По повод Глобалниот ден на изборите, кој секоја година се одбележува во првиот четврток во февруари, на 1 февруари оваа година Стручната служба на Државната изборна комисија организира прв Отворен едукативен ден за граѓаните. Ова е прв пат од своето постоење Државната изборна комисија да ги отвори своите врати за граѓаните, а интенцијата е ваквите денови да станат редовна пракса.
На овој ден сите заинтересирани граѓани се добредојдени во просториите на Државната изборна комисија, каде ќе можат да проследат едукативна презентација преку која ќе се информираат околу остварувањето на своето избирачко право со особен фокус на водењето на Избирачкиот список.
Воедно граѓаните ќе можат да постават и прашања до вработените во Стручната служба на ДИК.
Во три термини во текот на денот, и тоа во 11:00, 13:00 и 15:00 часот, заинтересираните граѓани ќе можат да ја проследат едукативната тура во седиштето на ДИК (Бул. Св. Кирил и Методиј бр.54, 4-ти кат), или пак да се информираат околу остварувањето на своето избирачко право во некое од подрачните одделенија и канцеларии ( http://www.sec.mk/16000-2/ ).
Сите заинтересирани за централните настани во седиштето на ДИК, ги покануваме 10 минути пред одбраниот термин (11:00. 13:00 или 15:00 часот) да дојдат пред главниот влез на зградата на седиштето.
Групата од главниот влез до салата на 4-ти кат ќе ја водат вработени со беџови на Стручната служба на ДИК.
Важно за медиумите:
Изјава за медиумите по повод одбележувањето на Глобалниот ден на изборите во седиштето на ДИК закажуваме за во четврток, 1 февруари, во 12:00 часот.
Вашите екипи ќе можат да ги проследат едукативните тури и да снимаат кадри за ваши потреби.
Отворениот едукативен ден во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК е отворен и за локалните ТВ и радио станици кои можат да ги посетат и да проследат како тече одбележувањето на Глобалниот ден на изборите.
Oдбележување на Глобалниот ден на изборите 2018
По повод Глобалниот ден на изборите, кој секоја година се одбележува во првиот четврток во февруари, на 1 февруари 2018 година Стручната служба на Државната изборна комисија организираше прв Отворен едукативен ден за граѓаните.
На овој ден сите заинтересирани граѓани беа добредојдени во просториите на Државната изборна комисија, каде можеа да проследат едукативна презентација преку која се информираа околу остварувањето на своето избирачко право со особен фокус на водењето на Избирачкиот список. Воедно граѓаните можеа да постават и прашања до вработените во Стручната служба на ДИК, а и да подигнат едукативни материјали.
На првиот Отворен едукативен ден посетителите најмногу се интересираа за начинот на ажурирање на Избирачкиот список, електронскиот увид во веб-апликацијата Избирачки список, а добивме и конструктивни предлози за олеснување на пристапот на независните кандидати до изборниот процес.
Соопштение за одбележување на Глобалниот ден на изборите – Отворен едукативен ден за граѓаните
По повод Глобалниот ден на изборите, кој секоја година се одбележува во првиот четврток во февруари, на 1 февруари оваа година Стручната служба на Државната изборна комисија организира прв Отворен едукативен ден за граѓаните. Ова е прв пат од своето постоење Државната изборна комисија да ги отвори своите врати за граѓаните, а интенцијата е ваквите денови да станат редовна пракса.
На овој ден сите заинтересирани граѓани се добредојдени во просториите на Државната изборна комисија, каде ќе можат да проследат едукативна презентација преку која ќе се информираат околу остварувањето на своето избирачко право со особен фокус на водењето на Избирачкиот список.
Воедно граѓаните ќе можат да постават и прашања до вработените во Стручната служба на ДИК.
Во три термини во текот на денот, и тоа во 11:00, 13:00 и 15:00 часот, заинтересираните граѓани ќе можат да ја проследат едукативната тура во седиштето на ДИК (Бул. Св. Кирил и Методиј бр.54, 4-ти кат), или пак да се информираат околу остварувањето на своето избирачко право во некое од подрачните одделенија и канцеларии ( http://www.sec.mk/16000-2/ ).
Сите заинтересирани за централните настани во седиштето на ДИК, ги покануваме 10 минути пред одбраниот термин (11:00. 13:00 или 15:00 часот) да дојдат пред главниот влез на зградата на седиштето.
Групата од главниот влез до салата на 4-ти кат ќе ја водат вработени со беџови на Стручната служба на ДИК.
Важно за медиумите:
Изјава за медиумите по повод одбележувањето на Глобалниот ден на изборите во седиштето на ДИК закажуваме за во четврток, 1 февруари, во 12:00 часот.
Вашите екипи ќе можат да ги проследат едукативните тури и да снимаат кадри за ваши потреби.
Отворениот едукативен ден во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК е отворен и за локалните ТВ и радио станици кои можат да ги посетат и да проследат како тече одбележувањето на Глобалниот ден на изборите.
Оглас број 1/2017 за вработување на еден извршител на определено време
Оглас број 1/2017 за вработување на еден извршител на определено време во траење до 31 декември 2018 година во Државната изборна комисија.pdf
Извештај за спроведените Локални избори 15.10.2017
Соопштение за медиуми 06.12.2017
ДИК најостро ги демантира дезинформациите пласирани во јавноста дека наводно “кратела од теренците за себеси да си даде бонус“.
Државната изборна комисија со цел да ја зголеми одговорноста за точноста при внесот на податоците од страна на општинските изборни комисии, за овие избори одлучи наместо внесот на податоци да се врши исклучиво од лица од Државниот завод за статистика, општинските изборни комисии да определат лица кои беа обучени од страна на ДИК за внес на податоци.
Од тие причини е намален бројот на ангажираните лица од ДСЗ за внес на податоци на само едно лице по општинска изборна комисија. Наведените лица се ангажирани само на изборниот ден по 19 часот, односно по пристигнувањето на податоците од гласањето.
Државната изборна комисија за сите ангажирани лица од ДСЗ обезбеди авансни средства за транспорт и други трошоци, а на повеќе од 15 лица им беше платено и спиење.
Покрај платените патни и други трошоци, секое ангажирано лице од ДЗС доби надоместок од 2000 денари за ангажман не повеќе од 8 часа, идентичен надоместок како и претходните избори.
Демант на натписот од Слободен печат
По повод денешните тврдења на г – динот Џабир Дерала во весникот Слободен печат во кои говори за “луксузен престој” на членовите на Државната изборна комисија во хотел Радика, 48 часа пред парламентарните избори во 2016 година, Државната изборна комисија остро ги демантира и ги отфрла ваквите наводи како тотално невистинити и тенденциозни.
Државната изборна комисија ја информира јавноста дека престојот во хотел Радика всушност беше РАБОТИЛНИЦА за постапување и решавање на поднесени приговори во пресрет на локалните избори и поттикнување на меѓуинституционална соработка која се одржа на 30 мај – 1 јуни 2017 година, со подршка на:
На оваа работилница присуствуваа претставници од повеке државни институции, невладини организации, Мисијата на ОБСЕ, Венецијанската комисија и Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС.
На истата таа работилница присуствуваше и г-динот Џабир Дерала кој добро знае дека сите трошоци за престојот беа покриени од страна на Меѓународна фондација за изборни системи – ИФЕС и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Одлука за доделување средства на ОИК со блокирани сметки за надоместоци на ИО и ОИК – Локални избори 2017
Одлука за доделување средства на ОИК со блокирани сметки за транспортни трошоци – Локални избори 2017
Одлука за исплата на надоместок за хигиена, послужување и обезбедување – Локални избори 2017
Заклучок од 173 седница на ДИК
Одлука за исплата на надоместок за спроведување на Локалните избори 2017
Правилник за определување на надоместок за спроведување на Локалните избори 2017
Заклучок за чување и архивирање на изборниот материјал – Локални избори 2017
Заклучок за завршени Локални избори 2017 година
Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017 година за општина Чаир
Извештај за неподнесување на приговор на повтореното гласање во вториот круг на Локалните избори 2017 – општина Чаир
Годишна конференција на АСЕЕЕО
Делегација на Државната изборна комисија ја претставуваше Република Македонија на 26-тата Годишна конференција на Асоцијацијата на европски изборни органи.
Конференцијата на тема „Свесни гласачи во дигиталната ера“ се одржа во Софија, Република Бугарија, од 8 до 10 ноември.
[ux_image id=”http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2017/11/Group-photo-ACEEEO-1.jpg” link=”http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2017/11/Group-photo-ACEEEO.jpg”]
Соопштение за излезност во ИМ 2901, општина Чаир
На избирачкото место 2901 во општина Чаир вкупно 719 запишани избирачи денеска можат да го остварат своето избирачко право.
До 13 часот, од вкупниот број на запишани избирачи, на гласање излегле вкупно 150, односно 20.86 %.
Решение за повторување на гласањето на ИМ2901, општина Чаир
Заклучок за конечност на резултатите од гласање во вториот изборен круг 29.10.2017 по одлуките на Управниот суд