Државната изборна комисија на ден 28 февруари 2021 година, ја одржа четвртата седница, на која присуствуваа Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, членовите на ДИК, Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Бобан Стојаноски и Кренар Лога.
На седницата се расправаше по следните точки од дневниот ред:
Разгледување и усвојување на записникот од 3-та седнца на ДИК;
Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за завршната сметка на Државната изборна комисија за 2020 година, и
Разно.
Записникот од 3-та седница на ДИК и Годишниот извештај за завршната сметка на Државната изборна комисија за 2020 година, беа усвоени едногласно од Комисијата.
На 11 март 2021 година, Делегација на Државната изборна комисија, предводена од Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, а составена од членовите на ДИК, г. Кренар Лога, г. Оливер Ристовски и г. Бобан Стојановски, имаа средба со Државниот комисионер за избори на Република Албанија, г. Илирјан Целибаши.
Целта на средбата беше разменувањето на искуствата помеѓу двете институции и преземањето на конкретни чекори за соработка во иднина.
Имајќи предвид дека ДИК се наоѓа пред предизвикот за електронско идентификување на гласачите, интересот на делегацијата беше фокусиран во имплементацијата на овој проект од страна на ЦИК на Р.Албанија.
Делегацијата на ДИК беше запознаена со законските одредби поврзани со технологијата во изборите, процедурите и чекорите кои биле превземени од страна на ЦИК на Албанија за реализација на имплементацијата на Електронскиот систем на идентификација на гласачите, како и со демонстрација на функсионирањето на уредот за електронска идентификација.
Делегацијата на ДИК, покажа интерес и за наблудување на избори во Република Албанија, кои ќе се одржат на 25 април 2021 година.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2016/11/Sredba-na-DIK-so-CIK-ALbanija-2.jpg449780katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2021-03-15 12:20:382021-08-17 11:14:24Средба на Делегацијата на Државната изборна комисија со Централната изборна комисија на Република Албанија
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2021-02-19 12:42:522021-08-17 11:14:32Соопштение од третата седница на Државната изборна комисија
Државната
изборна комисија, предводена од претседателот Александар Даштевски, на 18
февруари оствари работна средба со министерот за внатрешни работи Оливер
Спасовски. На средбата се разговараше околу измените на Изборниот законик, за
воведување на отпечаток од прст во изборниот процес. Од страна на
претставниците на ДИК беше побарана поддршка од МВР за достапност на одредени
лични податоци на граѓаните кои ќе учествуваат во изборниот процес, во насока
на спроведување беспрекорни фер и демократски избори со целосен легалитет и
легитимитет на изборниот процес.
Двете
страни ја потенцираа потребата од формирање заедничка работна група, која ќе ги
реши сите дилеми и разлики во текот на постапката, но и нужноста од генерална стратегија
за сајбер безбедност, и се согласија околу потребата од законски измени со кои
би се утврдил начинот на користење на отпечатокот од прст во текот на изборниот
процес.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2021-02-19 12:29:552021-08-17 11:29:51Средба на Државната изборна комисија со министерот за внатрешни работи
Државната изборна комисија на ден 10 февруари 2021 година, со почеток во
13:00 часот ја одржа втората седница, во која присуствуваа Претседателот на
ДИК, Александар Даштевски, Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, членовите
на ДИК, Радица Ристеска, Борис Кондарко, Оливер Ристовски, Бобан Стојаноски и
Кренар Лога.
На седницата се расправаше по следните
точки од дневниот ред:
Разгледување и усвојување на записникот од 1-та седнца на ДИК;
Предлог-Одлука за формирање на работна група за изготвување на ИКТ
Стратегија на Државната изборна комисија за 2021-2023 година, и
Разно.
Записникот од 1-та седница на ДИК и
Одлуката за формирање на работна група за изготвување на ИКТ Стратегија на
Државната изборна комисија за 2021-2023 година, беа усвоени едногласно од
Комисијата.
Под точката Разно, Комисијата, дискутираше за ажурирањето на
Избирачкиот список, односноза објавувањето на последна состојба на Избирачкиот
список, четри пати годишно, како обврска која произлегува од Изборниот
законик и потребата за информирање на јавноста преку кампања за проверка на
податоците во истиот.
Исто така беше дискутирано и за
барањето на ДИК до Министерството за финансии за дообезбедување на средства за
набавка на фингерпринт апарати.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2021-02-10 16:48:252021-08-17 11:30:09Соопштение од втората седница на Државната изборна комисија
Со презентација по повод 15 годишнината од формирањето на
Државната изборна комисија како професионално тело, ДИК денеска (4 февруари) го
прослави Глобалниот ден на изборите.
На прославата беа поканети и досегашните претседатели и
потпретседатели на ДИК.
Настанот го отвори претседателот на ДИК, Александар
Даштевски, кој во своето пригодно обраќање ја истакна важноста на правото на
глас како едно од основните човекови права. Тој ја потврди заложбата на ДИК да
подготвува, организира и спроведува избори според стандарди и процедури кои
обезбедуваат рамноправни услови за сите учесници во изборите и општо, еднакво,
слободно и тајно право на глас за секој гласач.
Свои изјави дадоа и поранешните претседатели на
Комисијата, Александар Новаковски и Оливер Деркоски, како и поранешниот
потпретседател Реџеп Прекопуца. Тие ја нагласија важноста на Државната изборна
комисија и нејзините надлежности, напредокот кој ДИК го постигнала во
изминатите 15 години, и изразија поддршка за проектите кои продолжува да ги
спроведува актуелниот состав на Комисијата.
Државната
изборна комисија како професионално тело
е востановена со Изборниот законик усвоен на 29 март 2006 година. Првиот
професионален состав на ДИК на чело со Јован Јосифовски како претседател е
избран на 15 април 2006 година. Актуелен е шестиот професионален состав на
Комисијата, избран на 12 јануари годинава.
Од своето формирање како професионално тело, ДИК спровела
Парламентари избори во 2006, 2008, 2011, 2014, 2016 и 2020 година,
Претседателски избори во 2009, 2014 и 2019 година, Локални избори во 2009, 2013
и 2017 година, како и Референдум на државно ниво во 2018 година.
Глобалниот ден на изборите секоја година се одбележува во
првиот четврток во февруари. На овој ден изборните комисии ширум светот
организираат тркалезни маси, дебати, работилници, средби со граѓани и сл. со
цел да ја истакнат посветеноста на заштита на правото на глас како едно од
основните човекови слободи и права.
Новиот состав Државната изборна
комисија на ден
25 јануари 2021 година, со почеток во 13:00 часот ја одржа првата седница, во
која присуствуваа Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, Потпретседателката
на ДИК, Дитмире Шеху, членовите на ДИК, Радица Ристеска, Борис Кондарко, Оливр
Ристовски, Бобан Стојаноски и Кренар Лога.
На седницата се
расправаше по следните точки од дневниот ред:
Разгледување
и усвојување на финансиски план за распределба на средства на Државна изборна
комисија за 2021 година;
Разгледување
и усвојување на Годишниот план за јавни набавки во 2021 година, по буџетска
програма 20;
Разгледување
и усвојување на Годишниот план за јавни набавки во 2021 година, по буџетска
програма 21;
Усвојување
на Годишниот план за обуки за 2021 годинa ;
и
Разно.
Сите точки од
дневниот ред беа едногласно усвоени од страна на Комисијата.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2021-01-28 17:12:222021-08-17 11:30:24Соопштение од првата седница на Државната изборна комисија
На 28 јануари 2021 година Државната изборна комисија (ДИК) беше домаќин на работната средба помеѓу ДИК и највисоки претставници на ИФЕС во Република Северна Македонија.
На оваа прва работна средба помеѓу актуелниот состав на ДИК и претставниците на ИФЕС, двете страни се согласија досегашната плодна соработка да продолжи и понатаму, во насока на зајакнување на капацитетите на изборната администрација и подготовка за претстојните локални избори.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2021-01-28 15:25:582021-08-17 11:30:30Средба на Државната изборна комисија со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС)
Денеска во салата за седници на ДИК, беше одржан првиот состанок на новиот состав на Државната изборна комисија. Новиот состав на ДИК, предводен од Претседателот, Александар Даштевски, Потпретседателката, Дитмире Шеху, членовите, Радица Ристеска, Борис Кондарко, Оливер Ристовски, Бобан Стојаноски и Кренар Лога, разговараа за работата на ДИК и за предизвиците за претстојните локални избори. Воедно, Државната изборна комисија им се заблагодарува за нивната работа во Комисијата, на претходниот Претседател на ДИК, Оливер Деркоски и членовите, Елизабета Постоловска, Јанаќе Витановски и Енвер Салихи.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2021-01-05 09:35:312021-08-17 11:30:40Заклучок за дополна на заклучокот, бр. 11-3589/1 од 17.12.2020 година, за конечност на резултати од гласањето во Општина Пласница
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2020-12-20 13:56:412021-08-17 11:30:45Заклучок за конечност на резултати од гласањето во Општина Штип на Предвремените избори за Градоначалник
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2020-12-17 18:32:242021-08-17 11:30:50Решение за поништување на гласањето на ИМ број 2266 за Штип (објава на ден 17.12.2020 год. во 18:30 часот)
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2020-12-17 18:26:512021-08-17 11:30:55Заклучок за конечност на резултати во Општина Пласница
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Beti Gjorgjieskahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgBeti Gjorgjieska2020-12-17 18:14:302021-08-17 11:31:00Заклучок за важење на Правилникот за надоместок од -Парламентарни избори 2020
http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svg00katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2020-12-14 15:53:012020-12-14 15:53:02Првични резултати од спроведените Предвремени избори за градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип
http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svg00katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2020-11-23 14:53:592020-11-23 14:54:00Описи на ИМ за Предвремени избори за градоначалник на општините Штип и Пласница 13.12.2020
http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svg00katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2020-11-20 16:56:472020-11-20 16:56:49Одлука за заклучување на Избирачкиот список за Предвремени избори за градоначалник во Општина Штип и Пласница
http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svg00katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2020-11-20 16:52:212020-11-20 16:52:23Одлука за објавување на описите на избирачките места
http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svg00katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2020-11-20 16:48:372020-11-20 16:48:38Упатство за начин на гласање на ИМ со помалку од 10 избирачи
http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svg00katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2020-11-19 18:55:122020-11-19 18:55:14Записник од извршена ждрепка за доделување на локации на рекламни паноа и билборди за Предвремените избори за градоначалник во Општина Пласница и Штип