Собирањето на потписи започнува десетиот ден од денот на распишувањето на изборите и трае 15 дена.
Собирањето на потписи започнува на 23 февруари и трае до 08 март до 24:00 часот.
За време на собирањето на потписите Подрачните одделенија и канцеларии на Државна изборна комисија, ќе работат секој ден во наведениот период, непрекинато во периодот од 08:00 часот до 20:00 часот и последниот ден, односно 08 март до 24:00 часот.
Иницијативата за собирање на потписи за подршка на поднесена листа на кандидат за Претседател на Републиката и за поднесена листа на кандидати за пратеници кога поднесената листа е од ,,група избирачи,, се поведува со поднесување на Известување и Изјава (https://drive.google.com/file/d/1QpAHy23Hpuja0Ndt_gp3PWbrJk_LRwMY/view) до Државната изборна комисија, од страна на предложениот кандидат односно лице овластено од негова страна со генерално овластување заверено на нотар.
Генералното овластувањето што го дава кандидатот за кој се собираат потписи се однесува и за поднесувањето на известувањето и изјавата до ДИК како и на доставувањето на соодветните обрасци до подрачните оделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, увид во дадените потписи за листата на кандидат за која се овластени и подигнување на образецот со собраните потписи.
Овластеното лице од страна на подносителот на иницијативата, може да овласти друго лице за секое подрачно одделение и канцеларија на Државната изборна комисја во негово име да ги изврши горе наведените активности со посебни овлстувања. Овластувањата е потребно да бидат заверени на нотар, оригиналот од овластувањето се доставува до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, копијата ја задржува подносителот.
Во известувањето се наведува дека ќе се собираат потписи за подршка и се наведува во кои подрачни одделенија и канцеларии на Државна изборна комисија и нотари, потписите ќе се собираат.
Подрачни одделенија и канцеларии на Државна изборна комисија ( https://www.sec.mk/kontakti/ )
Подрачно одделение Гевгелија, надлежно за општина Гевгелија, Дојран и општина Богданци
Канцеларија Валандово надлежно за општина Валандово.
Подрачно одделение Кичево, надлежно за општина Кичево.
Канцеларија Македонски Брод надлежно за општина Македонски Брод и Пласница.
Подрачно одделение Кочани, надлежно за општина Кочани, Чешиново – Облешево и општина Зрновци
Канцеларија Виница надлежно за општина Виница.
Подрачно одделение Берово, надлежно за општина Берово и Пехчево
Канцеларија Делчево надлежно за општина Делчево.и Македонска Каменица.
Подрачно одделение Охрид, надлежно за општина Охрид и Дебарца.
Подрачно одделение Струга, надлежно за општина Струга и Вевчани
Канцеларија Дебар надлежно за општина Дебар и Центар Жупа.
Подрачно одделение Струмица, надлежно за општина Струмица, Ново Село, Василево и Босилово.
Канцеларија Радовиш надлежно за општина Радовиш и Конче.
Подрачно одделение Велес, надлежно за општина Велес , Чашка и Градско.
Канцеларија Кавадарци надлежно за општина Кавадарци и Росоман.
Канцеларија Неготино надлежно за општина Неготино и Демир Капија.
Подрачно одделение Штип, надлежно за општина Штип и Карбинци
Канцеларија Пробиштип надлежно за општина Пробиштип
Канцеларија Свети Николе надлежно за општина Свети Николе и Лозово.
Подрачно одделение Битола, надлежно за општина Битола, Новаци и Могила.
Канцеларија Ресен надлежно за општина Ресен.
Канцеларија Демир Хисар надлежно за општина Демир Хисар.
Подрачно одделение Гостивар, надлежно за општина Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуша.
Подрачно одделение Куманово, надлежно за општина Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
Канцеларија Крива Паланка надлежно за општина Крива Паланка и Ранковце.
Канцеларија Кратово надлежно за општина Кратово.
Подрачно одделение Прилеп, надлежно за општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани.
Канцеларија Крушево надлежно за општина Крушево.
Подрачно одделение Тетово, надлежно за општина Тетово, Теарце, Брвеница, Боговиње, Желино и Јегуновце.
Подрачно одделение Карпош, надлежно за општина Карпош, Ѓорче Петров и Сарај.
Подрачно одделение Центар, надлежно за општина Центар и Аеродром
Подрачно одделение Чаир, надлежно за општина Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево.
Подрачно одделение Гази Баба, надлежно за општина Гази Баба, Арачиново, Петровец и Илинден.
Подрачно одделение Кисела Вода, надлежно за општина Кисела Вода, Студеничани, Зелениково и Сопиште.
Потписите се собираат на обрасци кои се пропишани од страна на Државна изборна комисија и истите се објавени на интернет страната на Државна изборна комисија https://www.sec.mk/. во ,,УЧЕСНИЦИ ВО ИЗБОРИ,, во делот ,, ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024,, односно ,,ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024,,
За собирање на потписи за предлагање на кандидат за Претседател на Република Северна Македонија предложен од ГРУПА ИЗБИРАЧИ – е oбразец број 1б
Образец бр. 1b – За собирање на потписи за предлагање на кандидат за Претседател на РСМ предложен од група избирачи
За собирање на потписи за предлагање на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија за листа на кандидати предложена од група избирачи е Образец број 2 https://docs.google.com/document/d/1jQA0rlJd33CXfbkJ2e1fPdUX3S9EZmxS/edit
Секој подносител на листа на кандидати е должен сам да го изготви образецот.
Правилник за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотаритеДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Известување за доставување на Иницијатива за собирање потписи за кандидатура за Претседател на државата
Денес, до Државната Изборна комисија е доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија, од страна на Стево Пендаровски.
Потписите ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Соопштение
Државната изборна комисија на денешната 84 – та седница ги усвои Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Избор на претседател на Република Северна Македонија и Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Од вкупно доставени 333 барања од медиумите за платено политичко рекламирање за претседателските избори, Државната изборна комисија ги потврди барањата на 37 телевизии, 35 радија, 11 печатени медиуми и 249 портали. Две телевизи и три радија ќе треба да достават корекција на ценовниците согласно чл.75 ѓ, ст.11 од Изборниот законик. Вкупно осум правни субјекти со 10 портали, 1 поткаст и 1 радио се одбиени поради неисполнување на законските услови за регистрација на медиуми за платено политичко рекламирање.
Од вкупно доставени 334 барања за платено политичко рекламирање за парламентарните избори, Државната изборна комисија ги потврди барањата на 37 телевизии, 35 радија, 11 печатени медиуми и 249 портали. Две телевизии и три радија ќе треба да достават корекција на ценовниците согласно чл.75 ѓ, ст.11 од Изборниот законик. Вкупно седум правни субјекти со 9 портали, 1 поткаст и 1 радио се одбиени поради неисполнување на законските услови за регистрација на медиуми за платено политичко рекламирање.
Против решенијата за одбивање на медиумите кои не ги исполнуваат условите за регистрација за платено политичко рекламирање, незадоволната страна има право на тужба до Управен суд на Република Северна Македонија, во рок од 24 часа од приемот на решението.
Регистарот на медиуми кои ќе вршат платено политичко рекламирање и ценовниците ќе бидат достапни на веб страната на Државната изборна комисија.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Известување за кандидирање за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија
До Државната изборна комисија доставена е една иницијатива за собирање потписи за кандидирање за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, за ИЕ 1 од Ана Бобинкова Мијаковска.
Потписите се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија надлежни за општините од Изборна единица 1.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Известување од Осумдесет и третата седница на Државната изборна комисија, одржана на 27 февруари 2024 година
Државната изборна комисија, на 83-та седница, одржана на 27 февруари 2024 година го донесе Јавниот повик со кој ги известува сите граѓани на Република Северна Македонија дека Јавниот увид на податоците во избирачкиот список ќе започне на 28 февруари 2024 година и истиот ќе трае до 18 март 2024 година до 24:00 часот.
Се повикуваат сите заинтересирани граѓани на Република Северна Македонија, кои сакаат да извршат увид во своите податоци во избирачкиот список, тоа да го направат по електронски пат на официјалната веб страница на Државната изборна комисија и лично во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, кои ќе работат секој ден во периодот 08:00 – 20:00 часот и кои се сместени во седиштето на општините, што е објавено на веб страницата на Државната изборна комисија.
За таа цел, Државната изборна комисија го донесе и Упатството за спроведување на Јавен увид во Избирачкиот список за Претседателски избори 2024 и Парламентарни избори 2024 година.
Понатаму, Комисијата донесе Одлука во врска со Барањето за донесување на одлука согласно член 48 став 1 од Законот за Влада на Република Македонија, поднесено од Министерството за труд и социјална политика, со која го отфрлува Барањето, имајќи предвид дека истото не ги исполнува законски утврдените услови од наведениот член, за надлежно постапување на Државната изборна комисија, со оглед на тоа дека истото не се однесува на правно, финансиско и кадровско прашање кое е поврзано со организација на изборите и се однесува на редовното работење на институцијата.
Истовремено, Државната изборна комисија го донесе Упатството за набљудување на изборите и изборната постапка, чија чел е давање насоки за начинот на акредитирање на набљудувачи на изборите и спроведувањето на набљудувањето на изборите и изборната постапка од страна на акредитираните набљудувачи. Барање за стекнување својство на набљудувач може да поднесат: домашни здруженија и странски организации, меѓународни организации и претставници на странски земји.
Следствено на горенаведениот акт го донесе и Кодексот за набљудување на изборите за Претседател на Република Северна Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 2024 година, кој ги утврдува правилата за набљудување на изборите за Претседател на Република Северна Македонија кои ќе се одржат на 24 април 2024 година и изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија кои ќе се одржат на 8 мај 2024 година, и процедурата за вршење на набљудувачката мисија на акредитираните набљудувачи, а во функција да се подобри интегритетот и транспарентноста на изборниот процес.
Заради целта за спроведување на легитимен и транспарентен изборен процес, Државната изборна комисија, донесе Заклучок за останување во сила на следните правилници и упатства, кои се од исклучително значење за сите изборни органи на кои ќе се спроведе задолжителна едукација, а се од значење и за учесниците во изборите, гласачите и медиумите:
– Упатство за важечки и неважечки ливчиња, бр. 10-689/1 од 3.3.2020 година
– Упатство за распределба на рекламни паноа и билборди по пат на ждрепка (согласно член 78-а од Изборниот законик), бр. 10-691/1 од 3.3.2020 година
– Упатство за пријавување и гласање на немоќно или болно лице, бр. 11-1764/1 од 25.8.2021 година
– Упатство за гласање на лица кои се наоѓаат во куќен притвор (член 113 од Изборниот законик), бр. 10-694/1 од 3.3.2020 година
– Упатство за гласање на избирачите кои се членови на избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето во дипломатско – конзуларните претставништва односно конзуларните канцеларии (член 113-б од Изборниот законик), бр. 10-690/1 од 3.3.2020 година
– Упатство за начинот и постапката за решавање на приговори во надлежност на Државната изборна комисија, бр. 11-2486/1 од 10.10.2021 годинa
– Упатство за начинот и постапката за пријавување и гласање во посебни установи за вонсемејна грижа (домови за стари лица), бр. 10-783/1 од 9.3.2020 година
– Упатство за начинот и постапката за решавање на приговори во надлежност на општинските изборни комисии, бр. 11-2350/1 од 1.10.2021 година
– Упатство на општинските изборни комисии и Изборната комисија на Град Скопје за обезбедување, чување, ракување и дистрибуција на изборниот материјал, бр. 11-2223/1 од 23.9.2021 година
– Упатство за ангажирање на лица од редот на вработените во секторите за информатичките технологии во државната, јавната, општинската и администрацијата на Градот Скопје или надворешни ИТ лица, бр. 11-2117/1 од 17.9.2021 година
– Упатство за прием, сместување и чување на УБИГ кои се наоѓаат во просториите на ДИК, бр.11-1922/1 од 9.9.2021 година.
Државната изборна комисија го донесе Планот за комуникација и координација помеѓу изборните органи, кој има за цел постигнување на поефикасна, полесна и воедначена соработка помеѓу Државната изборна комисија и општинските изборни комисии при подготовката и спроведувањето на Изборите за Претседател на Република Северна Македонија и Изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2024 година и добивање на исти одговори за настанатите тековни проблеми во нивното работење, односно идентичен одговор за исти прашања.
Согласно Акцискиот план за унапредување на родовата сензитивност на Државната изборна комисија, Комисијата донесе Упатство за родово чувствителни документи, со кое се воспоставуваат правила за креирање родово чувствителни документи во Државната изборна комисија. Преку ова Упатство се промовира инклузивност, се почитува различност и се поддржува еднаквоста во псимените комуникации.
Начинот на кој ќе се реализира систематското собирање и презентација на податоци поделени по пол во Државната изборна комисија и изборните органи на пониско ниво, е утврден во Упатството за собирање и презентирање на податоци разделени по пол, донесено на оваа седница.
Истовремено, Државната изборна комисија ја донесе Одлуката со која се утврдува максималниот износ на средствата потребни за изнајмување на простории во приватна сопственост за спроведување на гласањето на оние избирачки места каде не постојат јавни објекти кои ги задоволуваат законските услови за спроведување на истото, а согласно решенијата за утврдување на избирачките места во делот на објектот за гласање.
Исто така, Комисијата го усвои Годишниот извештај за завршната сметка на Државната изборна комисија за 2023 година.
Донесените акти од оваа седница ќе бидат објавени на официјалната веб страница на Државната изборна комисија.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Известување за собирање на потписи за кандидати за Претседател на Република Северна Македонија
Од утре, 23 февруари 2024 година започнува собирањето на потписи за листи на кандидат за Претседател на Република Северна Македонија.
До сега, до Државната изборна комисија се поднесени вкупно единаесет Изјави за прифаќање на иницијатива за собирање потписи за кандидирање за Претседател на Република Северна Македонија.
Тројца од подносителите на изјавите ќе собираат потписи за кандидатура во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија и пред нотари кои самите ги определиле. Во прилог се достапни листите на нотари каде што ќе се собираат потписите за кандидирање за Претседател на Република Северна Македонија
Осум од подносителите, собирањето на потписите за кандидирање за Претседател на Република Северна Македонија ќе го реализираат во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Известување со задолжение за постапување на ОИК и претседатели на ОИК
Со Решение за распишување на Избори за претседател на Република Северна Македонија, број 09-1168/1 од 14.02.2024 година и Решение за распишување на Избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија број 09-1169/1 од 14.02.2024 година, донесени од Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, се распишани Избори за Претседател на Република Северна Македонија кои ќе се одржат на 24 април 2024 година и Избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија кои ќе се одржат на 8 мај 2024 година.
Имајќи во предвид дека со распишување на изборите, почнуваат да течат роковите за извршување на изборните дејствија согласно усвоените роковници од страна на Државна изборна комисија, Државната изборна комисија ги известува претседателите, членовите и нивните заменици на Општинските изборни комисии дека е потребно да започнат со преземање на сите изборни дејствија од нивна надлежност согласно Изборниот законик, подзаконските акти на ДИК, како и насоките од Државна изборна комисија почнувајќи од ден 26.02.2024 година (понеделник).
Со ова Известување се задолжуваат претседателите на Општинските изборни комисии да стапат во контакт со заменик претседателот, членовите и нивните заменици на Општинските изборни комисии. Во отсуство на претседател на Општинската изборна комисија, должноста за контактирање на членовите и нивните заменици ја презема заменик претседателот на ОИК. Во случај на отсуство на претседателот и заменик претседателот на ОИК, должноста за контактирање на останатите членови и нивни заменици ја презема еден од членовите.
За сите задолженија и дејствија за подготовка на изборите кои треба да ги преземете како Општинска изборна комисија навремено ќе бидете информирани од страна на назначените координатори на Општинските изборни комисии.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Известување од Осумдесет и втората седница на Државната изборна комисија, одржана на 20 февруари 2024 година
На 82-та седница на Државната изборна комисија, одржана на 20 февруари 2024 година, е донесен Правилникот за регулирање на постапката за собирање на потписи и начинот за определување на нотар, кон кој во прилог е содржано посебно Појаснување на постапката на собирање потписи за подршка на поднесена листа на кандидат за Претседател на Републиката како и за поднесена листа на кандидати за пратеници кога поднесената листа е од „група избирачи“.
Потписите се собираат во службените просториите на подрачното одделение и канцеларија на Државната изборна комисија, пред службено лице вработено во Државната изборна комисија.
Kora потписи се собираат пред нотар, потписите се собираат во службените простории на нотарот, согласно правилата за депонирање на потписи.
Собирањето на потписи започнува на 23 февруари 2024 година и трае до 8 март 2024 година до 24:00 часот. За време на собирањето на потписите подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија ќе работат секој ден од 8:00 часот до 20:00 часот, додека последниот ден на 8 март 2024 година до 24:00 часот.
Потписите се собираат на обрасци кои се пропишани од страна на Државна изборна комисија и истите се објавени на интернет страната на Државна изборна комисија https://www.sec.mk/.
Истовремено, Државната изборна комисија, го усвои Заклучокот за останување во сила и примена на Правилникот за начинот на постапување на полицијата за време на спровеедување на избори бр.11-1763/1 од 28 август 2021 година.
Донесените акти од оваа седница ќе бидат објавени на официјалната веб страница.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Посебно појаснување на постапката на собирање потписи за подршка на поднесена листа на кандидат за Претседател на Републиката и за поднесена листа на кандидати за пратеници кога поднесената листа е од група избирачи
Собирањето на потписи започнува десетиот ден од денот на распишувањето на изборите и трае 15 дена.
Собирањето на потписи започнува на 23 февруари и трае до 08 март до 24:00 часот.
За време на собирањето на потписите Подрачните одделенија и канцеларии на Државна изборна комисија, ќе работат секој ден во наведениот период, непрекинато во периодот од 08:00 часот до 20:00 часот и последниот ден, односно 08 март до 24:00 часот.
Иницијативата за собирање на потписи за подршка на поднесена листа на кандидат за Претседател на Републиката и за поднесена листа на кандидати за пратеници кога поднесената листа е од ,,група избирачи,, се поведува со поднесување на Известување и Изјава (https://drive.google.com/file/d/1QpAHy23Hpuja0Ndt_gp3PWbrJk_LRwMY/view) до Државната изборна комисија, од страна на предложениот кандидат односно лице овластено од негова страна со генерално овластување заверено на нотар.
Генералното овластувањето што го дава кандидатот за кој се собираат потписи се однесува и за поднесувањето на известувањето и изјавата до ДИК како и на доставувањето на соодветните обрасци до подрачните оделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, увид во дадените потписи за листата на кандидат за која се овластени и подигнување на образецот со собраните потписи.
Овластеното лице од страна на подносителот на иницијативата, може да овласти друго лице за секое подрачно одделение и канцеларија на Државната изборна комисја во негово име да ги изврши горе наведените активности со посебни овлстувања. Овластувањата е потребно да бидат заверени на нотар, оригиналот од овластувањето се доставува до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, копијата ја задржува подносителот.
Во известувањето се наведува дека ќе се собираат потписи за подршка и се наведува во кои подрачни одделенија и канцеларии на Државна изборна комисија и нотари, потписите ќе се собираат.
Подрачни одделенија и канцеларии на Државна изборна комисија ( https://www.sec.mk/kontakti/ )
Подрачно одделение Гевгелија, надлежно за општина Гевгелија, Дојран и општина Богданци
Канцеларија Валандово надлежно за општина Валандово.
Подрачно одделение Кичево, надлежно за општина Кичево.
Канцеларија Македонски Брод надлежно за општина Македонски Брод и Пласница.
Подрачно одделение Кочани, надлежно за општина Кочани, Чешиново – Облешево и општина Зрновци
Канцеларија Виница надлежно за општина Виница.
Подрачно одделение Берово, надлежно за општина Берово и Пехчево
Канцеларија Делчево надлежно за општина Делчево.и Македонска Каменица.
Подрачно одделение Охрид, надлежно за општина Охрид и Дебарца.
Подрачно одделение Струга, надлежно за општина Струга и Вевчани
Канцеларија Дебар надлежно за општина Дебар и Центар Жупа.
Подрачно одделение Струмица, надлежно за општина Струмица, Ново Село, Василево и Босилово.
Канцеларија Радовиш надлежно за општина Радовиш и Конче.
Подрачно одделение Велес, надлежно за општина Велес , Чашка и Градско.
Канцеларија Кавадарци надлежно за општина Кавадарци и Росоман.
Канцеларија Неготино надлежно за општина Неготино и Демир Капија.
Подрачно одделение Штип, надлежно за општина Штип и Карбинци
Канцеларија Пробиштип надлежно за општина Пробиштип
Канцеларија Свети Николе надлежно за општина Свети Николе и Лозово.
Подрачно одделение Битола, надлежно за општина Битола, Новаци и Могила.
Канцеларија Ресен надлежно за општина Ресен.
Канцеларија Демир Хисар надлежно за општина Демир Хисар.
Подрачно одделение Гостивар, надлежно за општина Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуша.
Подрачно одделение Куманово, надлежно за општина Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
Канцеларија Крива Паланка надлежно за општина Крива Паланка и Ранковце.
Канцеларија Кратово надлежно за општина Кратово.
Подрачно одделение Прилеп, надлежно за општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани.
Канцеларија Крушево надлежно за општина Крушево.
Подрачно одделение Тетово, надлежно за општина Тетово, Теарце, Брвеница, Боговиње, Желино и Јегуновце.
Подрачно одделение Карпош, надлежно за општина Карпош, Ѓорче Петров и Сарај.
Подрачно одделение Центар, надлежно за општина Центар и Аеродром
Подрачно одделение Чаир, надлежно за општина Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево.
Подрачно одделение Гази Баба, надлежно за општина Гази Баба, Арачиново, Петровец и Илинден.
Подрачно одделение Кисела Вода, надлежно за општина Кисела Вода, Студеничани, Зелениково и Сопиште.
Потписите се собираат на обрасци кои се пропишани од страна на Државна изборна комисија и истите се објавени на интернет страната на Државна изборна комисија https://www.sec.mk/. во ,,УЧЕСНИЦИ ВО ИЗБОРИ,, во делот ,, ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024,, односно ,,ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024,,
За собирање на потписи за предлагање на кандидат за Претседател на Република Северна Македонија предложен од ГРУПА ИЗБИРАЧИ – е oбразец број 1б
Образец бр. 1b – За собирање на потписи за предлагање на кандидат за Претседател на РСМ предложен од група избирачи
За собирање на потписи за предлагање на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија за листа на кандидати предложена од група избирачи е Образец број 2 https://docs.google.com/document/d/1jQA0rlJd33CXfbkJ2e1fPdUX3S9EZmxS/edit
Секој подносител на листа на кандидати е должен сам да го изготви образецот.
Правилник за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотаритеДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
РАБОТИЛНИЦА ЗА НОВИНАРИ
На 16 февруари во Државната изборна комисија се спроведе првата од серија планирани работилници, наменети за новинарки и новинари.
Цел на работилницата беше продлабочување на соработката помеѓу ДИК и медиумските работнички/ци во насока на постигнување на нашата заедничка мисија: споделување на правовремени, точни и веродостојни информации со јавноста.
На работилницата учесничките/ците ги разгледаа роковниците за Претседателските и Парламентарните избори, и имаа прилика да отворат дискусии на различни прашања од интерес за јавноста.
Сите присутни позитивно ја оценија работилницата, и истакнаа дека истата ќе им биде многу корисна во известувањето за изборите 2024 година.
Работилницата ја организиравме во склоп на активностите предвидени со Меморандумот за соработка со МИА.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Соопштение
Денеска,15 февруари 2024 година,Државната изборна комисија оствари средба со Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.
Состанокот помина во конструктивна атмосфера и двете страни изразија подготвеност за соработка во насока на организирање и спроведување на фер и демократски избори.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Известување за регистрација и доставување на ценовници на медиумите за платено политичко рекламирање – Парламентарни избори 2024
Државната изборна комисија ги известува радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали), кои ќе обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања за Избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, дека се должни да се регистрираат во Државната изборна комисија, во рок од 3 дена од денот на распишување на изборите.
Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) доставуваат „Барање за упис во регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година“ до Државната изборна комисија, задолжително со прилог тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија, не постара од 30 дена.
Барањата за упис со прилог тековна состојба се поднесуваат електронски на следната електронска адреса: [email protected] или во архивата на ДИК на бул.„Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје (најдоцна до 24:00 часот на 17 февруари 2024 година).
Врз основа на поднесените барања за упис, Државната изборна комисија ќе изготви „Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година“ кои ќе даваат услуги на платено политичко рекламирање за време на Изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година. Регистарот со уредно поднесени и прифатени барања за упис во регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година ќе биде јавно објавен на интернет страната на Комисијата.
Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) се должни во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес (најдоцна на 19 февруари 2024 година до 24:00 часот).
Радиодифузерите и печатените медиуми се должни ценовниците за секој медиум одделно за платено политичко рекламирање да ги применуваат и за време на изборната кампања и притоа просечната цена (аритметичка средина) по секунда за едно деноноќие добиена според различните ценовно-рекламни временски периоди и тоа: Период 1 – од 00:00 до 08:00 часот, Период 2 – од 08:00 до 16:00 часот и Период 3 – од 16:00 до 24:00 часот кај радиодифузерите за платено политичко рекламирање, како и цената за закуп на рекламен простор во печатениот медиум да не ја надминува вкупната просечна цена на рекламирање на секој радиодифузер одделно пресметана во последните пет изминати изборни циклуси одржани на ниво на цела територија на државата и тоа за Изборите за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје во 2021 година, Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2020 година, Изборите за Претседател на Република Северна Македонија во 2019 година, Локалните избори во 2017 година, Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија во 2016 година, а за електронските медиуми (интернет порталите) цената за закуп на рекламен простор на интернет порталот за платено политичко рекламирање да не ја надминува просечната цена за рекламирање пресметана, за последните пет изминати изборни циклуси.
За Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) кои не учествувале на сите изминати 5 изборни циклуси цената за платено политичко рекламирање не може да ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклуси согласно Упатство за начинот и постапката за потврдување на просечно постигнатата цена за платено политичко рекламирање за радиодифузер, печатени медиуми и електронски портали (интернет портали) кои не учествувале на последните пет изборни циклуси донесено од страна на Државната изборна комисија со бр.08-441/1 од 14.02.2024 година.
Државната изборна комисија е должна да ги потврди и објави на нејзината веб страна доставените ценовници со просечно пресметаните цени утврдено од радиодифузерите и печатените медиуми, како и да ги објави ценовниците со цените утврдени од електронските медиуми (интернет порталите), согласно член 75-ѓ став (3) и (9) од ИЗ, во рок од 10 дена од истекот на рокот за доставување на ценовниците утврдени во ставот (3) на овој член.
Доколку Државната изборна комисија утврди неправилности во ценовниците од радиодифузерите и печатените медиуми го известува соодветниот медиум да изврши корекција на ценовникот во рок од 72 часа од приемот на известувањето.
Архивата на Државната изборна комисија ќе работи на прием на барања за упис во регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) на ден 17.02.2024 година (сабота), до 24:00 часот.
Упатство за начинот и постапката за утврдување на просечно постигната цена и најниска цена за платено политичко рекламирање за радиодифузери, печатени медиуми и портали кои не учествувал
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Известување за регистрација и доставување на ценовници на медиумите за платено политичко рекламирање – Претседателски избори 2024
Државната изборна комисија ги известува радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали), кои ќе обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања за Избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, дека се должни да се регистрираат во Државната изборна комисија, во рок од 3 дена од денот на распишување на изборите.
Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) доставуваат „Барање за упис во регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Изборите за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година“ до Државната изборна комисија, задолжително со прилог тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија, не постара од 30 дена.
Барањата за упис со прилог тековна состојба се поднесуваат електронски на следната електронска адреса: [email protected] или во архивата на ДИК на бул.„Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје (најдоцна до 24:00 часот на 17 февруари 2024 година).
Врз основа на поднесените барања за упис, Државната изборна комисија ќе изготви „Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Изборите за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година“ кои ќе даваат услуги на платено политичко рекламирање за време на Изборите за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година. Регистарот со уредно поднесени и прифатени барања за упис во регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година ќе биде јавно објавен на интернет страната на Комисијата.
Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) се должни во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес (најдоцна на 19 февруари 2024 година до 24:00 часот).
Радиодифузерите и печатените медиуми се должни ценовниците за секој медиум одделно за платено политичко рекламирање да ги применуваат и за време на изборната кампања и притоа просечната цена (аритметичка средина) по секунда за едно деноноќие добиена според различните ценовно-рекламни временски периоди и тоа: Период 1 – од 00:00 до 08:00 часот, Период 2 – од 08:00 до 16:00 часот и Период 3 – од 16:00 до 24:00 часот кај радиодифузерите за платено политичко рекламирање, како и цената за закуп на рекламен простор во печатениот медиум да не ја надминува вкупната просечна цена на рекламирање на секој радиодифузер одделно пресметана во последните пет изминати изборни циклуси одржани на ниво на цела територија на државата и тоа за Изборите за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје во 2021 година, Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2020 година, Изборите за Претседател на Република Северна Македонија во 2019 година, Локалните избори во 2017 година, Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија во 2016 година, а за електронските медиуми (интернет порталите) цената за закуп на рекламен простор на интернет порталот за платено политичко рекламирање да не ја надминува просечната цена за рекламирање пресметана, за последните пет изминати изборни циклуси.
За Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) кои не учествувале на сите изминати 5 изборни циклуси цената за платено политичко рекламирање не може да ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклус согласно Упатство за начинот и постапката за потврдување на просечно постигнатата цена за платено политичко рекламирање за радиодифузер, печатени медиуми и електронски портали (интернет портали) кои не учествувале на последните пет изборни циклуси донесено од страна на Државната изборна комисија со бр.08-441/1 од 14.02.2024 година.
Државната изборна комисија е должна да ги потврди и објави на нејзината веб страна доставените ценовници со просечно пресметаните цени утврдено од радиодифузерите и печатените медиуми, како и да ги објави ценовниците со цените утврдени од електронските медиуми (интернет порталите), согласно член 75-ѓ став (3) и (9) од ИЗ, во рок од 10 дена од истекот на рокот за доставување на ценовниците утврдени во ставот (3) на овој член.
Доколку Државната изборна комисија утврди неправилности во ценовниците од радиодифузерите и печатените медиуми го известува соодветниот медиум да изврши корекција на ценовникот во рок од 72 часа од приемот на известувањето.
Архивата на Државната изборна комисија ќе работи на прием на барања за упис во регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) на ден 17.02.2024 година (сабота), до 24:00 часот.
Упатство за начинот и постапката за утврдување на просечно постигнатата цена и најниска цена за платено политичко рекламирање за радиодифузери, печатени медиуми и портали кои не учествувале во последните пет изборни циклуси
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
ОДЛУКИ ЗА ИЗБОР ПО ПАТ НА ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 40/2024, 41/2024, 42/2024, 43/2024, 44/2024, 45/2024 и 46/2024
Глобален ден на изборите 2024
Државната изборна комисија го одбележа Глобалниот ден на изборите 2024 година со потпишување на Меморандум за соработка со Медиумската информативна агенција – МИА.
Целта на овој Меморандум е да се поттикне духот на заемна поддршка и соработка помеѓу Државната изборна комисија и Медиумската информативна агенција, со цел надминување на предизвиците и унапредување на можностите за подобрување на изборниот процес и придонесување кон кредибилитетот и интегритетот на изборите.
ДИК и МИА се согласија дека заеднички ќе работат кон промоција на демократските вредности, подобрување на едукацијата и свеста на гласачите, точна и навремена дисеминација на информации, сеопфатно покривање на изборите, градење капацитети и обука, одржување на медиумската етика и изборен интегритет, како и интеграција на иновации и нова технологија.
Глобалниот ден на изборите веќе 19 години се одбележува секој февруари, како резултат на заложбата која произлегла од Глобалната конференција за избори која се одржала од 15 до 17 септември 2005 година во Будимпешта, Унгарија.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Соопштение
Денеска, 31 јануари 2024 година, Државната изборна комисија оствари средба со Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Состанокот помина во конструктивна атмосфера и двете страни изразија подготвеност за продолжување на соработката во насока на организирање и спроведување на фер и демократски избори.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
ОДЛУКИ ЗА ИЗБОР ПО ПАТ НА ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 01/2023
Соопштение
Државната изборна комисија согласно Пресудата на Апелационен суд ГЖ-1639/23 од 27.12.2023 година го објавува следното:
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 46/2024
за вработување на 2 државни службеници од група I, подгрупа I во Државна изборна комисија за следните работни места:
УПР0101В02000 Виш соработник – координатор на внатрешни и надворешни обучувачи, Одделение за континуирани обуки – Центар за обуки, Сектор за континуирани обуки, односи со јавност и меѓународна соработка
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 45/2024
за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државна изборна комисија за следните работни места:
УПР0101В04000 Помлад соработник за евиденција, Одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 44/2024
за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државна изборна комисија за следните работни места:
УПР0101В04000 Помлад соработник за избори, Подрачно одделение Охрид, Сектор за избирачки список, евиденција на избирачко право, составување и ажурирање на избирачкиот список и описот на избирачките места