Понеделник 07.11.2016 година е последен ден за политичките партии на власт, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови и за политичките партии во опозиција, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, до Општинските изборни комисии да достават предлози за членови на избирачки одбори и нивните заменици во Република Македонија.
Поради тоа, Општинските изборни комисии се должни да организираат дежурства за прием на предлози за членови на избирачки одбори и нивните заменици од политичките партии на власт, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови и за политичките партии во опозиција, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, а по приемот на листите електронски да ја известат Државната изборна комисија.
http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svg00katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2016-11-07 10:05:232016-11-07 10:57:18Известување до ОИК
Се известуваат Политичките партии дека Табелата „Предлози од политичка партија за членови и нивни заменици во избирачки одбори во Република Македонија“, објавена на веб страната на Државната изборна комисија, на 30.10.2016 година (недела) имаше технички грешки, поради што истата беше повлечена од веб страната.
На 04.10.2016 година повторно беше објавена корегираната табела.
Политичките партии предлозите за членови и нивни заменици во избирачки одбори во Република Македонија да ги достават во корегираната табела и во истата не мора да бидат пополнети рубриките: e-mail адреса и образование за предлог членовите и нивни заменици во избирачките одбори во Република Македонија.
http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svg00katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2016-11-07 10:00:502016-11-07 10:54:13Известување до политичките партии за предлози за избирачки одбори
Се известуваат граѓаните дека доколку при пребарувањето во Избирачкиот список, по ЕМБГ, по име и презиме или по адреса, НЕ СЕ ПРОНАЈДАТ во Избирачкиот список, да се проверат дали се наоѓаат во Листата на граѓани чии што записи во Избирачкиот список останале спорни, односно за кои има несовпаѓање на податоците, а кои согласно член 196-б од Изборниот законик не доставиле пријава до Државната изборна комисија.
Доколку се пронајдат во Листата, а за да го оставарат своето избирачко право на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат во декември 2016 година, ќе можат да се пријават при Државаната изборна комисија во текот на Јавниот увид во Избирачкиот список кој ќе трае 15 дена.
Државната изборна комисија најдоцна 10 дена од денот на распишувањето на изборите, Избирачкиот список ќе го стави на јавен увид во своите подрачни одделенија и месни канцеларии.
Граѓаните пријавувањето ќе можат да го направат согласно Упатството кое ќе го донесе Државната изборна комисија.
http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svg00katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2016-09-19 16:51:092016-11-09 17:07:43Известување за запишување во избирачкиот список
Врз основа на обврските од член 76-в став 2 и член 196-в од Изборниот законик, а во согласност со Меморандумот склучен меѓу нашите институции на 04,02.2016 година, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го доставува првиот седмичен извештај за периодот од 2 до 8 септември 2016 година.
Имајќи предвид дека според член 196-в од Изборниот законик, правилата за медиумско претставување од членовите 75, 75-а, 75-6, 75-в, 75-г, 75-д, 76-в и 76-г се применуваат 100 дена пред денот на одржување иа предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат во 2016 година, Агенцијата започна со мониторингот на 2 септември 2016 година… (повеќе)
http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svg00katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2016-09-14 15:15:012016-09-19 15:21:34Прв седмичен извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Врз основа на член 196-г и член 196-ѓ од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија” бр.40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), а во врска со Писмениот извештај за извршен надзор (мониторинг) на Првиот телевизиски програмски сервис на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЈ1ЕВИЗИЈА Скопје – Македонска телевизија – Прв програмски сервис (МРТ1) бр.10-4351/1 од 07.09.2016 година, Привремената комисија за следење на медиумско претставување, доставува:
П Р Е Д Л О Г за постапување
До Привремената комисија за следење на медиумско претставување доставен е Писмен извештај за извршен надзор (мониторинг) на Првиот телевизиски програмски сервис на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје – Македонска телевизија – Прв програмски сервис (МРТ1), бр. 10-4351/1 од 07.09.2016 година, емитуван во периодот од 2 до 5 септември 2016 година… (повеќе)
Во просториите на Државната изборна комисија денеска, 13 јули 2016 година, д-р Јасмина Димитриева одржа презентација на компаративната анализа на улогите на изборните тела во сузбивањето на изборни неправилности.
На барање на Државната изборна комисија, а во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), беше изготвен преглед на постојните практики од 12 земји од Западен Балкан и пошироко. Овој документ ќе послужи за натамошна разработка на постапките поврзани со изборни неправилности, како и за зајакнување на капацитетите на правната служба на ДИК.
http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svg00katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2016-07-13 12:46:512016-10-21 12:48:08Презентација на компаративната анализа на улогите на изборните тела во сузбивањето на изборни неправилности
Се известуваат правните лица, кои стопанисуваат со рекламните паноа и билборди а кои доставиле свои ценовници до Државната изборна комисија дека ждрепката за поделба на локациите кои се нудат за политичко рекламирање, распоредени согласно критериумите од член 78-а став 3 од Изборниот законик, ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО НЕДЕЛА, 15 МАЈ 2016 ГОДИНА.
Ви благодариме на соработката,
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР ДОБРЕ ЈАНЧЕВ
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2016/05/Соопштение-за-собирање-потписи-за-независни-кандидати-за-пратеници-слика.png1056816katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2016-04-25 19:36:452016-05-04 09:39:28Соопштение за собирање потписи за независни кандидати за пратеници
Државната изборна комисија на ден 6 април 2016 година, со почеток во 10:00 часот, ќе одржи јавна седница во која ќе се расправа по следниот дневен ред :
1. Разгледување на Извештајот за прогресот од вкрстените, теренските и административните проверки заради ажурирање на Избирачкиот список врз основа на Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список (заклучно со 05.04.2016); и
Државната изборна комисија информира дека теренските проверки на Избирачкиот список се спроведуваат во согласност со определената динамика. Над 550 анкетари во сите 80 општини на територијата на Република Македонија, почнувајќи од 28 март непрекинато работат во периодот од 8:30 до 19:00 часот. Теренските проверки во сите подрачни одделенија на Државната изборна комисија се во завршна фаза.
Државната изборна комисија во моментов е фокусирана на внес и обработка на податоците од анкетните прашалници во единствената електронска апликација. Се прават напори сите податоци да бидат на време внесени и соодветно обработени.
Државната изборна комисија истакнува дека информациите кои се појавија во определени медиуми, а кои се однесуваат на наводно намерно кочење на процесот на теренски проверки, се невистинити. Сите членови на Државната изборна комисија и нејзината Стручна служба се целосно посветени теренските проверки навремено да бидат завршени.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2016/05/logo-1-2.png90599katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2016-04-03 18:42:012016-05-05 16:19:50Соопштение до медиумите
http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svg00katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2016-03-30 11:25:052016-03-30 11:25:05Кодекс за набљудување на теренските проверки на избирачкиот список 2016 година
Државната изборна комисија известува дека засилено се одвиваат подготовките за отпочнување на теренските проверки. Завршено е печатењето на материјалите неопходни за спроведување на проверките, а во тек е процесот на нивно дистрибуирање до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.
Во исто време се одвива и едукацијата на ангажираните анкетари, која ја спроведуваат контролорите, односно вработените во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.
Веднаш по завршувањето на овие два процеса кои паралелно се одвиваат, ќе стартуваат и теренските проверки.
Во однос на информациите кои се појавија во дел од медиумите, а се однесуваат на ЦД-а со податоци од вкрстените проверки, Државната изборна комисија известува дека на барање на членови на Комисијата, а единствено во рамките на правото за добивање на тие податоци и вршењето на нивните надлежности како членови на ДИК, истите им се издадени.
Државната изборна комисија на првата наредна седница ќе расправа за можноста сите неконзистентни записи да се објават на интернет страницата на ДИК, заради транспарентност на процесот.
http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svg00katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2016-03-28 08:10:582016-03-28 08:10:58Соопштение до медиумите
Државната изборна комисија известува дека од 13 март 2016 година – недела во 24:00 часот, опцијата за пријавување на неконзистентни записи во Избирачкиот список на веб страницата на Државната изборна комисија ќе биде затворена. Ова од причина што за пристигнатите пријави е потребно време Државната изборна комисија соодветно да ги обработи, да ги спореди со податоците од вкрстените проверки и да утврди кои од пријавените случаи треба да бидат предмет на теренска проверка. Read more
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2016/03/izbiracki-spisok.png547862katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2016-03-13 16:38:512016-03-15 15:03:29Затворање на опцијата за пријавување на неконзистентни записи во Избирачкиот список преку веб страницата на ДИК
Државната изборна комисија денес оствари средба со амбасадорот на САД во Република Македонија Џеф Бејли и шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија Аиво Орав.
Амбасадорите Бејли и Орав ја нагласија поддршката кон работата на Државната изборна комисија во нејзините заложби за организирање и спроведување на фер и демократски избори.
Во текот на двочасовната средба двајцата амбасадори се интересираа за повеќе прашања кои се од доменот на надлежностите на ДИК. Меѓу нив, клучно место заземаа кадровската екипираност, финансирањето на активностите на ДИК, оперативните планови за спроведувањето на активности пред и по распишување на изборите, напредокот во процесот на имплементација на двата Правилника за методологии за водење и ажурирање, како и вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список.
Државната изборна комисија истакна дека, што се однесува до овој процес, сите 10 бази на податоци добиени од соодветните институции се веќе вчитани во серверот на ДИК. Во моментов, во тек е процесот на стандардизирање, нормализирање и валидизација на податоците од базите. Овој процес го вршат консултанти за ИТ, ангажирани од ДИК, а предложени од четирите најголеми политички партии. Нивната работа ја координира меѓународен експерт за ИТ ангажиран од ИФЕС. По комплетирањето на споменатиот процес, ќе следува изготвувањето и усвојувањето на тестови за вршење на вкрстените проверки, по што ќе отпочнат и вкрстените проверки.
Државната изборна комисија истакна дека, од нејзиното формирање па до денес, посветено и одговорно работи на остварување на своите надлежности. Сите битни одлуки и акти во досегашното работење ДИК ги донесе со консензус, а на ист начин работи и одлучува и тимот на консултанти за ИТ. Во фокусот на ДИК секогаш е избирачкото право како уставно загарантирано човеково право и во ДИК постои согласност дека целиот процес мора да се заврши квалитетно, со цел зајакнување на довербата во изборите кај сите актери во процесот.
Сите останати информации поврзани со работата на ДИК кои се појавуваат во јавноста се во доменот на шпекулации.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2016/02/sredba-so-bejli-orav-1.jpg7941200katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2016-02-17 16:16:302016-04-28 15:35:41Средба со амбасадорот на САД и шефот на делегацијата на ЕУ