Инклузивен пристап и мотивирање на поголемо младинското учество во сите изборни циклуси е целта на првиот „Прирачник за млади гласачи“ кој го издаде Државната изборна комисија (ДИК) во соработка Мисијата на ОБСЕ. Прирачникот претставува иницијатива за воспоставување на понепосредна и поголема двонасочна комуникација помеѓу ДИК и младите луѓе, со цел на лицата кои за прв пат гласаат да им се обезбеди полесен пристап во рамки на изборните процеси, како и соодветно информирање за нивните права, можности и законски обврски.
Главна цел на ДИК е да ги вклучи сите гласачи во изборниот процес и да ја зголеми свесноста за учеството во општествените активности – истакна потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху на онлајн настанот за промоција на „Прирачникот за млади гласачи“.
„ Голем акцент ставаме на младите луѓе и ќе бидеме особено среќни доколку секој од нив се вклучи во изборните и другите процеси на одлучување во земјата. Како институција веќе правиме напори овој Прирачник да го издадеме и во други форми кои се полесно достапни за младите луѓе. Исто така, во соработка со нашите партнери од Мисијата на ОБСЕ веќе организираме различни иницијални обуки базирани на Прирачникот со кои дополнително очекуваме да го покренеме интересот и знаењата поврзани со потребата од учество на избори, особено на младите генерации. “, посочи Шеху.
Со цел да помогнеме во зголемувањето на учеството на младите, Мисијата на ОБСЕ ги здружи силите со Државната изборна комисија и младинските организации, во изработката на „Прирачник за млади гласачи“, како и програма за подигање на свеста за важноста од учеството на младите во изборниот процес – рече Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.
„На младите би им порачал: вашиот глас е важен. На вас е да ги внесете своите идеи, вашите грижи и приоритети и вашата енергија во политиката во оваа земја. Иако постојат и други начини да се чуе вашиот глас, како на пример на социјалните мрежи, гласањето е најефективниот начин да се направат политички промени. Особено на локално ниво имате моќ да направите вистинска разлика во управувањето со вашите заедници.“ истакна амбасадорот Која на настанот.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски посочи дека младите точно знаат во каков свет и држава сакаат да живеат, што им е потребно, каде сакаат да работат, но и колку сакаат и сметаат дека треба да заработуваат.
„Токму затоа е важно младите да се вклучат и да учествуваат во носењето на одлуки, почнувајќи од користењето на своето право на глас во рамки на изборните процеси. Гласот на младите ќе биде јасна насока какви политики ќе се креираат во однос на нив и нивната иднина. На нашето општество му се потребни младите и тоа е клучното што треба да им го кажеме – потребни сте ни вклучени, активни и влијателни.“, додаде Мојсовски.
Автори на прирачникот се Бојан Кордалов – комуниколог, во својство на независен консултант, Адмир Шабани, раководител на Секторот за едукација при ДИК, како и Нина Шуловиќ – Цветковска и Јасмина Тодоровска – Митева од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Прирачникот е изработен во рамките на проектот „Поддршка на демократското управување и процесите на инклузија“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје кој се спроведува во соработка со Државната изборна комисија.
Линк до видео од онлајн промоцијата на „Прирачникот за млади гласачи“: https://www.facebook.com/drzavna.izborna.komisija/posts/2264515927017237
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Роковник за извршување на изборните дејствија за спроведување на Локалните избори 2021
Роковник за извршување на изборните дејствија за спроведување на Локалните избори 2021
Известување од ДИК до медиумите
Државната изборна комисија ги известува радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) …
Одлука за утврдување на просечно постигнатата цена и најниска цена за платено политичко рекламирање
Државната изборна комисија, согласно член 75-ѓ став (11) од Изборниот законик, ја објавува просечно постигнатата цена и најниската цена за платено политичко рекламирање…
ПОВИК ЗА ОБУЧУВАЧИ
Повик за пријавување на заинтересирани кандидати за да бидат дел од тимот за обуки на ДИК
Известување за неприфаќање на барањата за изземање од должноста во ОИК – 12.07.2021
Известување за неприфаќање на барањата за изземање од должноста во Општинските изборни комисии – 12.07.2021
Одлуки за измена и дополнување на Одлуките за формирање на ОИК 2021
Известување за јавно отварање на пристигнати понуди за јавната набавка за интегриран систем за идентификување на гласачи
Државната изборна комисија Ве известува дека Комисијата за јавна набавка надлежна за спроведување на јавната набавка на интегриран систем за идентификација на гласачите, на ден 1 јули 2021 година (четврток), ќе изврши јавно отварање на пристигнати понуди.
Јавното отварање на пристигнатите понуди ќе започне во 13:00 часот во салата за седици на Државната изборна комисија.
Одлуки за формирање на ОИК и ИКГС 2021
Соопштение од седмата седница на Државната изборна комисија
На 29 април (четврток) со почеток во 12 часот Државната изборна комисија ја одржа седмата седница, со следниот дневен ред:
Сите документи од дневниот ред беа усвоени едногласно.
Седницата беше отворена за јавноста, и истата можеше да се проследи во живо преку Јутјуб каналот на ДИК: https://youtube.com/channel/UCn5bjQrKxUgN2TCXP7ylEMQ
Снимка од оваа седница и натаму е достапна на овој канал.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Оглас број 1/2021
Оглас број 1/2021 за вработување на 4 извршители на определено време во траење до 31 декември 2021 година во ДИК
Стратешки план на ДИК за период 2021-2024 година
На 6-та седница на Државната изборна комисија, одржана на 22.04.2021 година, беше разгледан и усвоен нов Стратешки план на Државната изборна комисија за периодот 2021 – 2024 година.
Втор онлајн симпозиум за младинско учество
На 22 април 2021 година претставници на Државната изборна комисија учествуваа на Вториот онлајн симпозиум за младинско учество, насловен „Гласаат прв пат, но не и последен“.
Симпозиумот се одржа во организација на Асоцијацијата на изборни органи од Европа (АЦЕЕЕО) во соработка со Асоцијацијата на арапски изборни органи (АрабЕМБс). На настанот се обработуваа актуелни теми, како трендовите, предизвиците и добрите практики за младинско учество, комбинирајќи го меѓународниот компаративен пристап со конкретните искуства на земјите учеснички.
На симпозиумот кој опфаќаше 50-тина учесници од различни земји и региони, се обратија генералните секретари на АЦЕЕЕО и АрабЕМБс, истакнати универзитетски професори, претставници од изборните комисии од земји-членки на двете Асоцијации, како и претставничка од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Киргистан.
Соопштение од шестата седница на Државната изборна комисија
На 22 април (четврток) со почеток во 12 часот Државната изборна комисија ја одржа шестата седница на која едногласно беа усвоени записникот од петтата седница на Државна изборна комисија, Стратешкиот план на Државната изборна комисија за периодот 2021 – 2024 година и Упатството за спроведување на процедура за вршење на ex-ante контрола на примените фактури за платено политичко рекламирање од радиодифузери, печатените и електронски медиуми.
Основна цел на Стратешкиот план на Државната изборна комисија за периодот 2021 – 2024 година е да постави среднорочна, четиригодишна стратегија за унапредување на работата на ДИК преку одржување на кредибилен изборен систем, перманентно унапредување на изборниот процес и постојана поддршка на сите учесници во изборите во остварувањето на нивните избирачки права. При тоа, ДИК ќе продолжи да работи во согласност со меѓународните стандарди и добрите практики заради спроведување на квалитетни изборни процеси, да ја гарантира својата професионалност и независност, да ги јакне своите капацитети, да ја зголеми информираноста на јавноста како и да обезбеди еднаков родов пристап во сите сфери од своите надлежности.
За да го постигне ова, стратешкиот план на ДИК за 2021– 2024 година ги содржи следниве седум приоритети, кои се во согласност со мисијата, визијата и фокусот на делување на ДИК:
Упатството за спроведување на процедура за вршење на ex-ante контрола на примените фактури за платено политичко рекламирање од радиодифузери, печатените и електронски медиуми детално го уредува начинот на вршење на оваа контрола и движењето на документацијата во интерните организациони единици на ДИК.
Седницата беше отворена за јавноста, и истата можеше да се проследи во живо преку Јутјуб каналот на ДИК: https://youtube.com/channel/UCn5bjQrKxUgN2TCXP7ylEMQ
Снимка од оваа седница и натаму е достапна на овој канал.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Важен е гласот на младите – ДИК го промовираше првиот Прирачник за млади гласачи
Инклузивен пристап и мотивирање на поголемо младинското учество во сите изборни циклуси е целта на првиот „Прирачник за млади гласачи“ кој го издаде Државната изборна комисија (ДИК) во соработка Мисијата на ОБСЕ. Прирачникот претставува иницијатива за воспоставување на понепосредна и поголема двонасочна комуникација помеѓу ДИК и младите луѓе, со цел на лицата кои за прв пат гласаат да им се обезбеди полесен пристап во рамки на изборните процеси, како и соодветно информирање за нивните права, можности и законски обврски.
Главна цел на ДИК е да ги вклучи сите гласачи во изборниот процес и да ја зголеми свесноста за учеството во општествените активности – истакна потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху на онлајн настанот за промоција на „Прирачникот за млади гласачи“.
„ Голем акцент ставаме на младите луѓе и ќе бидеме особено среќни доколку секој од нив се вклучи во изборните и другите процеси на одлучување во земјата. Како институција веќе правиме напори овој Прирачник да го издадеме и во други форми кои се полесно достапни за младите луѓе. Исто така, во соработка со нашите партнери од Мисијата на ОБСЕ веќе организираме различни иницијални обуки базирани на Прирачникот со кои дополнително очекуваме да го покренеме интересот и знаењата поврзани со потребата од учество на избори, особено на младите генерации. “, посочи Шеху.
Со цел да помогнеме во зголемувањето на учеството на младите, Мисијата на ОБСЕ ги здружи силите со Државната изборна комисија и младинските организации, во изработката на „Прирачник за млади гласачи“, како и програма за подигање на свеста за важноста од учеството на младите во изборниот процес – рече Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.
„На младите би им порачал: вашиот глас е важен. На вас е да ги внесете своите идеи, вашите грижи и приоритети и вашата енергија во политиката во оваа земја. Иако постојат и други начини да се чуе вашиот глас, како на пример на социјалните мрежи, гласањето е најефективниот начин да се направат политички промени. Особено на локално ниво имате моќ да направите вистинска разлика во управувањето со вашите заедници.“ истакна амбасадорот Која на настанот.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски посочи дека младите точно знаат во каков свет и држава сакаат да живеат, што им е потребно, каде сакаат да работат, но и колку сакаат и сметаат дека треба да заработуваат.
„Токму затоа е важно младите да се вклучат и да учествуваат во носењето на одлуки, почнувајќи од користењето на своето право на глас во рамки на изборните процеси. Гласот на младите ќе биде јасна насока какви политики ќе се креираат во однос на нив и нивната иднина. На нашето општество му се потребни младите и тоа е клучното што треба да им го кажеме – потребни сте ни вклучени, активни и влијателни.“, додаде Мојсовски.
Автори на прирачникот се Бојан Кордалов – комуниколог, во својство на независен консултант, Адмир Шабани, раководител на Секторот за едукација при ДИК, како и Нина Шуловиќ – Цветковска и Јасмина Тодоровска – Митева од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Прирачникот е изработен во рамките на проектот „Поддршка на демократското управување и процесите на инклузија“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје кој се спроведува во соработка со Државната изборна комисија.
Линк до видео од онлајн промоцијата на „Прирачникот за млади гласачи“: https://www.facebook.com/drzavna.izborna.komisija/posts/2264515927017237
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Соопштение од петтата седница на Државната изборна комисија
Државната изборна комисија на ден 30 март 2021 година, ја одржа петтата седница, на која присуствуваа Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, членовите на ДИК, Радица Ристеска, Борис Кондарко, Оливер Ристовски, Бобан Стојаноски и Кренар Лога.
На седницата се расправаше по следните точки од дневниот ред:
Записникот од 4-та седница на ДИК, Стратешкиот план на Државната изборна комисија за периодот 2021 – 2024 година, Процедурата за спроведување на постапките за доделување на договори за јавни набавки и нивна реализација, Процедурата за постапување со поднесоци доставени до Државната изборна комисија, беа усвоени едногласно од Комисијата.
Документите од точките од дневниот се објавени на веб страницата на ДИК www.sec.mk додека детални информации за седницата можат да се најдат на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=3iVZUS8mgJs
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Соопштение од четвртата седница на Државната изборна комисија
Државната изборна комисија на ден 28 февруари 2021 година, ја одржа четвртата седница, на која присуствуваа Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, членовите на ДИК, Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Бобан Стојаноски и Кренар Лога.
На седницата се расправаше по следните точки од дневниот ред:
Записникот од 3-та седница на ДИК и Годишниот извештај за завршната сметка на Државната изборна комисија за 2020 година, беа усвоени едногласно од Комисијата.
Документите од точка 2 од дневниот се објавени на веб страницата на ДИК www.sec.mk додека детални информации за седницата можат да се најдат на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=TLKdRxIyr7E
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Одлука за измена и дополнување на годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2021 година на ДИК- програма 20
Одлука за измена и дополнување на годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2021 година на ДИК- програма 20
Средба на Делегацијата на Државната изборна комисија со Централната изборна комисија на Република Албанија
На 11 март 2021 година, Делегација на Државната изборна комисија, предводена од Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, а составена од членовите на ДИК, г. Кренар Лога, г. Оливер Ристовски и г. Бобан Стојановски, имаа средба со Државниот комисионер за избори на Република Албанија, г. Илирјан Целибаши.
Целта на средбата беше разменувањето на искуствата помеѓу двете институции и преземањето на конкретни чекори за соработка во иднина.
Имајќи предвид дека ДИК се наоѓа пред предизвикот за електронско идентификување на гласачите, интересот на делегацијата беше фокусиран во имплементацијата на овој проект од страна на ЦИК на Р.Албанија.
Делегацијата на ДИК беше запознаена со законските одредби поврзани со технологијата во изборите, процедурите и чекорите кои биле превземени од страна на ЦИК на Албанија за реализација на имплементацијата на Електронскиот систем на идентификација на гласачите, како и со демонстрација на функсионирањето на уредот за електронска идентификација.
Делегацијата на ДИК, покажа интерес и за наблудување на избори во Република Албанија, кои ќе се одржат на 25 април 2021 година.
Соопштение од третата седница на Државната изборна комисија
На 18.02.2021 година со почеток во 14:00 часот, Државната изборна комисија ја одржа третата седница.
На седницата се разгледаа и беа усвоени измените и дополнувањата на Актот за систематизација на ДИК.
Средба на Државната изборна комисија со министерот за внатрешни работи
Државната изборна комисија, предводена од претседателот Александар Даштевски, на 18 февруари оствари работна средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На средбата се разговараше околу измените на Изборниот законик, за воведување на отпечаток од прст во изборниот процес. Од страна на претставниците на ДИК беше побарана поддршка од МВР за достапност на одредени лични податоци на граѓаните кои ќе учествуваат во изборниот процес, во насока на спроведување беспрекорни фер и демократски избори со целосен легалитет и легитимитет на изборниот процес.
Двете страни ја потенцираа потребата од формирање заедничка работна група, која ќе ги реши сите дилеми и разлики во текот на постапката, но и нужноста од генерална стратегија за сајбер безбедност, и се согласија околу потребата од законски измени со кои би се утврдил начинот на користење на отпечатокот од прст во текот на изборниот процес.