања, особено во делот на развојот на ИТ-решенија, јакнењето на институционалните капацитети, унапредувањето на изборните процеси и зголемена доверба на граѓаните во истите.
Претседателот на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ, нагласи дека во текот на неговиот мандат приоритет ќе бидат зајакнувањето на кредибилитетот и видливоста на Комисијата, како и нејзината отвореност кон граѓаните. Во таа насока, тој рече дека новиот состав на Комисијата ќе продолжи со реформските процеси со јасно дефиниран фокус на клучните стратешки приоритети, меѓу кои потенцирана беше потребата од ставање во функција на Центарот за континуирана обука на ДИК. Маричиќ укажа дека Центарот за обуки веќе има воспоставена законска основа и дека во следниот период, во соработка со ИФЕС, ќе се вложат напори за негово целосно оперативно функционирање, вклучително и обезбедување соодветен кадар.
Во рамки на дискусијата, потпретседателот на ДИК, Абдуш Демири, се осврна на значењето на човечките ресурси и континуираната едукација како клучен елемент за одржливост на реформите. На состанокот членовите на Комисијата, кои и во претходниот состав учествувале во работата на ДИК, ги посочи ја досегашните искуства од соработката со ИФЕС, нагласувајќи ја важноста од надградување на постигнатите резултати и обезбедување континуитет во реформските процеси.
На состанокот беше заеднички констатирано дека партнерството меѓу ДИК и ИФЕС останува стратешко и во наредниот период, со цел унапредување на изборните процеси и зајакнување на довербата на граѓаните во изборниот систем.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Државната изборна комисија го одбележува Глобалниот ден на изборите
Денес, по повод одбележувањето на Глобалниот ден на изборите, во просториите на Државната изборна комисија (ДИК) се одржа едукативна работилница со ученици од средните училишта на Град Скопје на која што преку интерактивен пристап учесниците се запознаа со значењето на изборите, избирачкото право и отпорноста кон дезинформациите.
Младите во текот на работилницата имаа можност да разменат и да ги спртотивстават своите мислења, поврзани со важноста и неопходноста од нивна активна партиципација во изборите. Преку интерактивните активности, со меѓусебни прашања за дилемите и веродостојноста на информациите кои секојдневно ги добиваат преку различни видови на медиуми, младите учесници одговорите ги добија од стручната служба на ДИК со цел да се создаде силна основа за нивно непречано учество во изборите.
„Активното учество на младите во изборниот процес е клучно за развој на одговорно и демократско општество. Затоа е важно да сте информирани и да знаете како функционира системот, како се спроведуваат изборите, како се гарантираат вашите права, и колкава е важноста на вашиот глас, рече претседателот на ДИК Бојан Маричиќ.
Во своето обраќање претседателот на учесниците им порача дека демократијата се одржува, а не опстојува сама по себе, ниту е дадена сама по себе, повикувајќи ги да бидат активни, да се информираат и да преземаат одговорност за заедницата и во креирањето на иднината на македонското општество.
Младите учесници ги поздрави и потпретседателот на Државната изборна комисија, Абдуш Демири, кој потенцираше дека симболиката што ДИК ја прави денес е да се покаже местото на младите во демократијата и во развојот на општетствата преку нивното учество во изборниот процес, низ сите негови фази.
„Важно е младите да ја разберат улогата на Државната изборна комисија и изборниот процес, а наша задача е да отвориме можности да се стекнете со информиции кои ќе ве поттикнат да бидете информирани учесници во демократските процеси“, истакна потпретседателот на Државната изборна комисија, на работилницата на која присуствуваа сите членови на Комисијата.
Државната изборна комисија, со поддршка од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). го одбележува Глобалниот ден на изборите со цел да даде поголема сила на значењето на овој ден потенцирајќи ја важноста на изборниот процес како темел на демократијата и упатувајќи порака за посветеноста на ДИК во обезбедување на интегритет и кредибилитет на изборите. Глобалниот ден на изборите за прв пат беше одбележан во 2005 година, кога изборни експерти од целиот свет се состанаа со цел да го зајакнат развојот на демократијата на глобално ниво.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Започна мандатот на новиот состав на Државната изборна комисија
Со давањето свечена изјава во Собранието на Република Северна Македонија, официјално започна мандатот на новоизбраните членови на Државната изборна комисија. Според одлуката за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија, Бр. 08-627/1, донесена на 28 јануари 2026 година, Собранието за претседател го избра Бојан Маричиќ, за потпретседател Абдуш Демири, додека за членови на Комисијата се избрани Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.
Новиот претседател на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ, е дипломиран правник на отсекот за меѓународно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и магистер по европско и меѓународно право, кој зад себе има богато институционално искуство, како министер за правда и вицепремиер за европски прашања.
Државната изборна комисија брои седум членови, кои согласно законските одредби треба да се државјани на Република Северна Македонија со постојано живеалиште во земјата, да имаат високо образование со најмалку осум години работно искуство и да не се членови на органи на политички партии. Мандатот на членовите на Комисијата изнесува пет години, со право на реизбор.
Новиот состав на Државната изборна комисија беше изгласан од пратениците, со 83 гласа „за“ и без гласови „против“, откако на 15 јануари годинава им истече мандатот на досегашните членови на Државната изборна комисија, кој беше продолжен поради спроведување на дополнителни локални избори во четири општини.
Државната изборна комисија останува посветена на својата уставна и законска улога за обезбедување фер, слободни и демократски изборни процеси, во интерес на граѓаните и демократскиот развој на државата.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
ОГЛАС БРОЈ 1-2026
за вработување на 4 (четири) извршители на определено време во траење до 31 декември 2026 година во Државната изборна комисија за следните работни места:
ДИК го обнови сертификатот за управување со квалитет ISO 9001:2015
Државната изборна комисија (ДИК) успешно ја заврши постапката за ресертификација на ISO 9001:2015, меѓународниот стандард за системи за управување со квалитет. Оваа потврда е доказ за континуираната посветеност на ДИК кон ефикасност, транспарентност и професионалност во сите процеси поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите.
ISO 9001:2015 стандардот гарантира дека институцијата применува најдобри практики за управување со квалитет, обезбедувајќи усогласеност со законските регулативи, подобрување на услугите и зголемување на довербата кај граѓаните и сите засегнати страни.
Ресертификацијата е резултат на систематска работа, редовни проверки и континуирано подобрување на процесите во согласност со меѓународните стандарди.
ДИК останува посветена на својата мисија – обезбедување фер, транспарентни и демократски избори, со највисок степен на квалитет и интегритет.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Соопштение за одржување на ждрепка за утврдување на единствена листа на кандидати за Повторни избори за градоначалник на општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуша и градоначалник на општина Центар Жупа 2026 годинa
Државната изборна комисија ги известува овластените претставници на политичките партии, коалициите и групите избирачи кои ќе учествуваат на Повторни избори за градоначалник на општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општтина Маврово и Ростуше и градоначалник на општина Центар Жупа 2026 година, дека ждрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати ќе се одржи на 17.12.2025 година со почеток во 12:30 часот, во седиштето на Државната изборна комисија, голема сала, четврти спрат.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Соопштение за спроведување ждрепка за рекламни паноа и билборди
Согласно член 78-а став 5 и 6 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“, број 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17,125/17,35/18, 99/18,140/18, 208/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“, број 98/19, 42/20, 74/21, 215/21, 58/24, 76/24 и 116/25), Државната изборна комисија спроведува ждрепка со која ќе ги распореди локациите на рекламните паноа и билборди кои се нудат за политичко рекламирање од страна на правните лица кои стопанисуваат со истите, а во врска со Повторни избори за градоначалник на општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуша и градоначалник на општина Центар Жупа, 2026 година.
Се повикуваат претставниците на правните лица да достават понуди за рекламни паноа и билборди со локации и ценовници до Државната изборна комисија за Повторни избори за градоначалник на општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуша и градоначалник на општина Центар Жупа, 2026 година., согласно Упатството за распределба на рекламни паноа и билборди по пат на ждрепка со број 10-691/1 од 03.03.2020 година, објавено на веб страната на Државната изборна комисија, најдоцна до среда, 17.12.2025 година, до 10:30 часот.
Максималниот број на рекламни паноа и билборди кои може да се користат за политичко рекламирање изнесува 50% од вкупниот број на територијата на определена општина, односно на територијата на кое определено правно лице стопанисува со истите за Повторни избори за градоначалник на општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуша и градоначалник на општина Центар Жупа, 2026 година.
Ждрепката за распределба на рекламни паноа и билборди ќе се одржи во големата сала на четврти спрат на Државната изборна комисија на 17.12.2025 година во 12:30 часот.
Овластените лица на правните лица кои доставиле понуди за распределба на рекламни паноа и билборди кои ќе учествуваат во ждрепката потребно е со себе да имаат овластување од правното лице.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Соопштение за медиуми
Утре, на 21 ноември 2025 година започнува постапката за собирање на потписи за кандидирање на независни кандидати за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Собирањето на потписите ќе се врши пред службените лица на надлежното подрачно одделение и канцеларија на Државна изборна комисија и пред надлежен нотар, секој работен ден во периодот на редовното работно време од 8:30 до 16:30 часот, а последниот ден (30 ноември 2025) до 24:00 часот.
Подрачно одделение на Државна изборна комисја – Гостивар е надлежно за собирање потписи за градоначалник на општините Гостивар, Маврово и Ростуше и Врапчиште а канцеларијата на Државна изборна комисија – Дебар е надлежна за собирање на потписи за градоначалник на општина Центар Жупа.
Постапката на собирање на потписи за независни кандидати за градоначалници на овие четири општини завршува на 30 ноември 2025 година во 24 часот.
Повторените избори за градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа се одржуваат поради непостигнат цензус на Локалните избори кои се одржаа на 19 октомври 2025 година поради што во овие општини не се избраа градоначалници.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Известување за набљудување на Локалните избори 2025
Денес, Државната изборна комисија го започнува процесот на прием на барања за набљудување на Локалните избори 2025 година, за општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше.
Барања за набљудување на изборите може да достават:
– сите домашни здруженија и странски организации, кои се регистрирани согласно со закон, најмалку една година пред денот на одржувањето на изборите, а во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права,
– меѓународни организации и
– претставници на странски земји вклучително и претставници на медиуми
Подносителите на барањата за следење на изборите поднесуваат Барање за регистрација на набљудувачи на изборен процес, додека претставниците на странските медиуми поднесуваат Формулар за акредитација на медиуми. Двете барања се достапни на веб страната www.sec.мк.
Домашните здруженија и странски организации, покрај Барањето доставуваат и Копија од Статут на здружението, копија од регистрација пред надлежен орган, список на набљудувачи и копија од документ за идентификација на предложените набљудувачи.
Меѓународните организации и претставници на странски земји, покрај Барањето за набљудување, доставуваат и Список на набљудувачи и копија од документи за идентификација на предложените набљудувачи.
Претставниците на странските медиуми покрај Барањето за акредитација на медиуми, доставуваат список на новинари, сниматели, фоторепортери и копија од документ за идентификација.
Претставниците на медиумите од Репуиблика Северна Македонија не подлежат на процес на акредитација.
Барањата со потребните прилози се доставуваат на мејл адресата [email protected].
Државната изборна комисија ќе издаде овластување на сите подносители за набљудување и следење на изборите кои ги исполнуваат условите најдоцна 7 дена по приемот на барањето.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Известување за регистрација и доставување на ценовници на медиумите за платено политичко рекламирање
Државната изборна комисија ги известува радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали), кои ќе обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања за Повторните избори за градоначалник на општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуша и градоначалник на општина Центар Жупа во 2026 година, дека се должни да се регистрираат во Државната изборна комисија, во рок од 3 дена од денот на распишување на изборите.
Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) доставуваат „Барање за упис во регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Повторните избори за градоначалник на општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуша и градоначалник на општина Центар Жупа во 2026 година“ до Државната изборна комисија, задолжително со прилог тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија, не постара од 30 дена.
Барањата за упис со прилог тековна состојба се поднесуваат електронски на следната електронска адреса: [email protected] или во архивата на ДИК на бул.„Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје (најдоцна до 24:00 часот на 20 ноември 2025 година).
Врз основа на поднесените барања за упис, Државната изборна комисија ќе изготви „Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Повторните избори за градоначалник на општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуша и градоначалник на општина Центар Жупа во 2026 година“ кои ќе даваат услуги на платено политичко рекламирање за време на Повторните избори за градоначалник на општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуша и градоначалник на општина Центар Жупа во 2026 година. Регистарот со уредно поднесени и прифатени барања за упис во регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Повторните избори за градоначалник на општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуша и градоначалник на општина Центар Жупа во 2026 година ќе биде јавно објавен на интернет страната на Комисијата.
Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) се должни во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес (најдоцна на 22 ноември 2025 година до 24:00 часот).
Радиодифузерите и печатените медиуми се должни ценовниците за секој медиум одделно за платено политичко рекламирање да ги применуваат и за време на изборната кампања и притоа просечната цена (аритметичка средина) по секунда за едно деноноќие добиена според различните ценовно-рекламни временски периоди и тоа: Период 1 – од 00:00 до 08:00 часот, Период 2 – од 08:00 до 16:00 часот и Период 3 – од 16:00 до 24:00 часот кај радиодифузерите за платено политичко рекламирање, како и цената за закуп на рекламен простор во печатениот медиум да не ја надминува вкупната просечна цена на рекламирање на секој радиодифузер одделно пресметана во последните пет изминати изборни циклуси одржани на ниво на цела територија на државата и тоа за Изборите за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, Изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2024 година, Изборите за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје во 2021 година, Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2020 година и Изборите за Претседател на Република Северна Македонија во 2019 година, а за електронските медиуми (интернет порталите) цената за закуп на рекламен простор на интернет порталот за платено политичко рекламирање да не ја надминува просечната цена за рекламирање пресметана, за последните пет изминати изборни циклуси.
За Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) кои не учествувале на сите изминати 5 изборни циклуси цената за платено политичко рекламирање не може да ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклуси согласно Упатство за начинот и постапката за потврдување на просечно постигнатата цена за платено политичко рекламирање за радиодифузер, печатени медиуми и електронски портали (интернет портали) кои не учествувале на последните пет изборни циклуси донесено од страна на Државната изборна комисија со бр.08-441/1 од 14.02.2024 година.
Државната изборна комисија е должна да ги потврди и објави на нејзината веб страна доставените ценовници со просечно пресметаните цени утврдено од радиодифузерите и печатените медиуми, како и да ги објави ценовниците со цените утврдени од електронските медиуми (интернет порталите), согласно член 75-ѓ став (3) и (9) од ИЗ, во рок од 10 дена од истекот на рокот за доставување на ценовниците утврдени во ставот (3) на овој член.
Доколку Државната изборна комисија утврди неправилности во ценовниците од радиодифузерите и печатените медиуми го известува соодветниот медиум да изврши корекција на ценовникот во рок од 72 часа од приемот на известувањето.
Архивата на Државната изборна комисија ќе работи на прием на барања за упис во регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) на ден 20.11.2025 година (четврток), до 24:00 часот.
Напомена: Во предвид ќе се земат само доставените барања за упис во Регистарот исклучиво на горенаведената електронска пошта [email protected] или до архивата на Државната изборна комисија.
Упатство за начинот и постапката за потврдување на просечно постигнатата цена за платено политичко рекламирање за радиодифузери, печатени медиуми и електронски портали (интернет портали) кои не учествувале на последните пет изборни циклуси
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Роковник за Повторни Локални избори 11.01.2026 година
Роковник за Повторни Локални избори 11.01.2026 година
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Заклучок за завршување на Локалните избори 2025 година
Заклучок за завршување на Локалните избори 2025 година
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Соопштение за медиуми
Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа.
Од вкупно 8.856 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори, до 20:30 часот своето право на глас го оствариле вкупно 7935 гласачи.
Од вкупно 2162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, од нив своето право на глас до 18:30 часот го оствариле 1400 гласачи
Во установите за вонсемејна грижа, до 18:30 од 442 лица сместени во овие установи гласале 297 гласачи.
Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности.
ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните и немоќните лица, затворите и домовите за стари лица, не се објавуваат денес посебно. Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвараат денес.
Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре после 19Ч00 часот, за секое избирачко место и секоја општина.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Средба на Државната изборна комисија со меѓународни делегации за набљудување на Локалните избори 2025 година
Денеска, на 18 октомври 2025 година, Државната изборна комисија одржа средба со претставници на меѓународни организации и државни изборни комисии кои ќе го набљудуваат спроведувањето на Локалните избори 2025 година во Република Северна Македонија.
ДИК им посака добредојде на набљудувачите и ги запозна со изборниот систем, моделот на гласање и начинот на организација на изборниот процес во државата. Притоа беше потенцирана посветеноста на Комисијата кон транспарентно, професионално и инклузивно спроведување на изборите.
На средбата присуствуваа претставници од следните институции и организации:
Во своето обраќање, Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, ја истакнаа важноста на меѓународната соработка и размената на искуства меѓу изборните администрации, како значаен придонес за унапредување на изборните процеси и зголемување на довербата на јавноста во изборниот систем.
ДИК изрази благодарност за интересот и поддршката од страна на меѓународните партнери и ја потврди својата целосна отвореност и подготвеност за соработка во текот на целиот изборен процес.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Соопштение
Државната изборна комисија присуствуваше на одбележувањето на Денот на германското единство.
На покана од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, претставници на Државната изборна комисија (ДИК) на 3 октомври 2025 година присуствуваа на свечениот прием по повод одбележувањето на Денот на германското единство.
Свеченоста, која се одржа во Скопје, ја отвори Германската амбасадорка, Н.Е. Петра Дрекслер, со инспиративен говор во кој ја нагласи важноста на европската солидарност, пријателството меѓу народите и улогата на Северна Македонија како сигурен и доверлив партнер на Германија во НАТО и на патот кон Европската Унија.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
ЈАВЕН ПОВИК за учество на едукација на претставници од граѓански организации кои изразуваат интерес за набљудување на Изборите за градоначалници и членови на советите на општините и Градот Скопје, 2025 година
Предмет на Јавниот повик е организација на едукација за процесот на набљудување на изборите од страна на граѓански организации кои ќе изразат интерес да ги набљудуваат Изборите за градоначалници и членови на советите на општините и Градот Скопје, 2025 година. Организацијата на обуката е дел од Програмата за едукација на други чинители во изборниот процес за 2025 година, на Државната изборна комисија.
Се повикуваат сите заинтересирани граѓански организации кои се регистрирани согласно со закон, најмалку една година пред денот на одржувањето на изборите, а во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права и кои изразуваат интерес да ги набљудуваат претстојните избори, да учествуваат на обуката организирана од страна на Државната изборна комисија.
Секоја граѓанска организација може да номинира најмногу 2 ( двајца ) претставници кои ќе учествуваат на обуката. Во пријавата треба да се достави име и презиме на лицата кои ќе присуствуваат на обуката, мејл адреси и контакт телефонски броеви.
Обуката ќе се одржи на 03 октомври 2025 година (петок), од 10:00 до 12:30 часот во Хотел Парк ( конференциска сала Њу Јорк) , Скопје.
Заинтересираните граѓанските организации треба електронски да ги пријават своите претставници за обуката, на следната контакт адреса: observers@ sec.mk, најдоцна до 30 септември 2025 година.
Бројот на учесници на обуката е ограничен на 30 учесници.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА