Државната изборна комисија согласно условите пропишани во „Програма за задолжителна едукација на општинската изборна комисија, избирачкиот одбор за гласање во Република Северна Македонија и избирачките одбори за гласање во странство”, за Предвремените избори за Пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2020, објавува
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
НА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДА БИДАТ СОРАБОТНИЦИ НА
ТИМОТ ЗА ЕДУКАЦИЈА НА ДИК
Од заинтересираните кандидати ќе се селектираат најмногу 25 кандидати.
Од кандидати кои ќе ја поминат селекцијата се бара:
ДИК ќе додели сертификати на кандидатите кои успешно ќе ја поминат обуката за обучувачи и процесот на селекција. Сертифицираните кандидати ќе имаат задача да спроведуваат обуки / сесии за едукација на општинските изборни комисии и на избирачките одбори според утврдените потреби и програмата, усвоена од ДИК, согласно роковникот за организација на Предвремените избори за Пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2020.
Услови кои треба да ги исполнува кандидатот:
Да е државјанин на Република Северна Македонија (се докажува со копија од важечка лична карта и/или пасош);
Да има завршено високо образование (се докажува со копија од Диплома и/или Уверение за завршено високо образование);
Искуство во спроведување обуки во организација на граѓански организации и/или јавна администрација од областа на правниот и/или политичкиот систем (се докажува со копија од сертификати, потврди и/или уверенија);
Претходни искуства во изборниот процес ќе се смета за предност (се докажува со копија од сертификати, потврди и/или уверенија)
Одговорности:
Подготовка и спроведување на обуки за општинските изборни комисии и избирачки одбори за подготовка на Предвремените избори за Пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2020;
Спроведување на обуките за време на работни денови, денови на викенд и државни празници;
Заедничко работење со тим на обучувачи под водство на ментори од ДИК;
Патувања низ државата, согласно потребите;
Заинтересираните кандидати, своите пријави (комплет со CV и потребните докази) да ги достѕават најдоцна до 14:00 часот на 08.01.2020 година (среда) на следната адреса: бул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје или електронски на следниот е-маил : [email protected]
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Оливер Деркоски
Потсетување за медиумите
П О Т С Е Т У В А Њ Е
Почитувани,
Државната изборна комисија Ве потсетува дека, согласно член 75-ѓ став 3 од Изборниот законик, сите радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет порталите), кои поднеле барање за регистрација во Државната изборна комисија, должни се во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да ги утврдат ценовници за платено политичко рекламирање и истите да ги достават до Државната изборна комисија, најдоцна до 21 февруари (петок) 2020 година до 24:00 часот.
Ценовниците може да се поднесат електронски, на следната електронска адреса [email protected] , во архивата на ДИК на бул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје или со препорачана пратка.
НАПОМЕНА: Цената за Вашите услуги во доставените ценовници по секунда за платено политичко рекламирање и цената за закуп на рекламен простор во печатениот медиум ДА НЕ ЈА НАДМИНУВА просечната цена на рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклуси, која Државната изборна комисија ја утврди со Одлука, бр. 10-476/1 од 16.02.2020 година, која Ви ја доставуваме во прилог и истата е објавена на интернет страната на Комисијата.
Доколку Вашиот медиум доставил ценовник со цена повисока од утврдената просечна цена од страна на Државната изборна комисија, Ве молиме истиот да го повлечете и истовремено да доставите нов, усогласен ценовник, најдоцна до 24:00 часот на 21 февруари 2020 година.
Со почит,
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Јавен повик за пријава и увид во Избирачкиот список за гласање во странство
Јавен повик за пријава и увид во Избирачкиот список за гласање во странство
Известување од ДИК ДО МНР за доставување на Јавен повик и барање список на вработени
Известување од ДИК ДО МНР за доставување на Јавен повик и барање список на вработени
Појаснување за спроведување на Јавен увид во ДКП во странство и пријавување за гласање
Појаснување за спроведување на Јавен увид во дипломатско – конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство и пријавување за гласање
Насоки за начинот на собирање потписи во ДКП за подршка на листа на кандидати за пратеници предложена од група избирачи
Насоки за начинот на собирање потписи во Дипломатско – конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство за подршка на листа на кандидати за пратеници предложена од група избирачи (член 61 став 2 од Изборниот законик)
Одлука за утврдување на трошоци за спроведување на изборни активности
Одлука за утврдување на трошоци за спроведување на изборни активности во реално направени износи
Барање од ДИК до МИОА, согласно член 32 од Изборниот законик
Барање од ДИК до МИОА, согласно член 32 од Изборниот законик
Известување од ДИК до Градоначалниците на општините за барање за постапување за обезбедување на просторно технички услови
Известување од ДИК до Градоначалниците на општините за барање за постапување за обезбедување на просторно технички услови
Известување од ДИК до ЗЕЛС за барање за постапување за обезбедување на просторно технички услови
Известување од ДИК до ЗЕЛС за барање за постапување за обезбедување на просторно технички услови
Известување до ОИК за започнување на подготовки за спроведување на Предвремените избори 2020 година
Известување до ОИК за започнување на подготовки за спроведување на Предвремените избори 2020 година
Известување до Радиодифузерите, печатените медими и електронските медиуми за регистрација во ДИК за платено политичко рекламирање
Известување до Радиодифузерите, печатените медими и електронските медиуми (интернет порталите) за регистрација во ДИК за платено политичко рекламирање
Упатство за начинот и постапката за утврдување на просечно постигната цена и најниска цена за платено политичко рекламирање
Упатство за начинот и постапката за утврдување на просечно постигнатата цена и најниска цена за платено политичко рекламирање
Одлука за утврдување на просечно постигната цена и најниска цена за платено политичко рекламирање
Одлука за утврдување на просечно постигнатата цена и најниската цена за платено политичко рекламирање во последните пет изборни циклуси
Роковник за предвремените избори за пратеници во Собранието на РСМ 2020 година
Роковник за извршување на изборните дејствија за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 16 февруари – 12 април 2020
Решение за распишување на предвремени избори за пратеници во Собранието на РСМ
Решение за распишување на предвремени избори за пратеници во Собрание на Република Северна Македонија.pdf
Оглас за вработување број 55/2020
Оглас за вработување број 55/2020 за вработување на 29 државни службеници од Група I, подгрупа I во Државна изборна комисија
Оглас за вработување број 2/2020
Оглас број 2/2020 за вработување на еден извршител на неопределено време во Државната изборна комисија
Интерен оглас број 01/2020
Интерен оглас број 01/2020 за пополнување на осум работни места со унапредување во стручната служба на Државната изборна комисија
Одлука на ДИК по барање од министерот Чулев
Одлука на ДИК по барање од министерот Чулев _ 14.01.2020
Повик за пријавување на заинтересирани кандидати да бидат соработници на тимот за едукација на ДИК
Државната изборна комисија согласно условите пропишани во „Програма за задолжителна едукација на општинската изборна комисија, избирачкиот одбор за гласање во Република Северна Македонија и избирачките одбори за гласање во странство”, за Предвремените избори за Пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2020, објавува
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
НА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДА БИДАТ СОРАБОТНИЦИ НА
ТИМОТ ЗА ЕДУКАЦИЈА НА ДИК
Од заинтересираните кандидати ќе се селектираат најмногу 25 кандидати.
Од кандидати кои ќе ја поминат селекцијата се бара:
Да ја посетуваат обуката за „Обука на обучувачи“ во траење од 5 дена, со цел да се зајакне знаењето и вештините на кандидатите за вршење обука/едукација на возрасни лица за изборниот процес и за одговорностите на изборните органи и сите вклучени страни и