Државната изборна комисија постапувајќи по примените барања за изземање од должноста претседател, заменик претседател, член или заменик член во општинските изборни комисии врз основа на член 31 став (2) точка 1 а во врска со членовите 18 став (3), 33 став (1), 34 став (1) и (4) и 35 став (1) и {2} од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13,14/14, 30/14,196/15, 35/16, 97/16,136/16 и 142/16), дава
ИЗВЕСТУВАЊЕ
1. Барањето, број 10-1306/75 од 10.05.2016 година, за изземање од должноста заменик член во Општинската изборна комисија Аеродром, поднесено од ДРАГИ МИТКОВСКИ, вработен во Град Скопје, именуван со одлука за формирање на општинска изборна комисија Аеродром, број 08-1304/1 од 28.04.2016 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија”, број 84 од 30 април 2016 година, HE Е ПРИФАТЕНО.
2. Барањето број 10-1306/89 од 16.05.2016 година, за изземање од должноста член во Општинската изборна комисија Маврово и Ростуше, поднесено од ЕЛВИРА ЕЈУПИ, вработена во Општина Маврово и Ростуше, именувана со одлука за формирање на општинска изборна комисија Маврово и Ростуше, број 08-1304/1 од 28.04.2016 година, објавена во ‘Службен весник на Република Македонија’, број 84 од 30 април 2016 година, HE Е ПРИФАТЕНО… (повеќе)
Ивестување за барањата за изземање од должноста во ОИК – 31.10.2016
Државната изборна комисија постапувајќи по примените барања за изземање од должноста претседател, заменик претседател, член или заменик член во општинските изборни комисии врз основа на член 31 став (2) точка 1 а во врска со членовите 18 став (3), 33 став (1), 34 став (1) и (4) и 35 став (1) и {2} од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13,14/14, 30/14,196/15, 35/16, 97/16,136/16 и 142/16), дава
ИЗВЕСТУВАЊЕ
1. Барањето, број 10-1306/75 од 10.05.2016 година, за изземање од должноста заменик член во Општинската изборна комисија Аеродром, поднесено од ДРАГИ МИТКОВСКИ, вработен во Град Скопје, именуван со одлука за формирање на општинска изборна комисија Аеродром, број 08-1304/1 од 28.04.2016 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија”, број 84 од 30 април 2016 година, HE Е ПРИФАТЕНО.
2. Барањето број 10-1306/89 од 16.05.2016 година, за изземање од должноста член во Општинската изборна комисија Маврово и Ростуше, поднесено од ЕЛВИРА ЕЈУПИ, вработена во Општина Маврово и Ростуше, именувана со одлука за формирање на општинска изборна комисија Маврово и Ростуше, број 08-1304/1 од 28.04.2016 година, објавена во ‘Службен весник на Република Македонија’, број 84 од 30 април 2016 година, HE Е ПРИФАТЕНО… (повеќе)
Одлука за отворање на дополнителни канцеларии во седиштата на единиците на локалната самоуправа
Врз основа на членовите 48, 49 став(З) и 196-6 став (10) во врска со член 31 став 2 точка 44 од Изборниот законик („Службен Весник на Република Македонија”, број 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11,142/12, 31/13, 34/13,14/14, 30/14,196/15, 35/16, 97/16, 99/16,136/16 и 142/16), член 34 од Привремениот деловник на Државната изборна комисија, број. 01-1089/1 од 04.07.2006 година и Заклучокот на Државната изборна комисија од седницата одржана на 28.10.2016 година, Државната изборна комисија на седницата одржана на 29.10.2016 година, донесе
ОДЛУКА
за отворање на дополнителни канцеларии во седиштата на единиците на локалната самоуправа каде Државната изборна комисија нема свои подрачни одделенија или канцеларии за вршење на јавен увид во избирачкиот список и за пријавување на граѓаните чии записи во Избирачкиот список се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список, за спроведување на предвремени избори за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, 11 декември 2016 година
1. Се утврдува потребата од отворање на дополнителни канцеларии во седиштата на единиците на локалната самоуправа каде Државната изборна комисија нема свои подрачни одделенија или канцеларии, за вршење на јавен увид во избирачкиот список и за пријавување на граѓаните чии записи во Избирачкиот список се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список за спроведување на предвремени избори за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, 11 декември 2016 година… (повеќе)
Упатство за спроведување на Јавен увид во посебните изводи од Избирачкиот список и пријавување за гласање во ДКП
Врз основа на член 31 став (2) точка 2) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14,196/15 и 36/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 30.10. 2016 година го донесе следното
УПАТСТВО
за спроведување на јавен увид во Избирачкиот список за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија на 11 Декември 2016 година
Член 1
Јавниот увид во Избирачкиот список започнува на 28.10.2016 година и трае до 11.11.2016 година.
Член2
Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведува во подрачните одцеленија и канцеларии на Државната изборна комисија во време од 08,30 до 19,00 часот, вклучувајќи ги и деновите од викенд и празници, додека последните два дена (10 -ти и 11-ти Ноември 2016 година) увидот ќе трае до 24:00 часот… (повеќе)
Упатство за спроведување на Јавен увид во Избирачкиот список за предвремени избори за пратеници на 11.12.2016 година
Врз основа на член 31 став (2) точка 2) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14,196/15 и 36/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 30.10. 2016 година го донесе следното
УПАТСТВО
за спроведување на јавен увид во Избирачкиот список за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија на 11 Декември 2016 година
Член 1
Јавниот увид во Избирачкиот список започнува на 28.10.2016 година и трае до 11.11.2016 година.
Член2
Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведува во подрачните одцеленија и канцеларии на Државната изборна комисија во време од 08,30 до 19,00 часот, вклучувајќи ги и деновите од викенд и празници, додека последните два дена (10 -ти и 11-ти Ноември 2016 година) увидот ќе трае до 24:00 часот… (повеќе)
Известување за состојбата на избирачкиот список по добиеното цд со обработени податоци од државниот завод за статистика
Превземи (Известување за состојбата на избирачкиот список по добиеното цд со обработени податоци од државниот завод за статистика)
Повик за јавен увид во избирачкиот список (28.10 – 11.11.2016)
Ce известуваат граѓаните на Република Македонија дека од 28 октомври до 11 ноември 2016 година ќе се врши јавен увид во Избирачкиот список за претстојните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија.
Јавниот увид ќе се врши во просторииите на подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, низ целата територија на Република Македонија, во просториите во општините каде Државната изборна комисија нема свои подрачни одделенија, како и по електронски увид на официјалната интернет страница на ДИК.
Увидот ќе може да се изврши сеиој ден, во време од 8.30 до 19 часот.
При вршењето на јавниот увид, граѓаните се идентификуваат пред овластено лице на Државната изборна комисија со покажување на важечка лична карта или пасош, издадени од надлежен орган на Република Македонија.
Сите граѓани кои не се во Избирачкиот список поради немање важечка лична карта или важечки пасош, треба веднаш да аплицираат за добивање нов документ за идентификација… (повеќе)
Јавен повик за пријавување на граѓаните чии што записи во избирачкиот список се утврдени како спорни записи (28.10 – 11.11.2016)
Врз основа на член 196-6 став 10 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06,136/08,148/08,155/08,163/08,44/11,51/11,54/11,142/12, 31/13, 34/13,14/14, 30/14,196/15, 35/16, 97/16, 99/16,136/16 и 142/16), Државната изборна комисија, на седницата одржана на ден 28.11.2016 година, усвои:
ЈАВЕН ПОВИК
Се повикуваат сите 29 858 граѓани на Република Македонија, чии што записи во Избирачкиот список no извршените вкрстени и теренски проверки се утврдени како спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список и кои не се пријавија во периодот од 26 јули до 19 август 2016 година, дека може да се пријават во Државната изборна комисија во периодот додека трае јавниот увид во Избирачкиот список од 28 октомври до 11 ноември 2016 година за да може да се запишат во Избирачкиот список… (повеќе)
Заклучок за јавен увид на избирачкиот список до 11.11.2016 година
Врз основа на член 31 став 2 точка 2 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија„ бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14 и 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 28.10. 2016 година, го донесе следниот
ЗАКЛУЧОК
1. Согласно член 49 од Изборниот законик, Државната изборна комисија на Р.М на ден 28.10.2016 година го става на јавен увид избирачкиот список. Јавниот увид ќе трае до 11.11.2016 година до 24:00 часот.
2. Избирачкиот список да се објави на веб страната на Државната изборна комисија и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.
3. Преку министерстрвото за надворешни работи на Р.М, да се достават посебните изводи од избирачкиот список до дипломатско конзуларните преставништва и канцеларии на Р.М за лицата на привремена работа или престој во странство, врз основа на евиденцијата од надлежниот орган, за ставање на јавен увид… (повеќе)
Заклучок за пуштање во употреба на апликацијата за пријавување на граѓани во РМ, чии записи во избирачкиот список се спорни записи
Врз основа на член 31 став 2 точка 2 во врска со член 196-6 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16) , Државната изборна комисија на седницата одржана на 28.11.2016 година, го донесе следниот:
ЗАКЛУЧОК
1. Се пушта во употреба апликацијата за електронско пријавување на 29 858 граѓани на Република Македонија, чии записи во избирачкиот список по спроведените теренски и админситративни проверки се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците на граѓаните предмет на проверки во избирачкиот список, а кои не се пријавија во периодот од 26 јули до 19 август 2016 година.
2. Апликацијата ќе биде ставена во употреба за време на јавниот увид односно од 28.10.2016 до 11.11.2016 година… (повеќе)
Oдлука за изменување и дополнување на одлуките за формирање на општинските изборни комисии
Врз основа на член 31 став (2) точка 1 а во врска со членовите 18 став (3), 33 став (1), 34 став (1) и (4) и 35 став (1) и (2) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16,136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 26.10.2016 година, во состав: Александар Чичаковски, Претседател, Реџеп Прекопуца, Потпретседател и членовите Атанас Урумов, Сашо Срцев, Силвана Бонева, д-р Субхи Јакупи и Бедредин Ибраими, донесе
О Д Л У К А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ ИЗБОРНИ КОМИСИИ
I. Во одлуките за формирање на општинските изборни комисии, број 08–1304/1 од 28.04.2016 година, објавени во „Службен весник на Република Македонија“, број 84 од 30 април 2016 година, број 08-1304/3 од 06.05.2016 година, објавена во Службен весник на Република Македонија број 89 од 09.05.2016 година и број 08-1304/5 од 10.05.2016 година Државната изборна комисија решавајќи по поднесените барања за неприфаќање за извршување на должноста претседател, заменик претседател, член или заменик член во општинските изборни комисии поради здравствени или семејни причини, ги изврши следните измени и дополнувања… (повеќе)
Заклучок за важење и применување на обрасци
Врз основа на член 34 од Привремениот деловник на Државната изборна комисија, број. 01-1089/1 од 04.07.2006 година, членот 31 став (2) точка 10 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11,142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 19.10.2016 година, донесе
ЗАКЛУЧОК
за важење и применување на обрасци за спроведување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, 11-ти декември 2016 година
1) Со овој Заклучок се утврдува дека обрасците за спроведување на избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, донесени од Државната изборна комисија и објавени во Службен весник на Република Македонија број 88 од 6 мај 2016 година и на ВЕБ страницата на Државната изборна комисија, се во ВАЖНОСТ и ќе се ПРИМЕНУВААТ и за спроведување на „Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, 11 -ти декември 2016 година”.
2) Овој заклучок влегува во сила со денот на усвојувањето… (повеќе)
Заклучок за важење и применување на Кодексот за набљудување на изборите
Врз основа на член 34 од Привремениот деловник иа Државната изборна комисија, број. 01-1089/1 од 04.07.2006 година, членот 31 став (2) точка 16 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 19.10.2016 година, донесе
ЗАКЛУЧОК
за важење и применување на Кодексот за набљудување на изборите и изборната постапка при спроведување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, 11 -ти декември 2016 година
1) Со овој Заклучок се утврдува дека Кодексот за набљудување на изборите и изборната постапка, број 08-1282/1 од 27.04.2016 година донесени од Државната изборна комисија и објавен на ВЕБ страницата на Државната изборна комисија, е во ВАЖНОСТ и ќе се ПРИМЕНУВА и за спроведување на „Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, 11-ти декември 2016 година”.
2) Овој заклучок влегува во сила со денот на усвојувањето…(повеќе)
Упатство за важечки и неважечки гласачки ливчиња
Врз основа на член 31 став 2 точка 2 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија,, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14 и 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 19.10.2016 година, донесе
УПАТСТВО
за важечки и неважечки гласачки ливчиња
1) Гласачкото ливче е важечко ако е во согласност со член 110 од Изборниот законик.
2) За важечко гласачко ливче се смета и она гласачко ливче од кое на сигурен и недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидати избирачот гласал.
3) Гласачкото ливче е неважечко ако не е пополнето или има заокружено повеќе листи на кандидати или кандидат
1. При утврдувањето на тоа што претставува „сигурен и недвосмислен начин,, треба да се појде од тоа на кој начин е пополнето гласачкото ливче, односно дека избирачот со заокружување јасно ја изразил волјата дека гласал само за една листа на кандидати или кандидат.
2. Сигурен и недвосмислен начин на изразување на волјата на избирачите би претставувало гласачко ливче на кое избирачот, наместо редниот број пред подносителот на листата, го заокружил името и презимето на носителот на листата или симболот на подносителот на листата.
3. Гласачкото ливче е неважечко доколку не е пополнето на начин предвиден со Изборниот законик, ако е прецртано делумно или целосно, ако се заокружени повеќе листи на кандидати, ако бројот на гласачкото ливче не е соодветен на бројот на гласачкото место каде се гласа, или ако гласачкото ливче нема печат на предната страна… (повеќе)
Известување за рекламни паноа и билборди
ИЗВЕСТУВАЊЕ
во врска со член 78 – a
рекламни паноа и билборди
Општините во Република Македонија, градот Скопје и правните лица кои стопанисуваат со рекламните паноа и билборди, се должни во рок од 5 дена од денот на распишувањето на изборите (најдоцна до 23 октомври 2016 година) јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди (задолжително на сопствените веб страници или гласила или во медиумите -печатени или електронски).
Максималниот број на рекламни паноа и билборди кои може да се користат за политичко рекламирање изнесува 50% од вкупниот број на територијата на определена општина, градот Скопје, односно на територијата на кое определено правно лице стопанисува со истите.
Заради распоредување на локациите за политичко рекламирање по пат на ждрепка која ја спроведува Државната изборна комисија, општините, градот Скопје и правните лица се должни локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди да ги достават до Државната изборна комисија… (повеќе)
Барање до градоначалниците на општини
ПРЕДМЕТ : Барање
Почитувани.
Be известуваме дека претседателот на Собранието на Република Македонија на 18 октомври 2016 година донесе решение бр.09-4469/1 за распишување на предвремени избори за пратечици во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 11 декември 2016 година.
Согласно член 25 став 1 од Изборниот законик, а во функција на непречено организирање и спроведување на претстојните избори бараме:
1. Да им ставите на располагање на раководителите на нашите подрачни одделенија и канцеларии едно возило (по можност теренско) и возач.
Согласно лланираните активности за подготовка на претстојните избори, подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија треба во најкраток можен рок да ги посетат локациите во кои согласно решенијата за описите на избирачките места се сместени истите, да ги подготват за непречено спроведување на гласањето и да склучуваат договори за закуп на приватни простории каде што нема објекти во државна сосптвеност… (повеќе)
Јавен повик за пријавување на граѓани кои се на привремена работа или престој во странство – Предвремени избори за пратеници 11.12.2016
Врз основа на член 31 став 2 точка 44 и член 50-а став 1, 3 и 4 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), согласно членовите 18 и 34 од Привремениот деловник на Државната изборна комисија, број. 01-1089/1 од 04.07.2006 година а во врска со Решението на Претседателот на Собранието на Република Македонија, за распишување на „Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, 11 декември 2016 година“, број 09-4469/1 од 18.10.2016 година, објавено во „Службен весник на Република Македонија“, број 193 од 18.10.2016 година, Државната изборна комисија на седницата одржана на 18.10.2016 година, усвои
ЈАВЕН ПОВИК
за распишување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија
податоци за видот на изборите за кои се гласа
Се известуваат државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во (се наведува државата) дека на 11 декември 2016 година ќе се одржат Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија… (повеќе)
Решение за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија – 11.12.2016 година
[ux_image id=”8526″ drop_shadow=”1″]
Превземи (Решение за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија – 11.12.2016 година)
Размена на искуства со Централната изборна комисија на Косово
Правната служба на Државната изборна комисија, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 12 и 13 октомври 2016 година оствари дводневна посета за размена на искуства со Централната изборна комисија на Косово (ЦИК).
Со членовите и секретарот на ЦИК, како и со шефовите на правниот, оперативниот и одделот за информатичка технологија, тие разговараа за различните можности при постапувањето по приговори за време на избори, како и за воспоставување на процедури и стандарди за истите.
Правната служба на ДИК оствари средба и со независниот Панел за изборни жалби и претставки, чија цел е да обезбеди професионално, непристрасно и навремено разрешување на изборните спорови, осигурувајќи ја заштитата на правата на сите учесници во изборниот процес.
ДИК и Мисијата на ОБСЕ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка
Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски и шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Нина Суомалаинен, потпишаа Меморандум за соработка.
Меморандумот се однесува на заедничките активности на ОБСЕ и ДИК за периодот 2016 – 2017 година, за зајакнување на капацитетите на изборната администрација.
Збирен месечен извештај за спроведени промени во избирачкиот список септември 2016
Превземи (Збирен месечен извештај за спроведени промени во избирачкиот список за месец септември 2016 година)